Шварц: Не верувам во ново грчко вето во јуни

По регуларно спроведените локални избори, на Грција ќе и биде тешко да стави уште едно вето за Македонија, вели д-р Оливер Шварц, експерт за европска политика од универзитетот Дуизбург - Есен, во пресрет на објавување на извештајот на Европската комисија за Македонија.



- Регуларно спроведените локални избори за Македонија се вистинска пресвртница. Немаше забележителни истапи кои би го ставиле под прашање изборниот резултат. Во овој смисол, за Македонија сега се отвора прозорец на можности. За очекување е дека извештајот на Европската комисија ќе биде позитивен со што ќе се подобрат и амбициите - Македонија во јуни од Европскиот совет да го добие датумот за официјалниот почеток на пристапните преговори. Сметам дека со ваквиот тек на случувањата, на грчката Влада сега ќе и‘ биде тешко и натаму да става вето, позиција со која успеваше да го спречи отворањето на пристапните преговори на Унијата со Македонија, истакнува Шварц воизјава за Дојче Веле.

Во врска со мислењата дека Грција и на наредниот Европски совет нема да попушти и ќе стави вето, со што би се повторило сценариото од минатите години, Шварц вели дека таквата опција е можна, но оти сепак очекува тоа да не се случи.

- Мора да се каже дека станува збор за демократска постапка, односно и натаму важи барањето на едногласност при одлучувањето во Европскиот совет. Во овој смисол, Грција во изминатиот период го користеше своето право кое го има според договорот. Сега прашање е до кога, колку долго Грција ќе може да се повикува на ова право? Мора да се каже дека во меѓувреме, во рамките на ЕУ, се препознава јасна тенденцијата дека во интерес на Македонија е преговорите да се отворат. Ова, меѓутоа, не значи дека сега на Македонија ќе и‘ олесни и ќе и‘ биде едноставно. Сосема спротивно, ќе биде уште потешко, зашто впечаток е дека зад спорот со името властите забошотуваат многу работи. Во ситуација кога ќе се отворат пристапните преговори ова ќе биде тешко понатаму да се практикува, зашто со почетокот на скринингот, како што во декември впрочем беше побарано, ќе се стартува со поглавјата 23 и 24 - судството, основните права и слободи. Тоа се тешки поглавја со кои Македонија ќе биде обврзана да ги испорача и очекуваните резултати, коментира Шварц.

И покрај целата ситуација која е обременета со дилеми и нејаснотии, тој е оптимист.

- Уште еднаш би подвлекол дека кога е во прашање приближувањето на Македонија кон ЕУ, Грција сега е во комплицирана ситуација и не верувам дека ќе може во јуни уште еднаш да ги убеди европските партнери да употреби вето за давање датум за пристапните преговори доколку ЕК тоа јасно го побара од Европскиот совет, коментира експертот за европска политика од Универзитетот Дуизбург-Есен Шварц.

Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите

Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ.

За гласање преку пошта на претстојните европски избори на 9 јуни се пријавиле над 157.000 грчки граѓани, од кои мнозинството, односно 116.000 живеат во Грција, а останатите се од дијаспората, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ.

Гласањето преку пошта за првпат ќе се спроведе на претстојните евроизбори, а имаат право да се пријават сите грчки граѓани без разлика дали живеат во земјата или во странство.

Според податоците што ги објави АНА-МПА, интересот за новиот начин на гласање е висок кај сите старосни групи, додека пак од дијаспората се пријавиле граѓани кои живеат во 115 земји,

Грците кои живеат во странство ќе гласаат исклучиво преку поштенско гласање, додека гласачите во внатрешноста на земјата ќе можат да одберат како ќе го остварат правото на глас или на избирачките места како досега или со гласање по пошта.

Избирачкиот материјал, по пошта ќе биде испратен до гласачите на нивната адреса, кои откако ќе гласаат, ќе треба гласачките ливчиња да ги испратат најдоцна до сабота 8 јуни, односно денот пред изборите.

Ковертот со гласачкиот материјал од Министерството за внатрешни работи ќе биде испратен до гласачите најдоцна до 15 дена пред изборите и ќе содржи коверт, гласачко ливче, упатства и сл. /МИА

Премиерлигашите ќе гласаат за воведување ограничување на платите

Премиер лигата може да воведе ограничување на платата. Се очекува денес клубовите од Англиското фудбалско првенство да гласаат за промената, пренесува „Sky Sports“.

Границата нема да биде колку клубовите можат да платат кој било играч, туку колку клубот може да потроши вкупно на тимот во однос на платите, трансферите и агенциските такси.

Една опција за лимит би била 4,5 пати поголема од приходите на клубот кој е на последното место во лигата. Доколку таа граница би се одредила според сегашниот пласман, ќе изнесува 466 милиони фунти. /МИА

Гасперини: Сега Лигата на Европа е приоритетна цел за Аталанта

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини не се откажува од обезбедување место во Серија А кое носи учество во Лигата на шампионите следната сезона, но како приоритетна цел во моментов го посочи дуелот со Марсеј во Лигата на Европа.

Аталанта вчера во натпревар од 34. коло на Италијанското фудбалско првенство го совлада Емполи со 2:0.

- Ако успееме да освоиме што повеќе бодови во домашното првенство нашата позиција на табелата може значително да се промени. Но сега за нас Лига Европа ни е приоритет и мораме да бидеме внимателни, бидејќи Марсеј е силен тим. Во четврток е првиот натпревар од полуфиналната пресметка. Двата меча се важни, но првиот може да малку побитен, изјави Гасперини за „Football Italia“.

Аталанта е шеста во Серија А со 57 бодови.

Во полуфиналето на Лига Европа на 2 мај тимот од Бергамо ќе гостува на Марсеј. /МИА

притисни ентер