Што договорија Заев и Касами?

Остана отворена можноста БЕСА на Касами да го поддржи предлог кандидатот за претседател од власта но и дека нивната поддршка нема да е безусловна и дека битна им е личноста .

Само едно име од предложената листа од владејачката СДСМ за консензуален шеф на државата е прифатливо за опозициката Беса, но евентуалната поддршка нема да биде безусловна, рече Билал Касами по средбата со Зоран Заев. Од БЕСА оставаат отворена врата за можен догвоор со СДСМ и коалицијата, но велат поблиски ставови околу заеднички кандидат за претседател делат со Алијансата на Албанците на Зијадин Села. Заев е уверен дека постојат големи шанси и Беса да застанат зад заеднички кандидат за претседател на претстојните избори. Конечна одлука околу изборот на конкретен кандидат најави за следната недела.

„Верувам дека може да се стигне до поддршка на едно име, кое без разлика дали е жена или маж, име зад кое што би застанале сите граѓани, а со тоа и ние политичките субјекти, би земале свој став во негова поддршка како претседател на државата. Секако одлуките ќе се носат врз основа на имињата, врз основа на личностите кои што се дел до анализите кои постојат, а ги прават сите субјекти и ќе дадат добар аргумент за заземање на став, прво концепциски, дали се застанува зад заеднички кандидат, а после тоа и секако другите алтернативи за посебно истакнување“, рече Заев.

„За нас како опозициска партија е многу важен пристапот, но уште повеќе е важен човекот, личноста која ќе стои на чело на една важна институција во државата. Како опозициска партија разгледуваме повеќе опции, а секако важна е и оваа опција затоа што знаеме дека еден таков кандидат има шанси да добие и нашата поддршка за таков кандидат би била многу важна. Тоа што треба да знае јавноста е дека нашата поддршка нема да биде безусловна, а најмалку ќе биде во договор за тој утрешен претседател да ги штити нашите луѓе од корупција и нелегални работи, како што за жал се случувало досега со други партии, рече Касами појаснувајќи дека тоа треба да е личност која ќе биде претседател на сите граѓани без да ги дели граѓаните на етнички заедници, „за едните да биде мајка, а за другите маќеа“, посочи Касами.

Движењето БЕСА е првата опозициона партија со која Заев велзе во преговори за консензулен кадидат за претседатл, по серијата средби со коалиционите партнери. Следните денови Заев најајвува повторен обид за доближување на ставовите и со опозициската Алијанса на Албанците, откако вчерашната срдба беше откажана поради одземањето на ингеренциите во образованието на гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер