Швајцарија прогласи петдневна жалост по пожарот во барот, граѓаните оддаваат почит, бројот на жртви се проценува на 47 - Канал 5

Швајцарија прогласи петдневна жалост по пожарот во барот, граѓаните оддаваат почит, бројот на жртви се проценува на 47

Во студената ноќ во Кран-Монтана, стотици луѓе се собраа синоќа, положувајќи свеќи и цвеќе пред барот „Констелејшн“ во спомен на жртвите од ужасниот пожар.

Швајцарија прогласи петдневна жалост по пожарот во барот, граѓаните оддаваат почит, бројот на жртви се проценува на 47

Локалните медиуми наведуваат дека повредените се хоспитализирани во болници во Швајцарија, а некои се префрлени во здравствени установи во Милано, Париз, Лион и Штутгарт, додека истрагата и идентификацијата на жртвите продолжуваат денеска. Телата на жртвите се толку лошо изгорени што швајцарските власти велат дека може да потрае со денови за да се идентификуваат.швајцарскиот претседател Гај Пармелин го опиша пожарот од синоќа како еден од најтрагичните настани во историјата на земјата и рече дека Швајцарија има должност да не дозволи таква трагедија никогаш повеќе да се случи.

Несреќата се случила за време на новогодишните прослави, а барот „Констелејшн“ бил полн со млади луѓе, вклучувајќи туристи од други европски земји. Најмалку 22 од тешко повредените во пожарот се на возраст меѓу 16 и 26 години, според очевидци, пожарот избувнал околу 1 часот и 30 минути по полноќ кога шишиња шампањ биле фрлени кон барот со распрскувачи и ракети, предизвикувајќи експлозија која брзо го зафатила таванот и околниот простор. Пожарот брзо се проширил и зафатил цел подрум. Сведоците велат дека луѓето се обиделе да избегаат во паника, но биле заробени од тесните скали.

Сопствениците на барот „Констелејшн“ во познатиот швајцарски скијачки центар се живи, објавија француските медиуми. Станува збор за Џесика и Жак Морети, по потекло од Корзика. Според неколку француски онлајн портали, брачната двојка го презела популарниот бар во скијачкиот центар во 2015 година. покрај „Констелејшн“, тие управуваат и со друг угостителски објект во Ленс.Под нивно водство, некогаш запоставениот бар беше трансформиран во популарен ноќен клуб, едно од омилените места за излегување навечер во Кран-Монтана. Според информациите, во моментот на пожарот во барот била само Џесика Морети, 40-годишна жена, која наводно се здобила со изгореници на раката. Во пожарот, како што објавија медиумите,идентификувана е и првата жртва загина 17-годишниот Емануеле Галепини од Италија, голфер, кој живеел со своето семејство во Дубаи. Галепини, по потекло од Џенова, бил во Швајцарија со пријатели кога избувнал пожарот во раните утрински часови на 1 јануари во барот „Констелејшн“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци

Расте бројот на заболени со западнонилска треска.

Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци

Вчера беа потрдени три нови случаи, Светската здравствена организација предупредува дека јули и август се најризичните месеци за ширење на вирусот.

Во Македонија досега се регистрирани осум случаи, а најголемиот дел од заразените воопшто немаат симптоми.

Од СЗО препорачуваат: покривање на телото со облека, користење средство против комарци и отстранување на застојаната вода околу домот. Здравствените власти смируваат дека заразата не се пренесува од човек на човек

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Руска ракета паднала во Полска? Одекнала експлозија, кратер од 10 метри

Во полскиот округ Билгорај, во близина на градот Лублин, жителите слушнале силен тресок во текот на ноќта, а по пристигнувањето на местото на настанот пронашле кратер и расфрлани делови од неидентификуван објект, соопшти денеска полицијата од Лублин

Видео: Руска ракета паднала во Полска? Одекнала експлозија, кратер од 10 метри

Кратер со дијаметар од десет метри е пронајден на поле во Тарнава Колонија, која се наоѓа околу 50 километри јужно од Лублин, а на местото на настанот пристигнале полицијата, пожарникарите и воен хеликоптер, јавува Вјадемошќи.

„Утрово добивме дојава од регионалниот центар за итни повици дека се слушнала силна експлозија во округот Билгорај помеѓу градовите Тарнава Колонија и Бискупица. Дежурниот полицаец испратил полициски патроли на местото на настанот.

По 5 часа, полицајците откриле кратер и расфрлани делови од неидентификуван предмет на поле помеѓу Тарнава Колонија и Токари, приближно на два километри од зградите“, се вели во полициското соопштение.

Во соопштението се наведува дека за инцидентот биле известени воената полиција, Агенцијата за внатрешна безбедност, Службата за воена контраразузнавачка дејност и Окружното обвинителство во Лублин, како и дека на местото на настанот биле испратени полициски службеници за борба против тероризмот.

Во Лублин, кој се наоѓа на околу 80 километри од границата со Украина, сирените се огласија и во текот на ноќта, непосредно пред 4 часот наутро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Собранието последна седница за пратенички прашања

Во Собранието денеска ќе се одржи 113. пленарна седница, последна за пратенички прашања пред заминувањето на пратениците на годишен одмор.

Во Собранието последна седница за пратенички прашања

Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први им поставуваат пратениците од опозициските партии.

Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со новинарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер