3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
СветШвеѓаните почнуваат со бојкот на американските производи поради политиките на ТрампСерија движења за бојкот на американските производи се започнати како одговор на промените во американската политика, особено во врска со руската агресија против Украина и воведувањето царини за европските производи.Активистите кои се залагаат за бојкот веруваат дека тоа ќе изврши притисок врз американската администрација. Вакви движења се појавија и во Шведска, каде што беа организирани преку Фејсбук. На оваа платформа се основани групите „Boykot varer fra USA“ која има 67.000 членови и „Bojkotta varor från USA“ со повеќе од 70.000 корисници. Швеѓаните повикуваат на бојкот на производите и услугите од познатите американски брендови, како Мекдоналдс, Кока-Кола, Најк, Левис, Нетфликс, Гугл и Ербнб. Јаник Кохинур, основач на групата „Бојкотирам американска стока“, објасни дека тоа го направила затоа што не можела директно да влијае на американските избори или да протестира на американските улици, па сметала дека тоа е нејзин начин да направи разлика. На нејзината страница корисниците споделуваат препораки за алтернативи на американските производи, но некои од нив сметаат дека бојкотот е многу тежок. -Тешко е бидејќи сѐ е под влијание на Америка. Би било неопходно да се бојкотира речиси сè“, напишал еден член на групата. Друг член призна дека ја разбира иницијативата, но нагласи дека е тешко да се убедат луѓето да не купуваат американски производи, бидејќи многумина при купувањето не размислуваат за потеклото на производот. Кохинур, сепак, беше критикувана за основањето на групата на социјалната мрежа во сопственост на американскиот технолошки гигант Мета. Сепак, таа истакна дека во моментов нема подобра алтернатива, и дека луѓето ќе мора да се прилагодат кога ќе се појават нови алтернативи, пренесува Klix.ba.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураАктерката Соња Михајлова добитничка на наградата „4-ти Ноември“ за животно делоМихајлова е актерка со богат репертоар, со десетици улоги кои оставиле траен печат во македонскиот театар.По предлог на НУ Народен театар – Битола и директорот Васко Мавровски, доајенката на македонската театарска сцена, актерката Соња Михајлова, е годинешна добитничка на највисокото општинско признание „4-ти Ноември“ за животно дело, што Општина Битола традиционално го доделува за Денот на ослободувањето на градот. Михајлова е актерка со богат репертоар, со десетици улоги кои оставиле траен печат во македонскиот театар. Нејзината преданост, длабочината на интерпретација и неуморната љубов кон сцената ја врежаа не само во историјата на Битолскиот театар, туку и во колективната меморија на македонската културна јавност. Михајлова е родена на 14 октомври 1958 во Битола. По завршувањето на средното образование во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола, се запиша на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што дипломира во класата на проф. Љубиша Ѓоргиевски. Вработена е во Народниот театар од Битола од 1984 година, а се пензионира во 2022 година. Таа сѐ уште е активна на својата најсакана сцена – Битолскиот театар. Првенка е во ансамблот на НТБ, ангажирана низ годините во водечкиот репертоар на НТБ, со исклучителен придонес во афирмација на НТБ и македонскиот театар надвор од нашата земја. Во текот на актерската кариера има одиграно повеќе од 150 лика, на матичната сцена на Народен театар Битола и надвор од неа, во претстави и театарски дела. Во Образложението на НУ Народен театар Битола при поднесувањето на предлогот до Општина Битола се вели: „Со особена чест нашата институција ја предлага Соња Михајлова, пензионирана актерка и првенка на НУ Народен театар – Битола, за Наградата „4-ти Ноември“ за животно дело за 2026 година, што ја доделува Општина Битола. Во повеќедецениската кариера, Михајлова – како еден од столбовите на нашиот театар – изгради препознатлив актерски потпис: прецизна техника, суптилен емоционален актерски сензибилитет и моќна сценска естетика, сето тоа благодарение на нејзиниот професионализам, талент и креативност. На битолската сцена и на гостувањата низ земјата и во странство, каде што ја претставува културата и уметноста на нашата земја, а со тоа и мајмногу на градот Битола, таа одигра околу 150 значајни улоги во класичниот и современиот драмски репертоар само на битолската сцена, работејќи со домашни и светски режисери (САД, Русија, Холандија, Бугарија) на делата на Шекспир, Чехов, Достоевски, Горки, Лорка, Лопе де Вега, Васил Иљоски, Ристо Крле, Антон Панов, Владимир Костов, Горан Стефановски, Јордан Плевнеш, Дејан Дуковски и многу други. Од репертоарска година (2024/25), за споменување се претставите „Куфер“ и „Жиголо“ (режија: Благој Мицевски) и „Едмонд“ (режија: Оливер Мицевски), со кои таа продолжи да работи, а со тоа ид влијае врз естетиката и стандардите на македонскиот театар. Нејзиниот опус е валоризиран со истакнати признанија и награди, меѓу кои и Наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“, како и бројни награди на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, на ИФАД „Стоби“, на „Охридско лето“ и други. Паралелно со сценските остварувања, Михајлова дава пример за професионализам и менторска поддршка на помладите генерации, освојувајќи ја публиката и поттикнувајќи го развојот на македонската култура како носителка на културни вредности и обележје на театарската историја. На филмските и телевизиските гледачи им е позната од „Бушавата азбука“, „До балчак“, „Кајмак“ и други проекти. Имајќи го предвид нејзиниот остварувачки опус, нашата институција – НУ Народен театар – Битола – смета дека, поради уметничката зрелост, 42-годишната кариера во континуитет, посебните резултати и културниот и уметнички печат што го остави зад себе, Соња Михајлова е исклучително достојна лауретка на Наградата „4-ти Ноември“ за животно дело. Убедени сме дека ова признание ќе ја верификува нејзината долгогодишна посветеност и ќе го потврди значењето на нејзиниот творечки пример во нејзиниот град – на матичната битолска сцена, пред битолската публика – како составен дел од македонската и светската сцена“.Тагови: Соња Михајлова животно дело Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканИзборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во БелградВучиќ синоќа го призна изборниот пораз. Според прелиминарните резултати Студентска листа освои апсолутно мнозинство за самостојно да формира влада со 141 освоен мандат во собранието. Обединета Србија чија листа ја предводеше Вучиќ има 103 мандати. Студентското движење на Србија ги повика граѓаните вечерва повторно да дојдат на плоштадот Славија во Белград за да ја прослават историската победа на студентската листа, откако и синоќа масовно се славеше изборната победа и падот на Вучиќ. Граѓаните го демонтираа и тн. Ќациленд. Денеска тие се собраа во Пионерскиот парк спроти српското собрание. Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСрдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседитеВо меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата носителот на студентска листа Илија Срдановиќ, за хрватски Индекс.</Сега имаме голем број мандати во собранието, а меѓу тие луѓе веќе има доволно кредибилни кандидати кои можат да бидат членови на владата или премиер – рече Срдановиќ. Тој најавува подобрување на соработката и продолжување на европската интеграција на Србија, додавајќи дека првите чекори во полицијата, обвинителството и судството ќе бидат многу важни а како што нагласил за тоа ќе бидат потребни и слободни медиуми. За хрватски Индекс Срдановиќ потврдил и дека разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој му ја честитал победата со надеж за продолжување, која според Срдановиж ќе биде конкретизирана по изборот на новата влада. Челниците на ЕУ беа меѓупрвите кои ја честитаа изборната победа на студентска листа. Србија може да почне ново поглавјхе порача еврокомесарката Марта Кос.Тагови: Срдановиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook