Што се случува со нашето тело кога постојано јадеме благо? - Канал 5

Што се случува со нашето тело кога постојано јадеме благо?

Знаете го оној момент кога едноставно ви треба нешто благо? Не сте гладни, но телото и мозокот бараат било што! Следниот пат размислете – што е тоа што навистина ви е потребно?

Што се случува со нашето тело кога постојано јадеме благо?

Можеби сте уморни, можеби под стрес, а можеби само ви е здодевно, па ви треба токму тоа парче чоколадо, кекс, сладолед – нешто „што ќе нè дигне“. И пред да стигнете да размислите, чоколадото веќе е на јазикот, а телото во состојба на краткотрајно олеснување.

Во тој момент чувствуваме како ни се враќа енергијата, мислите стануваат појасни, расположението се подобрува. Но она што се случува зад кулисите не се чувствува веднаш.

Телото штотуку примило брза доза на гликоза – шеќер што влегува во крвта и ја крева енергијата. Но кога инсулинот, нашиот внатрешен „регулатор на шеќерот“, ќе сфати што се случува, веднаш почнува да го симнува нивото на шеќер – често и премногу. Тој пад нè остава исцрпени, раздразливи, па дури и тажни. А што правиме тогаш? Повторно посегнуваме по нешто благо. Звучи познато?

Тој циклус – шеќер, па пад, па пак шеќер – брзо прераснува во навика. Но она што е уште поважно е дека шеќерот влијае и на мозокот. Поттикнува лачење на допамин – хормонот на наградата – поради што се чувствуваме задоволно, смирено, дури и „наградени“. Проблемот е што мозокот со време бара сè повеќе за да го постигне истиот ефект.

Покрај тоа што енергетски нè фрла во маѓепсан круг, преголемата количина шеќер влијае и на внатрешниот осет за глад и ситост. Хормоните што инаку прецизно регулираат кога ни е доста храна, го губат компасот. Резултат? Имаме чувство дека никогаш не сме сити, дека постојано нешто „грицкаме“, и често јадеме без вистинска потреба. Долгорочно, тоа го нарушува метаболизмот, но и односот кон храната.

А потоа тука е и спиењето. Колку пати сте имале проблем со спиењето по вечерна порција благо? Несоница, немирен сон, будење среде ноќ – не е случајно. Шеќерот го крева нивото на кортизол – хормонот на стресот – токму кога телото треба да влезе во фаза на одмор. Недостатокот на сон, пак, наредниот ден ја зголемува желбата за благо. И еве нè пак во круг.

Психолошките ефекти често се потценуваат, но се сè почести. Вишокот шеќер се поврзува со чести промени на расположението, напади на анксиозност, ментална „магла“ и намалена концентрација. Накратко, се чувствувате како да сте постојано под некој невидлив ќебе на тежина и непријатност.

Но добрата вест е – не мора да го извадите секој кекс од дома. Решението не е во строги забрани, туку во рамнотежа и свесност. На пример, да се изеде нешто благо по оброк, кога нивото на шеќер е постабилно, или дел од шеќерот да се замени со овошје, темно чоколадо, цимет. Често ни треба не благо, туку кратка пауза, чаша вода, прошетка, разговор или само момент мир, пренесува Б92.

Значи, следниот пат кога мозокот ќе ви нашепне „дај нешто благо“, запрашајте се – што навистина ми треба?

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше пристапот на ЕУ кон преговорите за пристапување на Украина во интервју за германскиот „Велт“.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Рама зборуваше за процесот на пристапување на Западен Балкан. Тој истакна дека од Источна Германија не се барало да ги исполни барањата од сите 33 преговарачки поглавја во 1989 година.

Рама рече дека ЕУ веројатно ќе бара уште поголеми напори од земјите од Западен Балкан, но дека тие сепак сакаат да бидат нејзин дел.

„Украина е земја која е измамена“, рече Рама.

Рама додаде дека Украина никогаш нема да биде примена преку стандардниот процес на пристапување, со исполнување на сите критериуми, и дека сите се свесни за ова.

Тој рече дека реално решение би било Украина веднаш да се приклучи на преговорите и да добие полноправно членство врз основа на заслуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

Поминаа 31-година од атентатот со автомобил-бомба врз претседателот Киро Глигоров.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

На 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, кој со тешки повреди на главата ,го преживеа напaдот.

На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов.

Истрагата утврди дека атентатот врз македонскиот претседател, бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието. Киро Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1 јануари 2012 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

​Венко Филипче излезе со сериозни јавни наводи во врска со набавката на хеликоптери и договорот што, според неговата изјава, бил потпишан од Славјанка Петровска.

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Филипче јавно изјави дека Петровска „потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери, откако комисијата донела друга одлука“.

Ова се сериозни наводи кои не смеат да останат само на ниво на партиски пресметки. Доколку постојат сознанија за неправилности или евентуално противзаконско постапување при набавката, надлежните институции мора да ги проверат.

Затоа го повикуваме Јавното обвинителство да ги разгледа јавно изнесените наводи и обвинувања на пратеникот и претседател на СДС, Венко Филипче за евентуален сторен криминал од пратеничката на СДС и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска.

Ваков скандал, обелоденет од Филипче, токму за пратеничката од неговата пратеничка група на СДС, не смее да биде игнориран од надлежните институции и истражните органи.

Истовремено, го повикуваме Филипче целосно да ги обелодени информациите со кои располага, за овој и за други случаи, и истите да ги достави до надлежните институции, а ние сме тука да му помогнеме и да бараме од ЈО, по допрен глас, да реагира и да преземе мерки за расчистување на случајот.

Јавните обвинувања за криминални договори вредни, како што самиот Филипче рече, 37 милиони евра не смеат да бидат средство за меѓупартиски пресметки, туку тие мора да добијат институционална проверка и одговор пред јавноста.

Добро е што Филипче се охрабри и почна да зборува за огрешените пред законот од таборот на СДС и го поддржуваме и поттикнуваме да каже се што знае за криминалот на Петровска тежок 37 милиони евра.

ЈО итно да постапи и да отвори предмет, зошто правда и одговорност за овој криминал мора да има.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер