Шведски космонаут испиша историја: Од вселената контролира аватар на Земјата - Канал 5

Шведски космонаут испиша историја: Од вселената контролира аватар на Земјата

Шведскиот астронаут Маркус Ванд, на Меѓународната вселенска станица (ISS), стана првиот човек кој од вселената управувал со четириножен робот на Земјата.

Шведски космонаут испиша историја: Од вселената контролира аватар на Земјата

Овој експеримент, во кој тој контролираше два други роботи, наречен „Површински аватар“ беше организиран од Европската вселенска агенција (ESA) и Германскиот воздушно-вселенски центар (DLR).

- За време на тренингот, Маркус ни даде повратна информација за контролирање на „Површинскиот аватар“. Ова е единствена можност за повеќе астронаути да ги тестираат роботите и софтверот што ги развивме. Работата со DLR на овој проект беше одлична и сега ќе ги споделиме научените лекции - изјави Томас Кругер, раководител на Лабораторијата за интеракција човек-робот при ESA.

За да ги контролира машините од вселената, Маркус, астронаут на ЕСА моментално на мисијата Аксиом 3, користел контролер „сигма 7“. Оваа алатка нуди седум агли на контрола и има хаптичка технологија, која ѝ овозможи да почувствува кога роботската рака удира во предмет пред себе. Пред астронаутот имаше екран со пренос на она што роботот го гледа, а тој можеше да се префрли од еден на друг робот.

Ванд пред половина година ја тестираше технологијата на Земјата, во Холандија, во Европскиот центар за вселенско истражување и технологија (ESTEC).

- Иако Маркус беше запознаен со технологијата и опремата на Земјата, задачата што му беше дадена да ја изврши за време на престојот во МСС беше нешто сосема ново за него. Тоа беше идејата на експериментот, да се тестира интуитивниот интерфејс и да се види како астронаутот ќе работи со роботот - рече Томас.

Две од машините – робот-кучето Берт и хуманоидниот робот Ролин Џастин – беа развиени од DLR, додека третиот е Interactive Rover направена од ESA. Во експериментот, Ванд имал задача да пронајде двајца вонземјани и една кукла, а потоа да вметне колче во дупка додека роботите работеле заедно. Сите задачи се успешно завршени, соопшти АВРМ.

Успехот на овие тестови може да биде клучен за идното истражување на Месечината и Марс.

- Употребата на роботи во сите фази на истражување на површината на Месечината е дефинирана во стратегијата Terae Novae. Во иднина, целосно автономни роботи ќе извршуваат задачи со помош на вештачка интелигенција - изјави Ѓорѓо Магистрати, водач на тимот за проучување и технологија во ESA.

DLR соопшти дека ова е прв пат робот со четири нозе да биде управуван од вселената, но имало контрола на роботи на тркала контролирани од орбитата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп се воодушеви од победата на АфД- Мерц се налути и му го откажа телефонскиот разговор

Германската влада го одложи планираниот телефонски разговор меѓу канцеларот Фридрих Мерц и американскиот претседател Доналд Трамп за претстојната годишнина од нападите на 11 септември.

Трамп се воодушеви од победата на АфД- Мерц се налути и му го откажа телефонскиот разговор

Германската влада го одложи планираниот телефонски разговор меѓу канцеларот Фридрих Мерц и американскиот претседател Доналд Трамп за претстојната годишнина од нападите на 11 септември, изјави портпаролот на владата, додавајќи дека не е одреден нов датум за разговорот.

Портпаролот не даде причина за одложувањето.

Во вторник, Трамп ја припиша победата на крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AфД) на неделните покраински избори во Саксонија-Анхалт на германските правила за имиграција, кои ги опиша како „ужасни“.

Трамп е воодушевен од победата на AfD

„Воау! Популистичката партија во Германија штотуку имаше навистина голема ноќ“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, осврнувајќи се на неделните избори. Трамп не ја спомена конкретно AfD, но беше јасно на која партија мислеше.

AfD и нејзините поддржувачи се презаситени од „апсолутно ужасните правила за имиграција“ на Германија, рече Трамп. „ТИЕ СЕ ВО ПОГОЛЕМУВАЊЕ и повеќе нема да го толерираат тоа“, напиша тој.

Џ.Д. Венс се сретна со лидерот на АфД

Откако Трамп ја презеде функцијата во јануари 2025 година, се смета дека АфД има поблиски врски со Вашингтон од кога било досега. Копретседателката на АфД, Алис Вајдел, го опиша Трамп како пример за углед по неговото враќање во Белата куќа, а претставници на АфД отпатуваа во Вашингтон за неговата инаугурација.

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, се сретна со Вајдел на маргините на Минхенската безбедносна конференција во февруари 2025 година. На конференцијата, Венс предупреди дека исклучувањето на популистичките партии и градењето политички „заштитни ѕидови“ ризикуваат игнорирање на волјата на милиони гласачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар во близина на Карпош 4 (ВИДЕО)

Попладневно избувна голем пожар во Карпош 4 во Скопје , во близина на бунарите Лепенец. 

Голем пожар во близина на Карпош 4 (ВИДЕО)

Голем пожар избувна пред половина час во близина на бунарите Лепенец, покрај кејот на Вардар во Карпош 4.

Според видеата, се гледа голем пожар и чад што зафати сува трева и грмушки во близина на објектот на ЈП Водовод.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешна шпанска министерка: Влезот на 80.000 мигранти беше хибриден напад врз ЕУ

Поранешната шпанска министерка за надворешни работи Аранча Гонзалес Лаја изјави дека масовниот влез на околу 80.000 мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута бил „хибриден напад“ врз надворешната граница на Европската Унија.

Поранешна шпанска министерка: Влезот на 80.000 мигранти беше хибриден напад врз ЕУ

Според неа, целта била „миграцијата да се искористи како алатка“ за ослабување на Европската Унија во период кога миграцијата претставува особено чувствително општествено и политичко прашање. И покрај овие наводи, шпанскиот премиер Педро Санчез застана во одбрана на Мароко. Гонзалес Лаја оценува и дека случувањата во сеута покажуваат дека миграцијата може да се претвори во средство за политички притисок врз Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер