Шведска: Голем пожар во водениот парк во Гетеборг, црн чад се издига над градот (фото+видео)

 Голем пожар го зафати новиот воден парк Океана во шведскиот град Гетеборг, а голем облак од црн чад се шири низ градот.

- Тоа е поголем пожар. Ние сме на местото на настанот, изјави Бјорн ван дер Каај, оператор за аларм и линија во Спасувачката служба во Гетеборг.

Чад од пожарот може да се забележи во голем дел од градот, а според очевидци се видело и како паѓаат делови од тобоганот.

Службите за итни случаи издадоа ВМА, односно Важно известување за јавноста „Менаџерот за спасување ги повикува сите во областа да одат во затворени простории и да ги затворат вратите, прозорците и вентилацијата“, се вели во пораката.

На местото на настанот повикана е и полиција.

„Во моментов ѝ помагаме на спасувачката служба во нивната работа“, вели Аугуст Брант, портпарол за полицискиот регион Запад.

Сообраќајот во околината на пожарот е привремено пренасочен. Како што информираат од СОС алармот, на местото пристигнала и Брза помош, но засега не е јасно дали има повредени.

Забавниот парк Океан, опишан како „воден свет“ требаше да ги отвори вратите на почетокот на 2024 година. Во базенот ќе има вкупно 14 водени атракции. Вкупната површина е 13.600 метри квадратни, од кои надворешниот дел е 4.000 метри квадратни, а внатрешната сала за базен е 6.000 метри квадратни.

Погледнете како изгледаше најновиот аква парк во Европа:

Дивата од модните писти слави 58 роденден: Се трудам да бидам добра

Познатата манекенка Синди Крафорд го прслави својот 58 роденден.

- Благодарна за уште еден сет роденденски свеќички - порача таа на Инстаграм.

Жената која упадна на модните писти во деведесеттите продолжува да плени со својата природна убавина. Длабоко во шестата деценија од животот без никаква пластика на себе, таа сè уште се колне во убавина.

Покрај редовните вежби, врвниот изглед го постигнува и со посебен режим на исхрана.

Избира здрава храна и признава дека се труди „80 проценти од времето да биде 80 отсто добра“.

Денот започнува со смути направено од кокосово млеко, третина од замрзната банана, шолја свеж спанаќ, 10 листови нане, една лажичка протеини и малку зрна какао. За ручек најчесто јаде салата со пилешко, а за вечера подготвува ќофтиња од мисирка со салата и зеленчук.

Извор: Аваз

Милитао би можел да се врати на фудбалските терени во март

Одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Едер Милитао е блиску до враќање во тимот.

Како што пренесе „Relevo“ Бразилецот ќе има време да закрепне навреме за четвртфиналето на Лигата на шампионите доколку мадридскиот клуб стигне до оваа фаза.

Четвртфиналето во елитното фудбалско натпреварување ќе се одржи во средината на март.

Во август 2023 година, во 1. коло од Ла Лига против Атлетик (2:0), Милитао ги скина вкрстените лигаменти на коленото.

За тренерот на Реал Мадрид со евентуалното враќање на Милитао ќе биде големо олеснување пред завршниот дел од сезоната. /МИА

Паолини го освои трофејот во Дубаи

Италијанската тенисерка Јасмине Паолини е победничка на ВТА 1000 турнирот во Дубаи, ОАЕ.

Паолини во денешното финале беше поуспешна од Русинка Ана Калинскаја во три сета. Мечот траеше 2 часа и 16 минути и заврши со резултат 4:6, 7:5, 7:5 во корист на италијанската претставничка.

Дваесет и петгодишната Русинка двапати сервираше ас, направи четири двојни грешки и реализираше шест брејк топки од осум шанси. Паолини немаше ниту еден ас, направи една двојна грешка и седум брејк топки реализира од девет можности.

Паолини го освои својот втор ВТА трофеј во сингл. Пред тоа таа стана победничка и на три турнири во двојки.

Од друга страна, Калинскаја не успеа да ја освои својата прва ВТА титула во сингл. Сепак, за време на турнирот во Дубаи, Русинката победи три претставнички на Топ 10 – Ига Швјонтек (1), Елена Остапенко (9) и Коко Гоф (3). /МИА

притисни ентер