Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
СветШтрајкуваат 300.000 Финци- не работат продавниците, градинките, фабриките...Скоро 300.000 фински работници денеска започнаа дводневен штрајк во знак на протест против планираните реформи на десничарската влада на пазарот на трудот и предложените кратења на социјалниот систем.Компаниите и синдикатите рекоа дека штрајковите се очекува да заглават голем дел од финскиот воздушен сообраќај денес и утре, да влијаат на производството на рафинериите за нафта и да затворат многу продавници, фабрики и градинки. „Планот на владата е непромислен. Прво, правото на штрајк ќе биде строго ограничено, а потоа ќе бидат спроведени остри намалувања“, изјави Јарко Елоранта, претседател на најголемата финска синдикална асоцијација САК. Во последниве месеци, синдикатите протестираа против владините планови да ги ограничи политичките штрајкови и да го олесни раскинувањето на договорите за работа. Синдикатите рекоа дека се подготвени за долга борба доколку е потребно, заканувајќи се со дополнителни штрајкови доколку владата не отстапи. Сепак, владата, која ја презеде функцијата минатата година, инсистира на тоа дека Финска мора да ја зголеми продуктивноста и да го намали фискалниот долг. Главното индустриско лоби на ЕК и владата ги критикуваа штрајковите, велејќи дека се потребни реформи за да се донесе финската економија на исто ниво со земјите од регионот, како што е соседна Шведска. „Реформите се неопходни, а синдикатите не понудија никаква алтернатива за да се поправи нашата алармантна економска ситуација“, рече извршниот директор на лобито на ЕК Јири Хакамиес. Работниците кои штрајкуваат сочинуваат околу 13 отсто од 2,29 милиони луѓе вработени во Финска, според официјалната статистика од 2023 година. Финската национална авиокомпанија Finnair во понеделникот објави дека ќе откаже околу 550 летови поради штрајкот, додека филијалата на рафинеријата за гориво на Nestea во градот Porvoo ќе испорачува помалку бензин, околу една недела. Чадорот на синдикатот на високообразовани работници Акава ја повика владата да не ја напушта финската традиција на преговарање. „По оваа политичка акција, владата сега е принудена да размисли дали синдикатите ќе мора да го продолжат штрајкот и до каде можат да се прошират“, рече портпаролот на Акава, Јирки Кемпаинен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Ова е сликата на македонското здравство со Мицкоски и Клековски„Ова е сликата на македонското здравство денеска со Христијан Мицкоски и Сашо Клековски.“„Клиничката болница во Штип. Поплавена соба, распаднат таван. Вака денеска се лекуваат пациентите. Во вакви услови работат лекарите. Нема доволно зборови за оваа катастрофа. За криминални тендери има пари, а за здравството нема. Кој ќе одговара? Или повторно некој друг ви е виновен?“, објави на ФБ претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ го осудува сквернавењето на македонското знаме и бара одговорностСДСМ го осудува сквернавењето на македонското државно знаме во Гостивар, бараме МВР веднаш да го расчисти случајот, да ги идентификува сторителите и да има одговорност согласно законот.Сквернавењето на државното знаме е навреда за сите граѓани и чин против државата што мора да се санкционира. Поделбите во општеството коишто ги создава криминалната власт на ВМРО и ЗНАМ, заради свои партиски интереси, постојано создаваат проблеми и генерираат кризи. Но, граѓаните ги прочитаа намерите на власта и нема да дозволат тензии, ќе продолжат да ја градат Македонија како мултиетничка земја со взаемна почит. Држава. Не банда! Не предавници! Не арамии!, се наведува во партиското сопоштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаДвајца Турци сакале да ја напуштат Македонија со фалсификувани бугарски пасоши- уапсени сеНа 28.11.2026 околу 08:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишија од слобода Б.З.(36) и 14-годишник, двајцата од Турција. При гранична и пасошка контрола било констатирано дека на увид приложиле бугарски патни исправи и лични карти за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Имено, при проверка во евиденцијата било утврдено дека ден претходно тие оствариле влез во државата на ГП Меѓународен аеродром Скопје со уредни турски патни исправи, а за излез се пријавиле со бугарски документи за кои постои сомнени дека се фалсификувани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter