Што ќе се случи со децата ако се разведат Кејт и Вилијам? - Канал 5

Што ќе се случи со децата ако се разведат Кејт и Вилијам?

 – Бизарниот кралски закон кој е на сила 500 години ги запрепасти сите!

Што ќе се случи со децата ако се разведат Кејт и Вилијам?

Еве кому официјално би припаднале принцевите Луј и Џорџ и принцезата Шарлот.

Доколку Кејт Мидлтон и принцот Вилијам би се развеле, според стариот закон, децата би припаднале на дедото, поточно кралот Чарлс III. Овој закон, кој датира од 1700-тите, ја шокираше јавноста и покрена многу прашања за иднината на кралските деца.

Пред Кејт да открие дека има рак и дека мора да оди на превентивна хемотерапија, веќе се шпекулираше за можен развод од принцот. Се зборуваше за проблеми во нивниот брак, особено откако принцот Вилијам беше поврзан со маркизата Сара Роуз Ханбери, која, пак, негираше каква било афера, додека кралското семејство немаше коментар по ова прашање. прашање.

Кралскиот закон од минатото

Кралските експерти тврдат оти веруваат дека Кејт и Вилијам нема да се разведат, дури и ако имало неверство. Сепак, теориите на заговор поврзани со разводот продолжуваат да кружат. На социјалните мрежи се поставуваат многу прашања, меѓу кои и каде ќе живее Кејт по разводот и што ќе се случи со децата.

Марлен Киниг, која со години го следи британското кралско семејство, вели дека постои закон кој датира од 1700-тите според кој децата би му припаднале на владетелот, во овој случај кралот Чарлс III, таткото на Вилијам. Овој закон беше спроведен кога принцот Чарлс и принцезата Дајана мораа да бараат дозвола од кралицата Елизабета Втора за нивните деца да патуваат со нив.

Формалноста на законот

Марлин забележува дека овој закон е повеќе формалност. Добрите односи меѓу членовите на кралското семејство им овозможија на родителите да се вклучат во животот на нивните деца и по разводот. Меѓутоа, официјално, доколку Кејт и Вилијам би се развеле, судбината на нивните деца не е во нивни раце туку во рацете на дедото, кралот Чарлс, сè додека тој остане на тронот. Не е сосема јасно како би се поделило старателството над децата.

Примена на законот во минатото

„Сан“ потсети на разводите на Чарлс и Дијана и принцот Ендрју и Сара Фергусон, кои немаа официјално дефинирано прашање во врска со старателството пред венчавката, бидејќи беше познато дека за децата одлучува личноста која е на власт. Во двата случаи, родителите имаа пристап до своите деца и беа со нив додека растеа. Се претпоставува дека слично сценарио би можело да се случи и со Кејт и Вилијам.

Кејт би живеела во Велика Британија

Странските медиуми истакнуваат дека Кејт нема да може да ги изнесе своите деца од земјата без одобрение на кралот. Поради ова правило, постојат големи шанси таа да добие стан или куќа за неа и децата во границите на Обединетото Кралство.

Извор: srecna.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реформа на државната управа: Помалку бирократија, повеќе услуги за граѓаните

Завршува времето на институционално самоволие и неконтролирано буџетско трошење, изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев, на јавната дискусија за нацрт законот за организација и работа на органите на државната управа.

Реформа на државната управа: Помалку бирократија, повеќе услуги за граѓаните

Тврди дека во иднина ќе се воспостави ред со предвидената рационализација и ќе се стави крај на формирање на непотребни паралелни агенции, дирекции и комисии кои не одговараат пред никого, а се производ на партиски договори по политичките кризи од минатото.

-Суштината на оваа реформа не е во тоа колку органи ќе има државата, туку дали секој од нив има оправдана причина да постои, јасно утврдена надлежност и капацитет да ја извршува. Не станува збор за реорганизација на сите институции во јавниот сектор, туку за воспоставување јасни правила за органите на државната управа - правила кои пред се ќе ја поврзат функцијата со одговорноста и овластувањето со законската граница,- Горан Минчев – министер за јавна администрација.

Нацрт законот е ставен на ЕНЕР и е испратен до координаторите на пратеничките групи во Собранието, а пред да биде испратена финалната верзија ќе има и јавна расправа во Комисијата за политички систем.

Овој закон е дел од реформската агенда и за негово усвојување е потребно двотретинско мнозинство. Инаку пред неколку дена беа изгласани законите за административни службеници, а во процедура се уште неколку други кои треба да донесат помала, попрофесионална и дигитализирана администрација.

Од 1 октомври стапи на сила и законот за висока раководна служба, со кој позицијата В.Д. директор се ограничи на шест месеци, а управните одбори се намалени на три члена.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 25 октомври 2026 започнува зимското сметање на времето

Летното сметање на времето започна на 29 март 2026 година, а зимското сметање на времето започнува на 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето од 03:00 часот се смета како

На 25 октомври 2026 започнува зимското сметање на времето

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека Владата на Република Македонија донесе Одлука за утврдување на почетокот и завршувањето на летното сметање на времето во 2026 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 58 од 19 март 2026 година.

Согласно донесената Одлука, летното сметање на времето започна на 29 март 2026 година, а зимското сметање на времето започнува на 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето од 03:00 часот се смета како 02:00 часот.

Донесувањето на оваа Одлука е во согласност со утврдената годишна практика за регулирање на сметањето на времето, како и со обврските за усогласување со европската регулатива во оваа област.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова рунда мировни преговори: Витокоф се сретна со Путин, но без јасен договор за крај на војната во Украина

По средбата со Зеленски во Осло, специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф со сет идеи замина кај Путин во Санкт Петербург, во деветти во низа обид да издејствува мир во Украина. 

Нова рунда мировни преговори: Витокоф се сретна со Путин, но без јасен договор за крај на војната во Украина

Нема детали дали и колкав напредок е направен за ставање крај на петгодишната војна.

-Секако, би сакал да ги знам резултатите од состанокот (во Осло). Сакам да ви се заблагодарам вам и на претседателот Трамп за вашето внимание кон прашањата за решавање на кризата во Украина, вклучително и за можната средба во Кина. , изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

-Преговорите (во Осло) беа продуктивни и би можел да кажам дека има напредок. Се надевам дека денеска може да биде исчекор кон мировнмиот процес во дискусијата за решение на украинско-рускиот конфликт. , изјави Стив Виткоф, специјален пратеник на Трамп.

Но, Виткоф не си заминува од Русија со празни раце, откако договорот за дизелот го доби првиот конкретен епилог. Путин му вети дека првиот танкер гориво со 40 илјади тони ќе тргне кон САД за два дена. Втората придобивка е ослободување на 74-годишниот Американаец Стивен Хабард, кој четири години помина во притвор во Русија, откако бил уапсен во Украина дека наводно се борел на страната на Киев.

И двете страни, како што пренесоа руските медиуми, се многу блиску до организирање средба Трамп, Путин, Си Џинпинг за Украина, а на која според најавите, нема да има место за Зеленски, особено откако Трамп му порача дека можеби е време друг да преговара во име на Киев.

-Не знам што ќе биде со трилатералниот состанок меѓу САД, Кина и Русија. Од нив зависи. Но секако, ако прашањето е Украина, нашата иднина, тоа може да биде прифатливо, само кога ние сме на преговарачка маса. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

-Зеленски треба да сака да ја заврши оваа војна. Ако не го стори тоа, ќе виде многу лошо. Сакаме Зеленски да склучи договор, тој може да склучи договор. Можеше да склучи договор пред две години кога го имавме нашиот мал разговор во Овалната соба. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Зеленски денеска соопшти дека САД потворно почначе да споделуваат разузнавачки со Киев, откако минатата недела предупреди дека дел од информациите за руските ракетни напади биле прекинати или недостапни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер