Шведскиот премиер се повлече од должност, ќе се формира техничка влада

Шведскиот премиер Стефан Лофвен најави оставка една недела по гласањето за недоверба во парламентот.

На претседателот на парламентот му е дадена задача да се обиде да најде нов премиер.

Со тоа, Лофвен ја исклучи можноста за предвремени избори, кои, како што рече на прес-конференција, не се најдобри за Шведска. Му биле потребни четири месеци да формира влада по изборите во 2018 година.

На 21 јуни, шведскиот парламент му изгласа недоверба на Лофвен, давајќи му на социјалдемократскиот лидер една недела да се повлече и да се откаже од местото за новиот премиер или да распише предвремени избори.

Националистичките шведски демократи ја искористија можноста да организираат гласање за недоверба откако поранешната комунистичка партија Левица престанала да ја поддржува левичарската влада во врска со планот за олеснување на контролата на цените на кириите и новоизградените станови.

Кревката коалиција на Лофвен со Партијата на зелените во поголемиот дел од изборите во 2018 година зависела од поддршката на две мали партии на десниот центар и Партијата на левицата. Комплицираните односи во парламентот ги намалуваат шансите да се формира нова влада од постојниот состав. Новата влада, или техничката, ќе владее до општите избори закажани за септември следната година.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер