3 За „Санте Плус “судот им ги одзеде пасошите на деветмината осомничени, а Ден Дончев не е во државата
СветСи: Џиновскиот брод на кинеско-американските односи треба да има стабилен напредок Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека Кина и САД треба да работат заедно за да постигнат „поголеми и поконкретни работи“ во корист на двете земји и на целиот свет.Си ова го изјави за време на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, по слетувањето во Бусан на 32-от економски самит на лидери на АПЕК во Гјонгџу и државната посета на Јужна Кореја. Си истакна дека Трамп е многу ентузијастичен за решавање на разни регионални жаришта и дека Кина, исто така, промовира мировни разговори за решавање на разни жаришта, објави Ксинхуа. „Бидејќи светот денес се соочува со многу тешки проблеми, Кина и САД можат заеднички да ја преземат својата одговорност како големи земји“, рече Си. Тој, исто така, рече дека Кина и САД треба да обезбедат стабилен напредок на односите меѓу двете земји, споредувајќи ги со „џиновски брод“. За време на средбата со американскиот претседател, Си рече дека од реизборот на Трамп, тие разговарале по телефон три пати, размениле неколку писма и останале во близок контакт. „Под наше заедничко водство, односите меѓу Кина и САД генерално останаа стабилни“, рече Си. Тој додаде дека пред неколку дена, на последната рунда консултации во Куала Лумпур, Малезија, економските и трговските тимови на двете земји постигнаа основен консензус за решавање на главните проблеми, што ги обезбеди потребните услови за денешната средба. Кинескиот претседател, исто така, изјави дека „двете страни не секогаш се согласуваат и нормално е двете водечки светски економии повремено да имаат трвења“. „Вие и јас ги водиме односите меѓу Кина и САД. Соочени со ветрови, бранови и предизвици, треба да останеме на вистинскиот пат, да се движиме низ сложениот пејзаж и да обезбедиме стабилно пловење на џиновскиот брод на кинеско-американските односи“, нагласи Си. Кинескиот претседател, исто така, рече дека развојот и ревитализацијата на Кина одат рака под рака со визијата на американскиот претседател Доналд Трамп да „ја направи Америка повторно голема“. Си, исто така, изјави дека двете земји се целосно способни да си помагаат едни на други за да успеат и да напредуваат заедно. „Кина и САД треба да бидат партнери и пријатели. Ова е тоа што нè научи историјата и тоа што реалноста го бара“, рече тој. Си, исто така, рече дека е подготвен да ја продолжи соработката со Трамп за да изгради солидна основа за односите меѓу Кина и САД и да создаде поволна атмосфера за развој на двете земји, според Ксинхуа.Тагови: Кина САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВетувале сигурна добивка, измамиле стотици - битолчанка и Естонец „заработија“ кривичниУплатете 500 евра на оваа страница и ќе добиете 1.000“. „Уплатете 500 евра на оваа страница и ќе добиете 1.000“. Со вакви или слични пораки, споделени во група на социјална мрежа со неколку стотици членови, како што е „Вибер“, 56-годишна битолчанка и 38-годишник од Естонија ги убедувале граѓаните да инвестираат во криптовалути, ветувајќи им високи и сигурни добивки. Ама наместо заработка, во рок од пет месеци, од декември лани до април годинава, стотици граѓани останале без вложените пари. Откако ги добивале уплатите, измамниците ги префрлале во криптовалути. Следејќи го трагoт на овие трансакции, полицијата успеала да дојде до сопственикот на т.н криптопаричник за сега да има докази и да поднесе кривични пријави за „измама“ од член 247 од Кривичниот законик против битолчанката и Естонецот. -Со ветување за наводни добивки кои никогаш не се реализирале, навеле голем број на граѓани од целата држава да вложуваат финансиски сретства на лажна интернет платформа и на тој начин им нанеле значителна финансиска штета. До секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при МВР доставени се пет пријави од оштетени граѓани кои во наведениот период биле измамени, но согласно податоците од финансиските извештаи од трансакциската сметка на првопријавената во измамата оштетени се стотина граѓани од државата, но повеќето не го пријавиле случајот. - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Во текот на истрагата која траела со месеци биле вклучени странски институции, а делото е докажано со форензичка анализа на уредите, како што се комјутери и мобилни тетефони на 56 годишната Македонка, појасуваат од МВР. Со оглед на растечкиот тренд на ваков тип измами, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика апелира до граѓаните да не веруваат во лесна и брза заработка преку интернет, каде измамници нудат инвестирање во криптовалути со ветувања за високи и сигурни приноси, притоа наведувајќи ги да уплатат пари на лажни инвестициски платформи, кои можат да изгледаат целосно легитимно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжи судењето за „Државна лотарија“За одлуката за набавка на ВЛТ апарати дознав кога постапката беше во одмината фаза и при носењето на истата не гласавме - вака денеска пред судот сведочеше Андреј Крстевски, вработен во Државна Лотарија.За одлуката за набавка на ВЛТ апарати дознав кога постапката беше во одмината фаза и при носењето на истата не гласавме - вака денеска пред судот сведочеше Андреј Крстевски, вработен во Државна Лотарија, кој се појави како сведок на обвинителството во случајот со злоупотреби во државна лотарија од речиси 10 милиони евра. Крстевски кој сега работи во кабинетот на актуелниот директор на Лотарија, а порано бил член и во управниот и надзорниот одбор, рече дека вработените не добиле детално објаснување зошто е неопходна набавката на ВЛТ апарати. -За одлуката за набавка на ВЛТ апарати дознав непосредно пред крај на постапката од лица кои беа членови во комисиите кои треба да ги спроведат постапките. Сметам дека требаше да добиеме подетално објаснување за оваа набавка. Тие никогаш не неа ставени во функција и сега се наоѓаат во некој наш магацин,- - сведок Андреј Крстевски. Според одбраната пак, иако сведокот рече дека не гласал за планот за набавка на ВЛТ апаратите, дал исказ со кој потврдил дека ВЛТ апаратите биле дел од финансискиот план на претпријатието и со тоа потврдил дека бил свесен за нивната неопходност уште од почетокот на постапката. Токму набавката на ВЛТ апарати е предмет на обвинение во случајот во кој првообвинет е ексдиректорот Перпарим Бајрами, а обвинителен предлог има и против поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште 6 лица. Следното рочиште е закажано за 6 ноември кога ќе се испитуваат последните сведоци на обвинителството, а кога се очекува да се појави и актуелниот директор на Лотарија Александар Климовски. По ова се очекува пред судот да бидат испрашувани сведоци на одбраната, а Груби веќе најави дека меѓу повиканите сведоци на одбраната ќе бидат сите поранешни членови на претходната влада на СДСМ и ДУИ, меѓу кои и поранешниот премиер Зоран Заев и претседателот на ДУИ Али Ахмети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Македонија За „Санте Плус “судот им ги одзеде пасошите на деветмината осомничени, а Ден Дончев не е во државатаДеветмината осомничени во аферата со ФЗО и очната клиника „Санте Плус“, добија мерки на претпазливост. Кривичниот суд го прифати предлогот на ОЈО ГОКК, па на осомничените им се одземени пасошите и ќе мора редовно да се јавуваат во судот. доцна синоќа бил уапсен и сопственикот на „Санте Плус“, турскиот бизнисмен Билал Кара, кој се товари за кривичното дело – перење пари. -Полициски службеници, по наредба на надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК, го лишија од слобода Б.К. за кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Кара им е добро познат на органите за прогон и во регионот, а Албанија од лани го бара и со потерница поради сомнежи за неколку кривични дела. Меѓу нив се непријавување на приходи од еден милион евра преку клиниката„International Medicare“, поранешна „Санте Плус“, како и за користење на лекови со истечен рок и нелегално внесени медицински препарати. И во „Санте Плус“ во Приштина според тамошните медиуми, биле утврдени сериозни законски прекршувања, болницата работела две години без лиценца, а имало случаи каде на пациенти наместо ботокс им се вбризгувала вода. Очната болница во Скопје, која според пријавата оштетила помеѓу 3000 и четири пациенти со тоа што наплаќала за операции и од фондот и од пациентите денеска работи под полна пареа. Екипата на Канал 5 побара одговори од менаџментот но досега не добивме. Приватната болница вчера била затворена, но денеска функционира вообичаено, внатре холот е полн со пациенти кои вршат прегледи и закажуваат операции на очите Со спорниот договор помегуи фондот и Санте Плус буџетот бил оштетен 1,7 милиони евра, а приватната болница се стекнала со противправна корист од речиси 4,5 милиони евра. Договорот е потпишан кога со фондот раководел Ден Дончев кој според извори на Канал 5, не е во земјава .. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter