Што го одбележа СП во Бразил - Канал 5

Што го одбележа СП во Бразил

По цели 24 години Германија повторно е на врвот на светскиот репрезентативен фудбал, а историјата се повтори, бидејќи и во 1990 година во финалето ја совлада Аргентина и тоа со идентични 1-0. На местото на Андреас Бреме, синоќа херој на „Панцерите“ беше 22-годишниот Марио Геце, кој го постигна победничкиот гол во 113-тата минута во продолженијата. Селекторот на Германците Јоаким Лев го опиша Марио Геце како вистинско чудо од фудбалер.

Што го одбележа СП во Бразил
„ Тој е вистинско чудо, кој може да игра на неколку позиции. Тој е фудбалер кој може да го одлучи натпреварот, да влезе во игра и веднаш да ја направи разликата“, изјави германскиот селектор, кој го внесе во игра Геце во 88-та минута од натпреварот, а при измената го мотивирал фудбалерот со зборовите, „покажи му на светот дека си подобар од Лионел Меси“.

Германија го заокружи десетгодишниот план, кој го започна Јирген Клинсман, а го комплетираше Јоаким Лев. Во 2004 година Германија без ниту една победа не успеа да ја мине групната фаза на европското првенство во Португалија. Тогаш започна реконструкцијата, а откако изминатата декада играше во три полуфиналиња и едно финале на последните четири големи турнири, Германија конечно го направи и последниот исчекор.

Аргентина можеби не блескаше во текот на целиот турнир, но дојде до финалето и го одигра својот најдобар натпревар. Слабата реализација на напаѓачите и двете 100% шанси, кои во гол не ги претворија Игуаин и Паласио, Германија знаеше како да ги казни и да се закити со својата четврта светска круна.

Мундијалот започна контроверзно со непостоечкиот пенал за Бразил против Хрватска, а заврши во сличен стил. Германија сосема заслужено го освои трофејот, како и сите фудбалери кои ги понесоа индивидуалните награди, освен онаа за најдобар играч на првенството. ФИФА одлучи „златната топка“ да му ја додели на Лионел Меси како утешна награда, иако според многумина таа требаше да отиде во рацете на Томас Милер од Германија или Колумбиецот Хамез Родригез, кој ја доби златната копачка за најдобар стрелец на турнирот со шест погодоци.

Овој мундијал ги задоволи апетитите на сите љубители на фудбалот, а конечно придоби и голем дел од скептичните Американци. Ги расплака Бразилците, кои веќе ја немаат „самбата“ во својата игра. Ни донесе нови млади суперѕвезди, како Жоел Кембел, Хамез Родригез и Пол Погба. Никој нема да го заборави гризењето на Луис Суарез, но и прекрасните голови на Ван Перси, Кејхил и Родригез. Четири години ќе бидеме во исчекување за ново мундијалско уживање и тоа во Русија. Паднатите гиганти Шпанија, Англија, Италија и Бразил ќе работат на одмазда и враќање на славата. Лионел Меси ќе собира сили за ново финале со Аргентина, а Германија ќе се обиде да го задржи фудбалскиот трон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Добивме огромно, светско признание, ефектот на „Сејф Сити“ е заслуга на сите, особено и на граѓаните

„Меѓународен триумф за македонската полиција. Проектот „Безбеден град“ го освои првото место за извонредност во сообраќајната безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи.

Тошковски: Добивме огромно, светско признание, ефектот на „Сејф Сити“ е заслуга на сите, особено и на граѓаните

„Меѓународен триумф за македонската полиција. Проектот „Безбеден град“ го освои првото место за извонредност во сообраќајната безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи, оставајќи зад себе светски метрополи и технолошки лидери како Сингапур, Дубаи и Абу Даби.

Што точно значи ова признание, колку се намалени жртвите на патиштата и како системот „Safe City“ ќе се шири низ целата држава, дознаваме од разговорот на колегата Дејан Трајкоски со министерот за внатрешни работи - Панче Тошковски.

Во видеото погледнете го целиот разговор со министерот Тошковски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката

Министерството апсолутно нема никаква надлежност во целата постапка за продажба.

Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката

Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката, ниту како Министерство за финансии сме помогнале да се случи продажбата и сопственикот да се стекне со мнозинскиот пакет, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Kочоска во рамки на Надзорната расправа во Собранието посветена на причините за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“.

Таа потсети на постапките што се преземени од страна на Народната банка, Комисијата за хартии од вредност до објавување на јавната понуда на 11 септември и дека на 23 септември имајќи ја предвид јавната понуда на Владата се дискутира на тема на тоа дали во државата има одредени институции кои што имаат акции во оваа банка.

„На 1 септември Народната банка дава претходна согласност за квалификувано учество. Што значи тоа? Тоа значи дека до 1 септември целокупната постапка околу лиценцирање на лицата, банка или било физички лице, тоа Народната банка си знае, го имала завршено. На 10 септември Комисијата за хартии од вредност дава дозвола за јавна понуда за превземање, којашто јавна понуда за превземање, односно јавна понуда и проспект, се објавени на 11 септември. Во таа јавна понуда и во тој објавен проспект, стои датум, кој што вели дека секој оној кој што е заинтересиран да ги продаде акциите, има обврска тоа да го направи до 10 октомври, што значи дека нема апсолутно никаква врска со претходните изнесувања, дека записникот бил поврзан со некакви датуми, туку исклучиво со датумот кој што стои во јавната објава, повторно тоа е на Македонска берза. На 19 септември имаме објава во Службен весник, согласно која, сопственикот се стекнал со 74 и нешто проценти, на сопственост иако прагот на успешност во тој период бил 70%. Значи, до овој момент постапката се одвива, така што Народната банка е вклучена, Комисијата за хартии од вредност, заинтересираната банка и тука веќе имаме објава во Службен весник дека продажбата е успешно завршена“, појасни министерката.

При тоа посочи на информацијата од седницата на Владата во која од страна на Министерството за финансии е објаснета постапката, но при тоа да се има предвид дека станува збор за изборен период. При тоа таа се повика на записник од владината седница.

Министерката повтори дека клучниот момент е фактот дека Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката, купување, коешто завршува на 19 септември и е објавено во Службен весник, од каде што ние во Министерството, всушност, ги добивме и информациите, па врз основа на тоа почнаа постапките за да видиме дали прво државата има некаква сопственост и да предупредиме дека имаме избори и дека немаат можност да вршат продажба“, истакна министерката.

Таа заклучи дека во однос на надлежност како Министерство за финансии, Министерството апсолутно нема никаква надлежност во целата постапка за продажба, затоа што ние, освен тоа што го подготвуваме и предлагаме законот, кој преку Владата се усвојува во Собранието во конкретната ситуција немаме никава надлежност бидејќи целата контрола, супервизија и надзор на банкарското работење е од страна на Народната банка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ново судско рочиште за случајот со Државна Лотарија

Со испрашување на вештото лицe кое го работело економското вештачење за набавката на ВЛТ апарати во државна лотарија, продолжи денешното судење за Државна лотарија, чиј предмет на обвинение е токму оваа спорна набавка.

Ново судско рочиште за случајот со Државна Лотарија

Вештакот Анита Поповска пред судот образложуваше што стоело во финансискиот план за набавка на овие ВЛТ апарати, а рече дека вкупниот износ на набавката изнесувал над 9ипол милиони евра.

Во финансискиот план за набавка на ВЛТ апаратите, се покажани сите расходи на друштвото и платите на вработените. Конкретно за набавка на ВЛТ апарати вкупната вредност која што било издвоена изнесува 596. 125.511 денари.

Понатаму обвинителите продолжија да го испрашуваат сведокот во делот на даденото мислење од Министерството за финансии, на што одбраната постојано реплицираше дека вештакот не може да вади правни заклучоци. Според одбраната вештачењето не е спорно, но тврдат дека обвинителите со своите прашања се обиделе да го натераат вештакот да одговори на работи кои не се содржани во вештачењето.

Судењето за државна лотарија ќе продолжи на 18 ноември со испитување на Александар Климовски, актуелниот директор на државна лотарија и последен сведок на обвинителството, пред да започнат во судница да се појавуваат сведоци предложени од одбраната.

Во судското рочиште за проневери во државна лотарија од 9,7 милиони евра првообвинет е поранешниот директор на Лотарија Перпарим Бајрами, а обвинението ги опфаќа и поранешните прв вицепремиер Артан Груби, поранешниот генерален секретар во владата Методија Димовски и уште пет лица.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер