Што се случува со телото ако некој престане да го зема Оземпик: Овие симптоми се страшни - Канал 5

Што се случува со телото ако некој престане да го зема Оземпик: Овие симптоми се страшни

Се зборува многу за тоа како Оземпик влијае на телото, но што се случува кога ќе престанете да го земате?

Што се случува со телото ако некој престане да го зема Оземпик: Овие симптоми се страшни

Иако е создаден како лек за лица со дијабетес тип 2, Оземпик (познат и како семаглутид) стана популарен ширум светот како „чудотворна“ терапија за слабеење. Тој го имитира хормонот GLP-1, кој ја регулира гладта и нивото на шеќер во крвта, овозможувајќи на дијабетичарите подобро регулирање на инсулинот.

Но, поради тоа што го намалува апетитот, лекот сѐ почесто се користи од лица кои сакаат да ослабат – иако официјално е одобрен само за лекување на дијабетес во британскиот NHS.

Поради зголемената побарувачка за Оземпик и слични лекови како „Wegovy“ и Mounjaro, сѐ повеќе луѓе се прашуваат како овие лекови влијаат врз организмот – особено кога ќе се прекине нивното земање.

Многу славни личности веќе ги споделија своите искуства, а една симулација од Zack D Films дури покажува и непријатни појави како дијареа.

Можеби ве интересира: Лек за слабеење кој ја зголемува плодноста кај жената

Но, што навистина се случува кога ќе престанете со Оземпик?

Како што и се очекува, ефектите што ги има лекот – престануваат. За оние кои имале мачнини, тоа е олеснување. Но, за оние со голема желба за шеќер – лоша вест.

Најчести последици од прекинување на терапијата:

Повторно зголемување на тежината

Слабеењето со Оземпик се должи на намален апетит, па неговиот прекин често доведува до враќање на старите навики. Истражување од 2022 година покажува дека две третини од пациентите вратиле и до две третини од изгубената тежина по престанување со лекот.

Губење на кардиометаболни придобивки

Оземпик го подобрува притисокот, холестеролот и нивото на шеќер во крвта. Но, според истото истражување, овие придобивки се губат во рок од 12 месеци по прекинот.

Гастроинтестинални промени

Оние кои страдале од мачнини може да почувствуваат олеснување. Но, кај некои може да се јави дигестивна нелагодност додека телото се прилагодува на побрзо варење.

Психолошки ефекти

Повратокот на тежината и апетитот може да предизвика стрес и анксиозност, особено кај луѓе кои се надеваат на трајни резултати.

Најважно: Оземпик не е „магичен“ лек. За трајни резултати, потребни се промени во исхраната и редовна физичка активност, пренесува Лед Бајбл.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Во Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства.

Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер