ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка
1ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка
АвтомобилизамСи купиле прво Порше, зашто имале потреба од адреналин- таа им 94, тој 92 години (ФОТО)Британски пар ја одбележа својата 70-годишнина од бракот купувајќи го своето прво Порше. И тоа не било каков вид.Повеќето луѓе во деведесеттите години размислуваат за поопуштено темпо на живот. Дерек Еванс размислува за следното Порше. Доказ дека возраста е бројка, но и дека никогаш не е предоцна да ги остварите вашите соништа. 92-годишниот Дерек и неговата 94-годишна сопруга Одри ја одбележаа својата 70-годишнина од бракот на начин што не се гледа често - купувајќи го своето прво Порше. Изборот падна на Макан со бензински мотор, преземен во Борнмут на југот на Англија. Почнаа со 7, завршија со 265 КС Евансови ја започнаа својата кариера во возењето во сосема поинаква автомобилска ера. Нивниот прв автомобил беше Остин 7 со само околу 7 КС. Денес го возат Макан, кој во основната верзија развива 265 КС. Во земја каде што секое десетто продадено ново возило е електрично, тие се одлучија за класична верзија со мотор со внатрешно согорување, и тоа во Crayon сива боја. „Отсекогаш сме сакале Порше, па си помисливме - зошто да не сега?“, рече Дерек. „Постои посебна атмосфера кога поседувате Порше. Како да сте дел од посебен клуб.“ Тие не се „сиви тркачи“, но... Иако тврдат дека не се „сиви момчиња тркачи“, тие признаваат дека уживаат во чувството на моќ и удобност. Ќерката на Дерек вели со смеа дека нејзиниот татко сака да ги менува режимите на возење на воланот. „Нема 19-годишник во Дорсет чиј татко не го оставил на семафор“, се пошегува таа, а потоа продолжи. „Но, искрено, тие никогаш не живееле конвенционален живот, па кога ни кажаа дека купуваат Порше, само се смеевме.“ Адреналинот им е близок Дерек беше страствен змајџија на змај во средна возраст, а дури и денес, на 92 години, оди во теретана двапати неделно. Очигледно не му недостасува енергија. Тој неодамна позајми и 911 од локален дилер и веќе размислува за својата следна набавка. „Повторно ќе биде Porsche. Taycan. Прекрасен автомобил. Ми требаше време да се ослободам од него, но каква зделка!“, вели тој. Додека многу производители ставаат сè поголем акцент на електрификацијата, Еванс е доказ дека страста кон автомобилите нема старосна граница, но и дека не треба слепо да се следи само еден тип автомобил.Тагови: Порше Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува судењето на Ѓоко РистовВо Кривичниот суд во Скопје продолжува судскиот процес против поранешниот апелациски судија Ѓоко Ристов.Тој е обвинет за противправно стекнување и прикривање имот, како и за перење пари. Во истрагата, во домот на неговите родители во неготино беа пронајдени 350 илјади евра, скриени во ѕид. Обвинителството тврди дека ристов лично ги сокрил парите и дека не може да го докаже нивното потекло. Во досегашната постапка беа презентирани материјални докази, телефонски комуникации и сведочења. На едно од претходните рочишта сведочеше и адвокатот Фехми Стафа, кој претходно беше осуден за поткуп.Тој негираше дека му предал пари на Ристов.Обвинетиот судија ја негира вината.Случајот го води судијката Билјана Коцевска, а обвинението го застапува Искра Хаџи Василева.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банкаЛицемерието на СДС и Венко Филипче повторно излегува на површина. Денес се обидуваат да отвораат прашања и да шират загриженост за Алта банка, а кога во нивно време пропадна Еуростандард банка, ги немаше никаде.Каде беа тогаш Филипче и СДС? Каде беше нивната загриженост за граѓаните, штедачите и сите оние кои претрпеа штета од пропаѓањето на банката? Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДС и Заев, како и на повлекувањето на средствата од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката. Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра. Граѓаните знаат и за одлуките на тогашните институции и на начинот на кој беше одземена дозволата за работа на банката, без претходно да биде воведена друга форма на администрација. Затоа, денес СДС звучат премногу лицемерно. Не може СДС да глумат загриженост денес, а да се заборави начинот на владеење на СДС и прашањата кои останаа неодговорени од вчера. Банкарскиот систем не смее да биде предмет на политички манипулации, ниту пак институциите да се користат за партиски пресметки. Разликата е јасна, сега се бара одговорност и институционално постапување, а тогаш се посегнало по криминал. Двојните аршини на СДС нема да поминат. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето на Ѓоко Ристов09:15Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаСДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите париСлавески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари - зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?Славески ги уверува граѓаните дека „сè е во ред“ со Алта банка. Во меѓувреме, луѓето не можат да дојдат до своите пари. Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови, додека пак компаниите слободно префрлаат пари. Зошто гувернерот крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија? Дали останаа тука или продолжија понатаму кон Москва? Сега, кога контролата е преземена, не можат да кажат дека не знаат. Зошто се кријат податоците и дали Мицкоски и останатите членови на мафијата имаат свои сметки во Алта банка? Во Србија веќе се приведени лица поврзани со Алта банка, а против нив се поднесени кривични пријави. Кај нас сè уште се крие обемот на трансферот и се тврди дека банката е во одлична форма. Ако е така, зошто граѓаните не можат да си ги подигнат заштедите? Славески воведува мерки за заштита на криминалните пари, наместо да ги заштити штедните влогови и парите на граѓаните, особено на пензионерите кои имаат сметки во Алта банка. Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на граѓаните чии депозити се заробени. Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва дека сте во служба на граѓаните, не на оваа мафија на власт. Ќе одговарате и вие ако продолжите да ја чувате оваа банда. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter