Сибиха: Договорот за минерали е пресвртница во украинско-американските односи - Канал 5

Сибиха: Договорот за минерали е пресвртница во украинско-американските односи

Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, денеска изјави дека договорот за ретките минерали, што синоќа беше потпишан со САД „значи важна пресвртница во украинско-американското стратешко партнерство

Сибиха: Договорот за минерали е пресвртница во украинско-американските односи

Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, денеска изјави дека договорот за ретките минерали, што синоќа беше потпишан со САД „значи важна пресвртница во украинско-американското стратешко партнерство насочено кон зајакнување на украинската економија и безбедност“.

Гардијан пренесува дека Сибиха веќе разговарал со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, за агендата на Украина и ЕУ и договорот за минерали.

„Разговаравме за неодамнешните дипломатски напори и следните чекори за постигнување фер и траен мир. Исто така, разменивме најнови информации за подготовките за посетата на министрите за надворешни работи на ЕУ на Украина на 9 мај. Благодарни сме на ЕУ за нејзината солидарност и постојана поддршка“, напиша Сибиха.

САД и Украина синоќа го потпишаа договорот за американски пристап до природните ресурси на Украина, јави Министерството за финансии на САД.

Си-Ен-Ен пренесе дека САД и Украина потпишаа „договор за економско партнерство“ што ќе му даде на Вашингтон пристап до ретките минерали на Киев во замена за формирање инвестициски фонд во Украина.

„Како што рече претседателот (американскиот претседател Доналд Трамп), САД се посветени на обезбедување помош за завршување на оваа сурова и бесмислена војна (во Украина)“, изјави секретарот за финансии Скот Бесант.

Тој истакна дека договорот јасно ѝ сигнализира на Русија дека администрацијата на Трамп е посветена на мировен процес центриран на слободна, суверена и просперитетна Украина на долг рок.

„И да биде јасно - ниедна држава или лице кое ја финансирало или снабдувало руската воена машинерија нема да има право на корист од реконструкцијата на Украина“, нагласи тој.

Министерката за економија на Украина, Јулија Свириденко, го потпиша договорот во Вашингтон во име на украинската влада.

Меѓу одредбите на договорот е дека „целосната сопственост и контрола“ остануваат во рацете на Украина, напиша таа на мрежата X.

„Сите ресурси на наша територија и во меѓународни води ѝ припаѓаат на Украина. Украинската држава е таа што одредува што и каде да се вади. Подземните слоеви остануваат сопственост на Украина - ова е јасно утврдено со Договорот“, изјави таа.

Според лице запознаено со договорот, со овој потег Киев сака да ја зајакне поддршката на американскиот претседател Доналд Трамп во преговорите за прекин на огнот со Русија, според „Блумберг“.

Спогодбата ќе им даде на САД привилегиран пристап до нови инвестициски проекти за развој на природните ресурси на Украина, вклучувајќи алуминиум, графит, нафта и природен гас, соопшти агенцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Исламскиот младински форум со демант на тврдењето дека се терористичка организација

Исламскиот младински форум – Скопје ги отфрла обвинувањата во кои се поврзува со организација од Македонија што се најде на египетската листа на терористички организации. 

Исламскиот младински форум со демант на тврдењето дека се терористичка организација

Во допис насловен како јавен демант, скопското здружение најави дека ќе поведе судски постапки и ќе бара надомест на штета од оние за кои ќе се утврди одговорност за ширење невистинити и штетни тврдења.

„Нагласуваме дека споменувањето во документи на странски институции не претставува правен доказ дека станува збор за организацијата на која се однесува една таква неоснована одлука. Таквата идентификација бара официјална документација и прецизна проверка на правниот идентитет на организацијата“, се вели во демантот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ гради кула од 320 метри во Мајами (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ веќе неколку години активно се префрла од тенисот на работните места што ќе ги работи по завршувањето на неговата неверојатна кариера. 

Новак Ѓоковиќ гради кула од 320 метри во Мајами (ВИДЕО)

Србинот продолжува да им пркоси на физиката и се обидува да освои уште еден голем трофеј на 39-годишна возраст.

Од друга страна, тој е вклучен и во развојот на ATMA, нов луксузен бренд на Aman Group, кој има план да направи нешто навистина големо во Мајами.

Имено, идејата е да се комбинираат сместување, спортски објекти и програми што ќе помогнат во здравјето, закрепнувањето и долговечноста. Централната фигура на сè ќе биде облакодер во Брикел, во една од најпознатите и најлуксузните области во Мајами. Се наведува дека кулата ќе достигне висина од 320 метри, што е три пати повисоко од Белградската кула...

Ѓоковиќ и Aman Group започнаа соработка во 2024 година. Српскиот тенисер треба да учествува во планирањето на програмата и идеите што луѓето ќе ги користат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во работните активности за обнова на жичарата на Водно.

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед

- Жичарата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град. Но, при увид, беа констатирани сериозни недостатоци, последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства. Беше потребен обемен и темелен зафат, занемаруван речиси една деценија. Затоа жичарата беше ставена вон функција. За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сѐ. Тука нема компромис. Сега сме посветени на нејзината целосна реконструкција. За безбедно возење, сигурна работа и спокојство за секој посетител – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во тек се зафатите за обнова на жичарата и темелна реконструкција на кабините, а се очекува да пристигне и моторот кој е испратен на репарирање надвор од државава.

- Очекуваме за многу кратко време, веќе следниот месец, по завршувањето на работите и неопходните безбедносни проверки, жичарата повторно да ги пречека скопјани и гостите на нашиот град. Го обновуваме она што со години било запоставувано. Со одговорност, со работа и со дела. Го враќаме сјајот на Скопје рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер