Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаШто може да се очекува од најавената стратегија за проширувањe на ЕУ?Македонија има постигнато одлични резултати во Планот за раст, но важно е да се задржи оптимизмот и издржливоста – советува австрискиот амбасадор во земјава, Мартин Палмер. Иако веќе на средината од средната недела еврокомесарката за проширување Марта Кос во Брисел треба да ја презентира новата европска стратегија за проширувањето, според Палмер, се уште не е јасно кој од неколкуте досега објавени нон-пејпери ќе доминира во финалната верзија. -Сè уште трае процесот на дискутирање на различните нон пејпери. // Патем, секогаш можете да погледнете каква е чашата - дали е полуполна или полупразна, а Македонија одлично ја заврши работата кога станува збор за Планот за раст на Западен Балкан, па затоа на земјата ќе ѝ бидат дадени над 140 милиони евра и ние придонесуваме за понатамошен напредок. Затоа мислам дека е важно да се продолжи, да се задржи издржливоста, да се задржи посветеноста и да не се одвлекува вниманието,- -Мартин Палмер, Амбасадор на Австрија во Македонија . Палмер најави дека на крајот на оваа недела во Виена ќе се оддржи и министерски состанок со шефовите на дипломатијата од Западен Балкан и Славков 3 форматот - односно платформата за соработка меѓу Австрија, Словачка и Чешка чиј фокус меѓудругото е и заедничка позиција во проширувањето на Европската унија. Скоро по најавената презентација на новата стратегија за проширување, на 2 октомври во земјава се очекува да пристигне и претседателката на Европската Комисија – Урсула фон дер Лајен како дел од нејзината турнеја низ четири регионални земји кандидатки, со исклучок на Србија и Босна и Херцеговина. Евроамбасадорот во земјава -Михалис Рокас, веќе изрази оптимизам дека посетата на фон дер Лајен може да донесе позитивни промени во статусот на македонските евроинтеграции. Минатата недела пак, еврокомесарката за проширување Марта Кос повторно ја повика земјава да ги спроведе уставните измени а потоа како што рече, ја очекува и поддршката од Бугарија за Македонија да продолжи напред на европскиот пат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветОдговор од Москва за Марин Ле Пен (ВИДЕО)Русија не претставува закана за Франција или за која било друга европска земја, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, отфрлајќи ги тврдењата на раководството на партијата „Национален собир“.Песков наведе дека Москва не ги прифаќа таквите критики. „Не се согласуваме со таа изјава. Русија не ѝ се заканува на Франција ниту на која било друга земја во Европа. Претседателот Путин тоа го има нагласено повеќепати. Немаме спорови со европските држави што би можеле да доведат до сериозни несогласувања“, рече Песков. „Според тоа, Русија апсолутно не претставува закана; таа никого не заплашува ниту уценува. Затоа, категорично не се согласуваме со таквите изјави. Не ги прифаќаме“, додаде тој. Kremlin: Russia does not threaten France or any other state in Europe. President Putin has said this repeatedly. We have no disputes with any European states that could be the reason for any serious disagreements. Therefore, Russia does not represent any threat, and Russia… pic.twitter.com/dp9PLyAf6c — Clash Report (@clashreport) September 21, 2026 Во заедничката изјава објавена за време на викендот, претседателската кандидатка Марин Ле Пен и претседателот на партијата, Жордан Бардела, изјавија дека „никогаш нема да толерираат странска сила – во овој случај Русија – да се обидува да ја диктира политиката на нашата земја, директно или индиректно, преку заплашување, закани, дестабилизација или психолошки притисок“. Ова претставува промена во однос на претходниот, поблаг став на партијата кон Москва. Извор: Б92Тагови: Марин Ле Пен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветУбил три девојчиња во Саутпорт, истурил врела вода врз затворски чуварАксел Рудакубана, осуден за убиство на три девојчиња и обид за убиство на уште десет лица во Саутпорт, е обвинет за нови напади извршени додека бил во затвор.Тој се товари дека истурил врела вода измешана со шеќер врз чувар во затворот „Белмарш“ и дека нападнал друг службеник, пренесува „Скај њуз“. Пред Судот за прекршоци во Вестминстер денеска беше изнесено дека на 8 мај минатата година, Рудакубана истурил врела течност врз затворски чувар низ отворот на вратата од својата ќелија. Брзата медицинска интервенција спречила трајни повреди. Обвинителката Кетрин Патисон изјави дека, неколку дена претходно, Рудакубана ѝ се заканил на една чуварка, велејќи дека ќе ја „полие“ доколку не му донесе весник. Подоцна тој истурил непозната течност врз неа, иако тоа не предизвикало повреди. Обвинителите исто така го товарат дека удрил чувар на 28 октомври 2025 година. Инцидентот се случил кога службеникот го запрел додека се обидувал да ја избегне контролата за земање лекови. Патисон додаде дека во јуни минатата година, во ќелијата на Рудакубана биле пронајдени наострени парчиња камен, заглавени под една полица. Се верува дека тој ги извадил од подот. Кога чувар го прашал за тоа, Рудакубана рекол дека ги чува за самоодбрана. По нападот со врела вода, тој тврдел дека чуварите му ја трујат храната. Рудакубана е обвинет за обид за нанесување тешка телесна повреда, напад врз службено лице и поседување оружје во затворот. Тој е задржан во притвор и треба да се појави пред судот „Олд Бејли“ на 19 октомври. Дваесетгодишниот Рудакубана издржува доживотна казна затвор за убиствата на деветгодишната Алис да Силва Агијар, шестгодишната Бебе Кинг и седумгодишната Елси Дот Станкомб. Тој исто така беше осуден за обид за убиство на уште осум деца и двајца возрасни. Нападот се случи на 29 јули 2024 година, за време на час по танц со музика на Тејлор Свифт. Тој беше префрлен во болница. Во јули оваа година, Министерството за правда потврди дека Рудакубана е префрлен од затворот со високо обезбедување „Белмарш“ во психијатриската болница „Бродмур“. Болницата, која се наоѓа во Беркшир, е најстарата од трите британски психијатриски установи со високо обезбедување. Во неа биле сместени некои од најозлогласените криминалци, како што се Рони Креј и серискиот убиец Питер Сатклиф. Согласно Законот за ментално здравје, одлуките за префрлање на затвореник во установа со високо обезбедување ги носат службени лица кои постапуваат во име на министерот за правда, врз основа на стручно медицинско мислење. Извор: Индекс.хрТагови: напад убиства Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРомански екстремно десничарски политичар приведен поради измама, планирал и државен ударРоманските власти денеска покренаа нови обвиненија против поранешниот екстремно десничарски претседателски кандидат Калин Џорџеску.Тој е задржан во 24-часовен притвор поради обвинувања дека тој и уште двајца осомничени измамнички прибавиле 1,1 милион евра и ги искористиле средствата за финансирање изборна кампања, пренесува ДПА. Џорџеску, познат како политичар наклонет кон Кремљ, неочекувано освои најмногу гласови на претседателските избори во Романија во 2024 година. Уставниот суд ги поништи изборите поради недостаток на транспарентност во финансирањето на неговата кампања, а гласањето беше повторено во 2025 година. Обвинителите денеска девет часа го пребарувале неговиот дом, по што осомничениот бил одведен на испрашување. Измамата вклучувала ветување од страна на осомничениот и неговите соучесници до еден бизнисмен во 2021 година дека ќе му обезбедат заем од странска банка. Тој ја задржува поддршката од втората најсилна политичка сила во парламентот За возврат, тие побарале гаранција од 1,1 милион евра од бизнисменот;,според Дирекцијата за истрага на организиран криминал и тероризам (DIICOT), тој ја платил сумата, но парите никогаш не му биле вратени. Истрагата започнала во 2024 година по пријава поднесена од измамениот бизнисмен, јавуваат романските медиуми. Се очекува Џорџеску да одговара и за обид за вооружен државен удар, кој наводно го планирал заедно со платеник претходно активен во Африка. И покрај тоа, тој продолжува да ја ужива поддршката на романската екстремно десничарска партија АУР, втората најсилна политичка сила во парламентот, пренесува ДПА. Извор: Индекс.хрТагови: Романија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00