Што значи резултатот од вчерашните избори за Трамп?

Заврши ерата на унифицирано владеење на Доналд Трамп и републиканците. 

Иако синиот бран, како што го навестија соперничките демократи не се случи, сепак тие успеаја да ја вратат контролата врз еден од двата дома на Конгресот. Тие ја минаа неопходната бариера од 218 места во Претставничкиот дом, прв пат по осум години и со тоа најавија беспоштедна битка против политиката на Трамп, која во изминативе две години, беше речиси недопирлива. Тоа индиректно го најави првата демократка во Конгресот, Ненси Пелоси, која се очекува да го преземе водењето на Претставничкиот дом и да стане најмоќната политичарка во земјата.

-Утре е нов ден за Америка. Денеска е многу повеќе од демократи и републиканци, од денеска се враќа уставната рамнотежа на администрацијата на Трамп, изјави Ненси Пелоси, лидер на демократите во Претставничкиот дом.

Републиканците успеаја да го задржат Горниот дом на Конгресот, односно Сенатот, што на Трамп и натаму му даваат можност да носи извршни одлуки и да назначува судии. За се друго, тој ќе мора да бара амин од демократите, што го отвора прашањето – колку по неговата изолациска политика, тие ќе бидат расположени за компромис.

-Тие ќе имаат контрола на федералниот буџет, ќе можат да ги блокираат законодавните планови на Трамп, како финансирањето на ѕидот со Мексико. Тие ќе можат да покренуваат истраги за даночните пријави на Трамп и за потенцијален судри на интереси. На светска сцена, ќе се спротивстават на цврстите економски политики и светските предизвици, како Саудиска Арабија и Северна Кореја, изјави Аласдаир Сенфорд, аналитичар.

Но, Трамп не го допира новата реалност. Тој на Твитер прогласи голема победа, а себе си се издигна на највисокото место на заслуги.

-Само 5 пати во последниве 105 години актуелниот претседател освоил места во Сенатот на овие избори. Господинот Трамп има некоја магија во себе. Републиканците се неверојатно среќни што го имаат и јас сум зачуден колку добро поминаа тие, напиша Трамп на Твитер.

Конгресните избори, без апсолутен победник, кои судејќи според се, нема да донесат тектонски промени, сепак донесоа триумф на различноста. Во Конгресот овој пат влегуваат рекорден број жени, најмалку 93. Меѓу нив, две муслиманки, две домородни Американки и неколку Латиноамериканки. Колорадо избра гувернер кој отворено се изјасни дека е хомосексуалец.

Северозападна Индија ја зафати топлотен бран, температурата во Њу Делхи достигна 47,1 степен

Топлотен бран зафати делови од северозападна Индија, а главниот град Њу Делхи е ставен во состојба на готовност поради опасно топло време.

Температурата во Њу Делхи достигна 47,1 степен Целзиусов, а блиските држави Пенџаб, Харајана и Раџастан исто така забележаа пораст на температурата што се очекува да се задржи во следните неколку дена.

Индискиот метеоролошки оддел ги предупреди луѓето да не излегуваат на Сонце во попладневните часови, да пијат многу вода и да носат соодветна облека. На ранливите лица, особено на постарите, им е препорачано да не излегуваат надвор.

Во април, мај и јуни секогаш има високи температури во поголемиот дел од Индија, но жештините станаа поинтензивни во текот на изминатата деценија./МИА

Усик стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век

Украинскиот боксер Олександар Усик го победи Британецот Тајсон Фјури во главната борба на боксерската вечер во Ријад и ја освои титулата апсолутен светски шампион во тешка категорија. 

Борбата траеше сите 12 рунди. Судиите со поделена одлука му ја доделија победата на Украинецот - 115:112, 113:114, 114:113.

Триесет и седумгодишниот Усик стана првиот неприкосновен светски шампион во тешка категорија по Ленокс Луис (41-2) во 2000 година и прв во ерата со четири појаси.

Претходно, во ерата на три појаси, само Ивандер Холифилд (44-10) беше апсолутен светски шампион во тешка категорија.

Сега украинскиот боксер има шест појаси: четири големи: ВБА (Супер), ВБЦ, ИБФ, ВБО и два помали: ИБО и Ринг.

За 35-годишниот Фјури ова беше прв пораз во кариерата. Пред оваа борба тој забележа 34 победи и една борба со негово учество заврши нерешено.

Усик сега има 22 победи во 22 борби./МИА

ИДФ ги повика Палестинците да ги евакуираат крајбрежните населби во северниот дел на Газа

Израелската армија ги повика Палестинците во крајбрежните населби во северниот дел на Газа да ја евакуираат областа додека ја продолжува операцијата во Џабалија.

Портпаролот на Израелските безбедносни сили (ИДФ) на арапски јазик, Авичај Адри, објави список на нови зони што треба да се евакуираат, а на палестинските цивили им беше кажано да се преселат во засолништа западно од градот Газа, пишува „Tајмс оф Израел“.

Минатиот викенд, ИДФ издаде предупредување за евакуација на градот Џабалија, пред да биде извршен нападот.

Оттогаш, армијата двапати ја прошири зоната за евакуација, а најновата најава ги вклучува областите Ал-Ататра и Ал-Карам во Појасот Газа. /МИА

притисни ентер