Шведска најави намалување на границата за кривична одговорност на 13 години - Канал 5

Шведска најави намалување на границата за кривична одговорност на 13 години

Шведската влада предложи намалување на минималната возраст за кривична одговорност за најтешките кривични дела на 13 години, така што тринаесетгодишник осуден за убиство во иднина би можел да помине една или две години во затвор за малолетници.

Шведска најави намалување на границата за кривична одговорност на 13 години

Владата претстави уште неколку построги казни за криминалци помлади од 18 години, пишува шведскиот онлајн-весник на англиски јазик „Свиден хералд“ (Sweden Herald).

Како што се наведува, и покрај острите критики, владата продолжи со предлогот за намалување на кривичната одговорност на 13 години за кривични дела за кои е пропишана минимална затворска казна од четири години, како, на пример, убиство, обид за убиство, тешко силување или тешко нарушување на јавната безбедност.

Министерот за правда Гунар Стремер на прес-конференција изјави дека Шведска се наоѓа во итна ситуација и оти мерките што се преземаат мора да го одразуваат тоа.

Како што наведува порталот, во Шведска минатата година 52 лица помлади од 15 години биле вклучени во судски постапки за убиство и планирање убиство.

- Тоа вџашува - рече министерот.

Планирано е намалувањето на старосната граница за кривична одговорност да стапи во сила на почетокот на јули и да биде валидно пет години. Потоа би требало да следува расправа за тоа прашање во парламентот.

Според Стремер, целта е во текот на тие пет години да се направат големи чекори во превенцијата на криминалот, а потоа да се разгледа враќање на границата од 15 години или трајно воспоставување на границата за кривична одговорност на 13 години.

Се наведува и дека на тринаесетгодишниците и четиринаесетгодишниците осудени на малолетнички затвор значително ќе им бидат намалени казните - на десеттина, односно петтина од казната што би ја добило возрасно лице. Тоа значи една или две години малолетнички затвор за тринаесетгодишниците или три-четири години за четиринаесетгодишниците.

Меѓутоа, судовите ќе имаат опција да изберат друга казна наместо малолетнички затвор, како што е надзор и грижа за малолетникот, особено ако казната се процени на помалку од една година по намалувањето врз основа на возраста.

Шведската затворска служба очекува до летото да има 54 места за лица од 13 до 17 години во специјалните одделенија за малолетници. Бројот на места ќе биде зголемен на 300 до 2027 година, пренесе swedenherald.com. Истовремено, постепено се укинува сегашниот затворен систем на грижа за младите во државните домови за малолетни престапници и се заменува со затвори за малолетници.

Планирано е по издржувањето на затворската казна, тринаесетгодишниците и четиринаесетгодишниците да бидат на условна казна во период од две години под надзор на социјалните служби и службите за рехабилитација и реинтеграција.

Моментно, помладите од 15 години, кои ќе сторат кривично дело, не може да бидат казнети, туку за нив се грижат социјалните служби. За помладите од 15 години, кои ќе сторат помалку сериозни кривични дела, како што се грабеж или напад, во иднина ќе биде задолжена социјалната служба - пишува „Свиден хералд“ повикувајќи се на Министерството за правда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

Вечерва од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

- Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве поканувам заедно да го исполниме Скопје со љубопитност, насмевки и енергија и да ја почувствуваме неговата креативна сила – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Само за „Бела ноќ“, работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, за дружењето и убавата атмосфера да траат подолго.

За сите полесно да бидат дел од оваа ноќ, превозот со ЈСП ќе биде бесплатен од 18:00 часот на 3 октомври до 05:00 часот на 4 октомври.

Во рамките на „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје.

Уметноста ве очекува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица и во Старата скопска чаршија.

Дел од оваа ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современа уметност.

Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале.

Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат.

Да ги наполниме улиците со живот и да создадеме уште еден убав спомен за нашето Скопје!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на мостот во изградба на улица „Љубљанска“ во Општина Карпош.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

По завршување на увидот предвидено е премиерот да даде изјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Вечерва  со почеток од 20:45 часот ќе се одржи фудбалски натпревар од Лига на нации помеѓу репрезентациите на Македонија и Шкотска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Апел до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер