МакедонијаШукова: Скопје без хартија дигитален град за ситеКандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска пред медиумите говореше за отворено и технолошки напредно Скопје преку иницијативата „Скопје без хартија дигитален град за сите“, што е дел од нејзината предизборна програма.„Мојата визија за Скопје е град што функционира транспарентно, ефикасно и современо град што им служи на граѓаните,“ истакна Шукова. Таа објасни дека концептот „Скопје без хартија“ претставува дигитална револуција во функционирањето на градската администрација, со цел секој процес да биде брз, достапен и видлив за сите. Според Шукова, дигитализацијата на јавните услуги е темел на новиот модел на управување. „Преку алатката „Отворен буџет“, граѓаните ќе имаат постојан увид во трошењето и распределбата на јавните средства. Електронските јавни набавки обезбедуваат транспарентност и одговорност во секоја постапка“, рече Шукова. Еден од клучните проекти во нејзината програма е Paperless City 2029, кој предвидува воспоставување на единствена дигитална платформа што ќе ги поврзува сите градски услуги, со овозможен пристап до документи и плаќања, до информации за граѓаните и бизнисите на едно место. Во рамките на проектот е развиена и мобилна апликација преку која граѓаните и туристите ќе добиваат информации за јавен превоз, настани и услуги во реално време, што, како што истакна Шукова, ќе придонесе за поголема поврзаност и функционалност на градот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКина испраќа порака до САД и Иран: Стоп на ескалацијатаПортпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, денес објави на својот „X“ профил дека „фактите покажуваат дека воените средства не обезбедуваат решение за конфликтот на Блискиот Исток“.Лин оцени дека произволната употреба на сила само ќе го комплицира проблемот и рече дека во критичната точка од преговорите меѓу Иран и САД, никој не треба повторно да разгорува воен конфликт. „Суверенитетот, безбедноста и територијалниот интегритет на земјите во регионот мора да се почитуваат и поддржуваат“, се вели во објавата на Лин на „X“. Тој рече дека Кина ги повикува сите релевантни страни да останат смирени, да покажат воздржаност и да престанат со секоја конфронтациска акција што може да го ескалира конфликтот. „Кина ги повикува сите страни во конфликт да преземат конкретни активности за смирување на ситуацијата, да ги решат споровите преку политички и дипломатски средства и да работат кон рано реализирање на сеопфатен и траен прекин на огнот“, рече Лин. Извор: Б92Тагови: Иран Кина САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКако уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00
АвтомобилизамОпел се „остри“ за новата Астра: Инвестира повеќе од милијарда евраОпел ќе инвестира повеќе од милијарда евра во Германија до 2030 година, објави Стелантис, со цел зајакнување на производството и развојот на нови модели на европскиот пазар.Дел од инвестицијата ќе биде насочен кон производство на моделот Астра од следната генерација во фабриката во Риселсхајм, седиштето на Опел, објави Ројтерс. Стелантис оцени дека овој потег ја потврдува долгорочната посветеност на германскиот пазар и важноста на Опел во стратегијата за развој на групацијата во Европа. Компанијата планира да лансира најмалку четири нови модели до крајот на деценијата, вклучувајќи ги наследниците на популарните модели Астра и Корса, како и нов компактен теренец развиен во соработка со кинескиот производител „Leapmotor“. Директорот на Стелантис за Европа, Емануел Капелано, изјави дека инвестицијата во новата генерација на Астра е јасна потврда за важноста на Германија како индустриска база на компанијата. Според компанијата, сегментот на компактни автомобили сочинува приближно 30 проценти од вкупниот европски пазар на возила и е еден од клучните сегменти за идниот раст на групацијата. Најавената инвестиција е дел од поширокиот бизнис план на Стелантис од 60 милијарди евра, откриен минатиот месец, кој предвидува развој на 60 нови модели до 2030 година, вклучувајќи хибридни возила и целосно електрични автомобили. Извор: Б92Тагови: опел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и топло со мала до умерена облачностСончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 степени. Во четврток претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од четврток попладне, ноќта кон петок и петок ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m2), грмежи и засилен, повремено силен ветер од северозападен правец кој наместа повремено ќе достигнува брзина од 60 km/h. Температурата во петок ќе опадне за неколку степени. За време на викендот времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и посвежо.Тагови: Сончево и топло Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook