Швајцарка е пронајдена мртва во туристички рај, убиецот го признал злосторството - Канал 5

Швајцарка е пронајдена мртва во туристички рај, убиецот го признал злосторството

Тајландската полиција покренала обвинение против 27-годишен маж во врска со смртта на млада Швајцарка, која минатата недела била пронајдена мртва во близина на водопадот на островот Пукет.

Швајцарка е пронајдена мртва во туристички рај, убиецот го признал злосторството

Локалните власти ја идентификувале жртвата како Никол Совен-Вајскопф (57).

Полицијата ја нашла покриена со црн чаршаф со лицето надолу во водата, а во близина го нашле нејзиниот телефон, шорцеви и патики.

Тајланѓанецот Теравут Тортип на прес -конференција рекол дека ја ограбил и убил жената.

„Би сакал да му се извинам на нејзиното семејство и да ги замолам сите Тајланѓани да ми простат“, рече тој.

Тој бил приведен откако снимката од видео надзорот открила дека Тортип одел кон водопадот во исто време кога жртвата одела натаму.

Нејзината смрт доаѓа само неколку недели откако Тајланд ја започна програмата „ Phuket Sandbox “.

Според програмата, вакцинираните туристи можат да дојдат на островот без потреба од карантин, но не можат да патуваат до копното во рок од 14 дена.

Нејзината смрт ги поттикна локалните власти да ја зголемат безбедноста на островот.

Гувернерот Наронг Вунчев изјавил дека службениците ќе извршат инспекција на небезбедните области во секоја заедница и ќе ги стават под надзор.

Портпаролот на тајландскиот министер за надворешни работи, Дон Прамудвинаи, објавил на Твитер дека изразил сочувство до швајцарскиот амбасадор.

Министерството за надворешни работи на Швајцарија, пак, издаде соопштение во кое се наведува дека тајландските власти ги контактирале во врска со смртта на швајцарски државјанин, но не дале повеќе детали поради приватност.

YouTube video

Локалните медиуми јавуваат дека станува збор за швајцарска дипломатка, иако официјалните лица се уште не коментирале.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Европскиот парламент во Брисел, оствари средба со европратениците Дан Барна (Renew, Романија), Тајс Ројтен (СД, Холандија), Матеј Тонин (ЕПП, Словенија) и Карло Реслер (ЕПП, Хрватска).

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Предмет на разговорот беа актуелните состојби во македонскиот евроинтегративен процес, предизвиците со коишто се соочува политиката на проширување на Европската Унија, како и можностите за надминување на долгогодишниот застој во пристапните преговори.

Сиљановска-Давкова потсети на 21-годишниот кандидатски статус на државата и на нејзината континуирана посветеност на европската интеграција, поткрепена со значајни реформи.

Таа особено ја истакна целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, како потврда на јасната геополитичка определба и доследната поддршка на европските позиции.

Според неа, политичката волја за напредок не треба да се очекува само од земјите кандидатки, туку и од самата Унија, од која се потребни креативни решенија за надминување на долгогодишниот застој, без доведување во прашање на македонскиот национален и културен идентитет.

Соговорниците се согласија дека местото на македонската држава е во Европската Унија, каде што природно припаѓа, независно од предизвиците на патот.

За дел од европратениците, искуството на нивните држави потврдува дека пристапниот процес може да биде долг и исполнет со тешки услови, а напредокот не секогаш да биде препознаен.

Претседателката им се заблагодари за разбирањето и изрази уверување дека континуираниот дијалог и заедничкиот ангажман можат да придонесат за обновување на динамиката на проширувањето, како стратешка инвестиција во стабилноста, безбедноста и единството на Европа, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проблеми во Формула 1: Возач на Хаас е отстранет од тимот на четири трки до крајот на сезоната

Естебан Окон дефинитивно ја заврши својата епизода во тимот на Хаас. 

Проблеми во Формула 1: Возач на Хаас е отстранет од тимот на четири трки до крајот на сезоната

Францускиот возач нема да се врати за следните четири трки, а ова е резултат на големи несогласувања и дискусии што ги имал со тимот.

Ова е официјалната одлука на Хаас, потврдена од шефот на тимот, Ајао Комацу:

- Овие одлуки не се донесуваат лесно, како што беше случајот во Мексико Сити, но како и тогаш, веруваме дека ова е најдобро за тимот. Разговорите што се водеа меѓу тимот и Окон ќе останат интерно прашање и ние ќе продолжиме да ја почитуваме доверливоста и приватноста на сè што се случува зад затворени врати - рече Комацу.

Поради оваа причина, Хаас го премести Рафаел Камара, бразилски возач кој веќе се натпреварува во Формула 2, во Хаас. Бразилецот дефинитивно ќе биде возач на овој тим во 2027 година, а ќе добие шанса да дебитира во својата татковина, на легендарната патека Интерлагос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вајц ја повика Кос да помогне во надминувањето на спорот меѓу Македонија и Бугарија

Билатералните прашања не треба да го попречуваат пристапниот процес, посочи известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц на денешната седница на Комитетот за надворешни работи на европскиот Парламент. 

Вајц ја повика Кос да помогне во надминувањето на спорот меѓу Македонија и Бугарија

Тој ја повика еврокомесарката за проширување Марта Кос да вложи дипломатски напори за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, оценувајќи дека директниот дијалог меѓу двете влади е единствениот начин за излез од застојот.

Посочи и дека тоа го бара бидејќи мотивацијата за разговори меѓу Скопје и Софија не била секогаш на највисоко ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер