ФудбалШвацарија размислува за репрезентација без двојни државјанстваОднесувањето на швајцарските фудбалски репрезентативци од албанско потекло Ѓердан Шаќири и Гранит Џака на Светкото првенство во Русија, предизвика дебата во швајцарската јавност за играчите со двојни државјанстваВо Фудбалската федерација на Швајцарија размислуваат во иднина оние кои ќе играат за репрезентацијата да мора да се откажат од другиот пасош. Швајцарските медиуми наведуваат дека Федерацијата е под притисок на јавноста и се наоѓа во ситуација да мора да дејствува. Иако во швајцарската репрезентација играат фудбалери кои потекнуваат од повеќе држави, дискусијата беше порената пред се заради однесувањето на Шаќири и Џака на Светското првенство во Русија. Генералниот секретар на Фудбалската федерација на Швајцарија, Алекс Мишер, смета дека во иднина двојните државјани не треба да играат за репрезентацијата и дека мора да се одлучат за едно од државјанствата. - Тоа е како дете од разведен брак, кое мора да одлучи меѓу мајката и таткото. Ќе биде полесно за играчите ако побрзо донесат ваква одлука, истакна Мишер. Тој додаде дека во иднина Федерацијата ќе ги поддржува само младите фудбалери кои поседуваат еден пасош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПовторна расправа за Законот за јавни набавки во СобраниетоВо Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства. Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter