Што ќе се случи со стадионот од милијарда долари во Катар по завршувањето на СП? - Канал 5

Што ќе се случи со стадионот од милијарда долари во Катар по завршувањето на СП?

Дванаесет години откако ФИФА донесе одлука дека најголемото светско фудбалско натпреварување за првпат ќе се игра на Блискиот Исток, време е да започне натпреварувањето.

Што ќе се случи со стадионот од милијарда долари во Катар по завршувањето на СП?

Катар, кој е домаќин на вакво натпреварување за прв пат во историјата, е на удар на критики за корупција, мито и кршење на човековите права, но сепак очекува милиони туристи кои ќе дојдат да го гледаат Светското првенство.

Катар е мала земја, има помалку од три милиони жители, а до неодамна немаше ниту инфраструктура за да одржи ваков натпревар. Во изминатите десет години беа изградени патишта, хотели, апартмани и други сместувачки капацитети за да ги примат сите љубители. За сето тоа се потроши огромна сума пари.

Светско првенство во бројки

Катарска екстраваганција

220 милијарди долари: Се претпоставува дека Катар вложил толку многу во сите подготовки потребни за Мундијалот. Тоа е најскапото Светско првенство во историјата. Вториот најскап Мундијал, оној во Бразил, чинел 15 милијарди.

17 милијарди долари: Очекувана заработка на Катарците на Мундијалот. На почетокот се проценувало на 20 милијарди, но потоа паднал на 17.

8: Бројот на стадиони на кои ќе се играат натпреварите. Сите до еден беа изградени за Светското првенство

Навивачката страна

40%: Еве колку повеќе навивачи во просек ќе плаќаат билети за Светското првенство во Катар, во споредба со Русија.

6.000 УСД: Минималниот износ што секој навивач треба да го обезбеди за превоз, сместување и храна.

31.123: Број на достапни хотелски соби. ФИФА резервирала 80 отсто од тие соби за играчи, гости и судии. Инаку, Катар изгради сто хотели и станбени згради пред Светското првенство.

3: Број на бродови за крстарење кои служат како хотели на море и на тој начин обезбедуваат дополнително сместување. На нив цените за ноќевање почнуваат од 470 долари, но мора да се престојува минимум две ноќевања.

6000: Бројот на монтажни куќи што Катар ги купи за да ги смести навивачите. Се изнајмуваат за 200 долари за една ноќ. Кога ќе заврши натпреварот, куќите ќе бидат донирани на посиромашните земји во светот.

1000: Бројот на шатори кои се поставени на вештачки остров во близина на Доха, на кој ќе бидат сместени и навивачите. Некои го споредиле со озлогласениот фестивал Fyre, кој неславно пропадна затоа што беше измама.

0: Цената на градскиот превоз со автобус и метро од 10 ноември до 23 декември доколку имате Hayya картичка, која овозможува влез на стадионите.

Мала соседска помош

140.000: Бројот на хотелски соби и апартмани достапни во Дубаи, каде што се очекува да престојуваат многу фанови.

500: Бројот на дневни летови што ќе превезуваат навивачи од соседните земји како што се Обединетите Арапски Емирати, Оман и Саудиска Арабија.

Лудото трошење е дел од планот за подобрување на животот во земјата наречена Катар Национална визија 2030. Како што напиша Блумберг, Катар потрошил вкупно 300 милијарди долари на инфраструктурни проекти како автопатишта и аеродроми.

Доха, сепак, сè уште не може да се натпреварува со Дубаи, кој е регионален магнет за туризам и забава. Во Катар хотелите и апартманите немаат големо значење за локалното население. Истото важи и за стадионите, на кои се потрошени шест и пол милијарди долари.

Најголем од нив е стадионот Лусаил, кој има капацитет за 80 илјади луѓе. Тој стадион сигурно нема да се исплати по Мундијалот бидејќи најуспешната фудбалска репрезентација на Катар, Ал-Сад, кога игра на домашен терен во просек ја гледаат по 1.500 навивачи. Вториот најпопуларен клуб Ал-Рајјан има помалку од илјада гледачи по натпревар.

Организаторите истакнале дека сите работи на инфраструктурата за Светското првенство се изведуваат со грижа за животната средина, со минимални емисии на јаглерод. Истражувањата покажале дека податоците за емисиите на јаглерод се фалсификувани и дека во реалноста тие се осум пати поголеми.

За време на изградбата на објектите поврзани со Светското првенство загинаа 6.500 странски работници, односно од Индија, Пакистан, Непал, Бангладеш и Шри Ланка, објави Гардијан. Катарските власти соопштија дека загинале 37. Работниците се пожалиле дека не им биле исплатени платите.

Катар се соочил со обвинувања за поткуп и местење натпревари во деновите пред почетокот на натпреварувањето. Навивачите исто така се соочуваат со контроверзии. Жените мора да се покриваат од рамената до колената. Забранети се и вонбрачни и хомосексуални односи кои се казнуваат дури и со затвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија во Малта, победи Ерменија

Македонската претставничка ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија, која се одржа синоќа во Малта. 

Ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија во Малта, победи Ерменија

Со песната „Идната јас“, младата пејачка од Струга освои вкупно 57 поени, од кои 51 од публиката, но доби само шест од стручното жири.

Победник на 24. издание на детската Евровизија е 13-годишната Наре од Ерменија, која со песната „Бу!“ освои 202 поени. Второто место го освои Шпанија, а трета беше Франција. За победникот одлучуваа гласовите на националните жирија и публиката, со еднаков удел од по 50 проценти во конечниот резултат.

Музиката за „Идната јас“ ја напиша Никола Мицевски, а текстот е на Илчо Нечовски од групата „Дупер“. Песната зборува за соништата, растењето и откривањето на сопствениот идентитет.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач

Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач, откако полскиот истражувач Бартломеј Питала се спушти на длабочина од 338 метри, заедно со македонските нуркачи. 

Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач

Пештерата Врело на Матка испиша светска историја.Полскиот нуркач Бартломиеј Питала достигна длабочина од 338 метри, поставувајќи нов светски рекорд. Успехот е резултат на заедничката експедиција на нуркачи од Македонија,Полска и Италија.

Девет часа под вода за историски подвиг. Полскиот нуркач рекордот го постигнал на 16 октомври, надминувајќи ја претходно истражената длабочина за 51 метар. По подвогот, тој кажа дека немал никакви проблеми со видот, ниту пак почувствувал вртоглавица. Вели дека се чувствувал удобно и на толку голема длабочина, а секоја секунда од деветчасовното нуркање му останала врежана во сеќавањето.

,,Експедицијата во Матка во 2026 година заврши со извонредно достигнување – истражување на пештерата до длабочина од 338 метри под вода, со што таа стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек. Искрено, сè уште не можам целосно да го сфатам тоа. Но, да, сега ова е најдлабоката истражена подводна пештера во светот, а ова беше и најдлабокото нуркање.

Сепак, рекордите и самата длабочина не беа нашата цел, нели? Нашата цел беше истражувањето. Сакавме да одиме подлабоко од границата до која стигнавме минатата година, кога експедицијата ја завршивме на 287 метри.“

Дополнително Матка продолжува да ги привлекува туристите од целиот свет. Странските посетители се воодушевени од природните убавини, а многумина изразуваат желба одблиску да ја запознаат и пештерата.

Експедицијата откри два нови подводни канала и над 150 метри нови ходници, а македонските нуркачи за првпат поставија и воздушна комора на длабочина од девет метри. Зад рекордот стоеја 12 безбедносни нуркачи, со поддршка од медицински тимови, МВР и полцииската единица „Тигар“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот

Со огромна излезност и без посериозни инциденти и неправилности поминува изборниот ден во Србија, која гласа на предвремени парламентарни избори.. 

Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот

Главната битка се води меѓу владејачката СНС предводена од Александар Вучиќ и Студентската листа, додека останатите партии и коалиции се борат да го поминат изборниот праг од 3 проценти за да влезат во парламентот...

Во Белград е Михаило Донев.. Михаило, од рано утринава се гледа незапамтен интерес за гласање, кои се последните податоци за одѕивот?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер