Шубеска Стратрова: Нема инсулинска криза во Македонија

Инсулинските аналози кои се употребуваат во Македонија се со еднаков квалитет при што недостиг на еден инсулински аналог се заменува со друг инсулински аналог, но не и со хуман инсулин, што значи дека не се променува видот на инсулинот и не постои никаков медицински ризик за пациентите. Недостиг на еден инсулински аналог не претставува инсулинска криза.

Ова денеска во соопштение го посочува директорката на Клиниката за ендокринологија, проф. д-р Славица Шубеска Стратрова, која истакнува дека пациентите со дијабетес примаат најквалитетни инсулини кои се потврдени со голем број стручни и научни студии. Процентот на пациенти (80%) кои се лекуваат со инсулински аналози (кои се многу поскапи), вели таа, е многу повисок во Македонија во споредба со други побогати земји.

- Во инсулинските аптеки секогаш има доволни количини на инсулински аналози со еднаков висок квалитет со што се потврдува фактот дека нема инсулинска криза. Недостиг на еден инсулински аналог не претставува инсулинска криза. Недостиг на лек од било кој производител при постоење на истиот лек од друг производител не укажува на криза, вели Шубеска Стратрова.

Во Центарот за дијабет при Клиниката за ендокринологија, потенцира таа, пациентите добиваат потврда со која го добиваат препишаниот инсулин од инсулинската аптека.

- Ниеден пациент не се вратил на Клиниката за ендокринологија да се пожали дека не го добил препишаниот инсулин од инсулинската аптека. Тоа уште еднаш потврдува дека нема инсулинска криза. Исто така, бројот на хоспитализирани пациенти на Клиниката не е зголемен, што зборува дека нема зголемување на бројот на пациенти на кои им е потребна корекција на гликемиската регулацијата на дијабетот. Хоспиталниот дел на Клиниката има доволно количини на сите потребни инсулини, укажува Шубеска Стратрова.

Нагласува дека Клиниката апелирала за дополнителна едукација за апликација на инсулинот особено на пациентите на кои им е сменет инсулинот затоа што секој инсулин се аплицира со посебно инсулинско пенкало и со добрата едукација ќе се избегне настанување на техничка грешка при апликација на било кој инсулин.

Клиниката за ендокринологија, вели, во повеќе наврати вршеше едукација на медицинските кадри во сите Дијабетолошки центри во Македонија кои препишуваат инсулин. Исто така дијабетолошките центри покрај гликемиска контрола вршат едукација, индивидуална или групна на сите пациенти со дијабетес за правилна апликација на инсулинската терапија со сите видови на инсулински пенкала како и едукација за правилна исхрана, физичка активност, односно правилен животен стил.

- Докторот кој го препишува инсулинот го едуцира пациентот за апликација на инсулиот и за можните компликации од нестручното ракување со инсулинското пенкало. Пациентите на кои им е потребна дополнителна едукација докторот ги упатува во Одделението за едукација. Клиниката за ендокринологија повеќе од 16 години има Одделение за едукација на пациентите со дијабетес каде што се држат предавања за запознавање на пациентите со дијабетесот и негово третирање, истакнува Шубеска Стратрова.

Пациентите кои имаат потреба од доедукација за апликацијата на инсулинската терапија можат да се пријават на Клиниката на тел. 3147 264 за да се вклучат во групна едукација.

- Клиниката за ендокринологија ги прима сите пациенти со приоритетен или ургентен упат истиот ден за консултација од било каков карактер, додава директорката на таа јавна здравствена установа.

Електричниот Lotus Evija X го направи третиот најбрз круг на Нирбургринг (ВИДЕО)

Lotus Evija X, мошне модифициран и уникатен електричен хиперавтомобил, го помина германскиот Нирбургринг за само 6 минути и 24.047 секунди, а Lotus верува дека тоа може да го направи уште побрзо.

Овој пат го прави третото најбрзо возило досега што ја покривало патеката, зад само наменските тркачки автомобили.

Lotus објави многу малку технички информации за Evia X, кој е наведен како прототип во официјалната табела за рекорди во Нирбургринг.

Измените вклучуваат екстремни аеродинамични надградби и соголена внатрешност, фокусирана на перформанси.

Автомобилот наводно ги има истите батерии и електрични мотори како и патничката верзија, што значи 1500 kW/2039 КС и 1704 Nm вртежен момент.

Единствените автомобили побрзи од Evia X се Volkswagen ID.R (6:05.336 минути) и Porsche 919 Hybrid Evo (5:19.546 минути), и двата произведени од основата како тркачки автомобили.

Лотус верува дека Evija X може да постигне подобро време на Нирбургринг. Производителот известува дека возењето било забележано на влажен ден, па очекувањата биле мали. Сепак, кругот беше доволно добар, што Лотус сакаше да го сподели.

Во моментов не е јасно што планира производителот да направи следно со Evia X. Довербата на Lotus сугерира дека може да се обиде да ги подобри времињата на круговите или да се обиде да постави рекорди на кругови на различни патеки. Исто така, може да претвори уникатен автомобил во специјално издание.

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево.

„Борбата почнува од нула, како да немало прв круг“, рече Пендаровски пред крушевчани негирајќи ги обвинувањата на опозицијата дека ќе го бојкотира вториот круг од претседателските избори.

„Дали е логично да дојдам јас во Крушево, ако мислам да бојкотирам? Јас мислам со сите вас да победам! Кој сака нека бојкотира, ниту сум бојкотирал 2014-та, ни 2019-та, ни 2016-та, ни оваа 2024-та нема да бојкотирам. Тие нека му ја мислат за крајниот резултат. Ние сите го знаеме и наместо бојкот ние ќе прославуваме’, истакна Пендаровски денеска во Крушево,соопшти неговиот тим.

Костадиновска-Стојчевска: „Правината се танчи, ама не се кинит“ - нов мурал во Прилеп

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска на промоцијата на новиот мурал на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска на промоцијата на новиот мурал на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, порача дека младите преку уметноста оддаваат почит кон личностите кои имаат непроценливо значење за нашиот идентитет, култура и историја.

− „Цртај на македонски“ со креативни уметнички идеи го заштитува и го промовира македонскиот јазик. Насликан е уште еден мурал преку кој младите уметници оддаваат почит кон личностите со непроценливо значење за нашиот идентитет, култура и историја − рече Костадиновска-Стојчевска, која додаде дека во изминатите три години младите со своите креативни идеи на автентичен начин ги популаризираат македонскиот јазик и нашата уникатна народна мудрост.

Муралот е дел од конкурсот на Министерството за култура, „Цртај на македонски“, а го изработи визуелната уметница Ивана Самандова, во организација на „Факултет за работи што не се учат – ФРУ“. Муралот, на кој е насликан цитатот „Правината се танчи, ама не се кинит“ од македонскиот културен деец, собирач на умотворби и фолклорист Марко Цепенков, е дел од поддржаниот проект на Самандова, „Јазикот коски нема, ама коски кршит“.

– Преку конкурсот „Цртај на македонски“ во изминатите три години ги поттикнавме младите на креативност. Отворивме нови можности за поддршка и презентација на нивниот талент – рече министерката за култура и додаде дека за три години преку овој конкурс се доделени пет милиони денари за реализација на над 60 дела.

„Министерството за култура останува посветено кон младите автори за чие творештво секогаш имаме посебна почит и обврска да го прикажеме на публиката“, истакна Костадиновска-Стојчевска денеска на промоцијата на новиот мурал на предната фасада на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, соопшти Министерството за култура.

притисни ентер