МакедонијаШведски институт: Со ново проширување на ЕУ, Германија, Франција и Италија би ја загубиле моќтаМакедонија со 2 милиони жители не може да биде никаква закана за капацитетите на ЕУ, оценува претседателката Сиљановска Давкова, откако шведски политички институт излезе со истражување.Македонија и земјите од Западен Балкан не се товар за капацитет на ЕУ да прими нови членки– вели претседателката Сиљановска Давкова прашана за истражувањето на шведскиот институт за европски и политички истражувања „Сиепс“ според кое приемот на нови членки би го променил соодносот на силите во Унијата. Македонија како што кажа таа има поминато многу на евроинтегративниот пат, а како доказ за тоа ги наведе позитивните извештаи на Европската Комиисија низ годините. Според неа, логично е земјите кои имаат долг стаж на преговори со Унијата да бидат најподготвени за членство и оцени дека суверено право на земјава е биде таму каде што секогаш политички, историски и културолошки припаѓала. „Ние не сме товар за апсопрциониот капацитет на ЕУ. Дури и сите заедно. Држава како Украина, а на неа ако ја додадеме ЕУ, е. Тогаш односот на силите, говориме за процесот на одлучување бидејќи во ЕУ се водат од бројот на државите, може да го смени. / Многу логично е најблиските и оние со најдолг стаж на преговори да бидат најподготвени. Да ги потсетам од ЕУ колку позитивни извештаи дадоа за Македонија, и тоа зборува не за нас, туку за нив.“ Анализата на шведскиот институт прави проценка на ефектите од три можни сценарија за проширување на ЕУ врз рамнотежата на моќта меѓу земјите членки. Првото се однесува на прием на Украина, Модлавија и Грузија, второто на земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија, а третото кога сите заедно би станале членки. Според документот, сите три сценарија ја зголемуваат важноста на помалите земји во процесот на носење на одлуки и во соодносот на силите со поголемите држави. Во таква Унија, како што се наведува, трите најнаселени земји, Германија, Франција и Италија би ја загубиле својата моќ во советот, а пост-комунистички земји би биле мнозинство во блокот. „Идните проширувања ќе го зголемат притисокот да се напушти едногласноста во Европскиот Совет, особено во делот на надворешни и безбедносни прашања. Сепак, значајни реформи за носење на одлуки во Советот ќе зависат од понудата кон помалите земји, како прилагодување на условите за да се постигне квалификувано мнозинство, вклучување на услови за супермнозинство или овозможување на поинаква интеграција.“ Токму за темата за проширувањето ќе се разговара на средината на месецов кога во земјава доаѓаат претседателот на ЕС Антонио Кошта и високата претставничка за надворешна политика на Унијата Каја Калас. Сепак, последните пораки од Брисел кои ги испрати еврокомесарката Марта Кос е дека иако фрустрациите се разбирливи, сепак никој не може да и даде гаранции на Македонија дека по евентуални уставни измени нема да следат нови блокади поради билатерални прашања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лицеНа 03.10.2026 во 19:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошните простории кај С.С. (26) во с. Мала Речица, тетовско. При претресот бил пронајден и одземен кокаин, по што лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.Тагови: кокаин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКобила за ождребила на булеварот „Илинденска“Несекојдневна глетка и случка утрово ги изненади жителите на скопски Карпош. На Илинденска се родило ждребе.Активистка која била таму изјавила дека ждребето било во лоша состојба. Во објава на ФБ скопјанката Билјана навела дека успела да го префрли ждребето на тревникот, бидејќи никој не дошол да помогне. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во врска со ождребената кобила на улицата Илинденска во Скопје, истакна дека иако тоа не е нивна обврска веднаш реагирале екипите на ЗОО - Скопје и стручните лица, а кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно, во карантин, каде што ќе ја добијат потребната нега и стручен третман.Тагови: Илинденска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНовата порака од Москва за крајот на војната: Ова се три работи што Украина мора да ги прифатиМедведев потсети дека основните параметри, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин.Трајно решение за кризата во Украина е можно само ако Киев прифати неутрален статус, се откаже од нуклеарно оружје, ја промени својата политика и признае нови региони во рамките на Русија, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност. Во интервју за иранската државна радио-телевизиска компанија, Медведев потсети дека основните параметри, кои беа претходно наведени, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин. Првиот од нив е враќањето на Украина кон принципите на неутралност и ненуклеарен статус, во согласност со декларацијата за суверенитет и правните акти од 1990-тите. Второто барање на Медведев беше украинските власти да го напуштат својот радикален политички курс и да ја укинат дискриминаторската забрана за рускиот јазик и култура. Третата точка, како што изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност, е воспоставување руска јурисдикција над Донбас и другите нови територијални субјекти што се вклучени во рускиот Устав, објави порталот Вести.ру. Тој објасни дека спроведувањето на овие задачи може да се формализира преку дипломатски канали. Медведев претходно изјави дека „на русофобните гнасотии треба да се одговори исклучиво со јазикот на военото одвраќање“, потсети порталот.Тагови: москва украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05