Што носи Ким под здолништето - пополнувачи и стегачи ? - Канал 5

Што носи Ким под здолништето - пополнувачи и стегачи ?

Се гледа дека не е природно, а овојпат се гледа и зошто. Ким Кардашијан користи помошни средства за да го постигне изгледот кој ја издвојува од сите други.

Што носи Ким под здолништето - пополнувачи и стегачи ?
Не се знае точно што е, но јасно се отцртува под здолништето. Оваа „направа“ е заслужна за тркалезниот изглед на задникот на Ким кој не се намалува ни кога таа драстично ќе ослабне.

The secret is out? Kim Kardashian appeared to be wearing butt pads as she left Khloe Kardashian's 32nd birthday party in LA on Monday, new photos that surfaced Thursday reveal

Таа од одамна се обидува да ги убеди фановите дека нејзините облини се природни. Последен пат во 2014 уверуваше дека одсекогаш изгледала така, и ако некому изгледа чудно - се е природно. Но, којзнае...


On top: Kardashian has the most famous derriere on the planet, grabbing that title from Jennifer Lopez nearly a decade ago

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштија

Само за храна и пијалаци во октомври на граѓаните им биле потребни 26.170 денари. Од јануари трошокот за храна и пијалаци пораснал за речиси 2.000 денари. 

СДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна –  33% од работниците живеат во сиромаштија

Потрошувачката кошничка е над 70 илјади денари а со стан оди и над 90 илјади денари.

Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци.

Работниците во Македонија едвај врзвуваат крај со крај, со најниски плати во Европа.

Од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно.

33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијата.

Овие луѓе одат на работа, работат, вложуваат труд и немаат доволно за достоинствен живот – буквално живеат во сиромаштија.

Наместо да ги зголеми платите арамијата размислува за увоз на економски работници како евтина работна сила. Николовски вели 50.000 економски работници а Мицкоски над 100.000.

Ова сурова реалност е одлука на арамијата Мицкоски – работниците да работат за малку пари, и да бидат сиромашни.

Скопје, 21.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Францускиот премиер Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, за во сабота

Во пресрет на протестите најавени за оваа сабота ширум Франција, францускиот премиер Себастиен Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, откако властите признаа дека полицијата ја загубила контролата.

Францускиот премиер Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, за во сабота

Во пресрет на протестите најавени за оваа сабота ширум Франција, францускиот премиер Себастиен Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, откако властите признаа дека полицијата ја загубила контролата во некои градови за време на немирите и насилствата од минатиот викенд.

Откако вчера беше воведен полициски час во неколку критични области зафатени од минатонеделниот хаос, ноќва ширум Франција поминала мирно, велат властите. Во меѓувреме, досегашната проценета материјална штета од немирите и грабежите особено во Париз, Марсеј и Лион, се проценува на милијарда евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителите бараат итно одлучување за намалените плати

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители бараат Уставниот суд итно да одлучи за намалувањето на коефициентите за пресметка на нивните плати.

Обвинителите бараат итно одлучување за намалените плати

Во заедничко соопштение изразуваат сериозна загриженост поради осуммесечното непостапување по поднесените иницијативи.Тие ги оспоруваат измените на законите со кои платите на јавните обвинители и членовите на советот беа намалени во три наврати.

Како аргумент го посочуваат и решението на Уставниот суд од 24 декември 2025 година, со кое беше поведена постапка за оценување на уставноста на законските измени.Во него судот изразил сомнеж дека намалувањето на коефициентите може да ја доведе во прашање уставно загарантираната самостојност и независност на Јавното обвинителство.Од јавнообвинителската фела предупредуваат дека одложувањето на одлуката создава диспаритет меѓу судската и јавнообвинителската функција.Според нив, намалувањето на платите е спротивно на европските стандарди за владеење на правото.Предупредуваат и на можен одлив на обвинителски кадар, што би можело да го загрози нормалното функционирање на Обвинителството.

Како дополнителни проблеми ги наведуваат ниските плати, недостигот од кадар, ограничениот буџет и несоодветните услови за работа.Сметаат дека ваквата состојба директно може да се одрази врз остварувањето на правата и заштитата на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер