Се уште не е познато кој го скршил носот на статуата на шведскиот фудбалер, но полицијата го испитува случајот.
Вандалите, освен носот, му го отстраниле и малиот прст, а статуата била обоена со сребрена боја.
„Сè уште немаме никакви информации, но ќе испитаме сè и веројатно ќе поднесеме извештај“, изјави портпаролката на полицијата, Катарина Русин.
Кога беше откриена, статуата беше златна , сега навивачите на Малме ја префарбаа со сребрена боја.
На отворањето на 8 октомври имаше неколку илјади луѓе, вклучувајќи го и самиот Ибрахимовиќ, а потоа Златан објави дека е косопственик на Хамарби, клуб од Стокхолм, директен ривал на Малме поради што неговите фанови не може да му простат.
Инаку, статуата требаше да биде подигната во шведската престолнина, но беше преместена во Малме затоа што покривот на подземната гаража пред ,,Арената на пријателсво “ не можела да ја издржи нејзината тежина.