ЗдравјеЛек за слабеење кој ја зголемува плодноста кај женатаЛекот за дијабетес „Оземпик“ (Ozempik), којшто многу жени го користат и за губење килограми, има уште еден „неочекуван ефект“ - бременост, објави „Пипл“ (People).Дека сè ова не е случајност, се чини, укажува тоа што на интернет сè почесто се појавуваат приказни за жени кои забремениле поради „Оземпик“... Се покажа дека тој лек некако „ги неутрализира“ контрацептивните средства коишто корисничката ги зема во истовреме... А пак, други си се сметале за неплодни, па бременоста ги изненадила. Така, една жена раскажува дека не можела да забремени неколку години, па со партнерот им успеало откако таа два месеци редовно земала „Оземпик“ заради слабеење. И, родила здраво дете. Се испостави дека самото губењето тежина, всушност, влијае врз плодноста и општото хормонално ниво. - Дури и ако се работи за само неколку килограми, тоа веќе може да доведе до продолжување на овулацијата кај жената и таа ќе може да забремени. Нашите масни клетки произведуваат естроген, којшто може да има негативен ефект врз нашите јајници и овулацијата. Тоа може негативно да влијае и на слузницата на ендометриумот, вели акушер-гинекологот Иман Салех. Покрај тоа, „Оземпик“ со својата формула го намалува и ефектот на контрацептивни лекови, што бара дополнително внимавање додека се зема овој лек. Сепак, лекарите забрануваат земање на лекот само заради бременост - тоа е премногу опасно и за мајката, а потоа и за детето. „Испитувањата на стаорци, зајаци и мајмуни покажуваат дека лековите за слабеење може да предизвикаат и спонтан абортус и вродени деформитети ако се земаат за време на бременоста. Сè уште нема студии за луѓе. Жената, исто така, треба да престане да зема лек за слабеење најмалку две недели пред бременоста“, препорачува компанијата-производител на лекови, „Ново Нордиск“. Опасностите се, сепак, преголеми за да се експериментира на себе, според лекарите. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЗлатан потрошил девет милиони евра на црква: ѝ ја подарил на својата мајкаЕден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Швеѓанецот со потекло од Балканот, Златан Ибрахимовиќ во текот на својата кариера, стекна огромно богатство и се здоби со статус на една од најголемите фудбалски ѕвезди.Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Швеѓанецот со потекло од Балканот, Златан Ибрахимовиќ во текот на својата кариера, стекна огромно богатство и се здоби со статус на една од најголемите фудбалски ѕвезди, сепак, како што често се истакнува, тој никогаш не го заборави своето тешко детство, ниту семејството кое се соочи со бројни животни предизвици. Неговата мајка, Јурка Гравиќ, зазема посебно место во неговиот живот. Според медиумските извештаи, Златан ѝ подарил нешто навистина извонредно на својата мајка – ѝ купил црква во Шведска, чија вредност изнесува 9,24 милиони евра. Покрај црквата, тој ѝ купил стан на мајка си во Новаља, а обезбедил и луксузен имот за својата сестра, Санела. Овие гестови често се наведуваат како доказ за неговата посветеност кон семејството, кое – и покрај неговата светска слава и успех – останало негов најголем приоритет. Зад животот што го води Златан денес, стои тешка семејна историја. Неговата мајка, Јурка – која потекнува од селото Пркос во околината на Задар во Хрватска – заминала за Германија на само 17-годишна возраст, во потрага по подобар живот. Како што своевремено раскажа нејзиниот брат, Гојко Гравиќ, таа токму таму ги добила ќерките Моника и Виолета, со својот прв сопруг. Откако тој брак завршил, таа се омажила за таткото на Златан, Шефик Ибрахимовиќ – познат како „Кинко“ – фолк-пејач од Бијелина. Тие добиле две деца, Златан и Санела, но семејството подоцна се соочило со бројни тешкотии. По вториот развод, Јурка живеела со своите деца во Малме, каде што животот бил сè, само не лесен. Златан во неколку наврати зборувал за своето растење во сиромаштија, истакнувајќи дека токму тие искуства го научиле да го цени она што го има денес. „Растев во сиромаштија, но тоа ме научи да го ценам она што го имам денес. Семејството за мене отсекогаш било на прво место“, изјавил фудбалерот. Денес, Ибрахимовиќ поседува бројни недвижнини, вклучително и вила во Калифорнија – проценета на околу 1,5 милиони евра – која располага со тениски терен и базен. Во приватниот живот, тој ужива во времето поминато со својата сопруга Хелена, која е 11 години постара од него. Исто така, не е многу познато дека неговиот татко, Шефик Ибрахимовиќ, бил фолк-пејач кој настапувал низ цела поранешна Југославија. Тој дури му посветил и песна на својот син, насловена „Злато, Златане“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПовторна расправа за Законот за јавни набавки во СобраниетоВо Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства. Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook