3Велковски на министерски состанок за млади од Западен Балкан во Црна Гора: Младите треба да бидат активни партнери во креирањето на реформите
Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
2Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
МакедонијаШтипската Клиничка болница доби ново амбулантно возилоНово амбулантно возило доби Клиничка болница - Штип. Станува збор за возило, кое е донација од штипска општествено одговорна компанија и ќе се користи за потребите на болницата. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев на денешната прес-конференција рече дека со зацврстување на соработката меѓу болницата и приватниот сектор сите придонесуваат за подобро здравство. -Овој гест од приватна фирма е подадена рака за подобра соработка да имаме ние вработените и приватниот сектор со што се добива поквалитетно здравство. Ова не е помош, ова е донација, добар чин каде секој се грижи за поквалитетен живот, рече Захариев. Посочи дека ова е седмо возило во возниот парк на болницата, кое ќе се користи за транспорт на пациенти. Возилото мерцедес ќе се стави во функција веднаш и ќе користи за потребите на болницата и нудење подобри услови за пациентите од Штип и регионот. -Во моментот санитетски возила за транспорт на пациенти од овој тип и некои помали – имаме пет во функционална состојба, ова е седмо. Поновите се од 2021 година. Ова комбе, санитетско возило, е за транспорт на пациенти, кои ги имаме од Штип и регионот кои се повредени или им е потребен транспорт од други земји, изјави Захариев. Тој додаде дека со донации се набавени и апарати во болницата, уредени се простории и подобрени се условите за сите пациенти. Тагови: Клиничка болница - Штип Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
СветРуте до Европејците: Чекате Америка да ви го среди сопствениот дворГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги критикуваше европските земји поради тоа што премногу се потпираат на САД за решавање на безбедносните прашања во нивното непосредно соседство.Говорејќи на панел во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, Руте го постави прашањето зошто е потребна американска помош за неутрализирање на нуклеарната програма на Иран. „Зошто сите повторно се свртуваат кон САД во врска со Хутите во Црвеното Море? Затоа што на Европејците очигледно им недостига капацитет сами да се справат со тоа. А ова е соседството на Европа, а не на Америка“, изјави Руте. Тој смета дека НАТО мора да еволуира за Европејците да можат самостојно да ја гарантираат сопствената безбедност. „Ви недостига капацитет; чекате САД да ви го средат дворот“, рече тој. Споделување на товарот во рамките на Алијансата Изјавата на Руте доаѓа по тековните дискусии во рамките на Северноатлантската алијанса за споделување на воениот товар и потребата европските членки да преземат поголема одговорност за стабилноста во сопствениот регион. Американскиот претседател Доналд Трамп со години ги критикуваше европските сојузници поради недоволните трошоци за одбрана. Сепак, во својот говор на Генералното собрание на ОН вчера, тој го пофали напредокот на сојузниците и истакна дека тие ги зголемуваат издвојувањата во воените буџети. „НАТО постигнува работи за кои никој не веруваше дека се можни, вклучително и зголемување на целта за трошоци од два на пет проценти од БДП. Тоа ќе им обезбеди значително поголема заштита“, рече Трамп. Извор: Индекс.хрТагови: Марк Руте Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОЈО: Истрага за насилство врз лекар Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Според доказите обезбедени до овој момент, на 16 септември, во приватна ординација во склоп на поликлиниката “Букурешт”, осомничениот извршил грубо насилство врз, лекар-гинеколог кој бил на неговото работно место. Му се заканували физички го нападнал со повеќе удари, а предизвикал чувство на несигурност, загрозеност и страв и кај други присутни во ординацијата. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост со цел обезбедување на осомничениот и забрана тој да се приближува до оштетениот и ординацијата.Тагови: ОЈО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВелковски на министерски состанок за млади од Западен Балкан во Црна Гора: Младите треба да бидат активни партнери во креирањето на реформитеМинистерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, учествуваше на „Министерскиот состанок за млади од Западен Балкан 2026“, кој се одржа во Подгорица, Црна Гора.Состанокот беше организиран од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) во партнерство со Министерството за спорт и млади на Црна Гора, под покровителство на Владата на Црна Гора, во рамки на Берлинскиот процес. На состанокот учествуваа министри и шефови на делегации надлежни за младите од земјите од Западен Балкан. Министерскиот состанок претставува високо ниво на меѓувладина платформа за политички дијалог, зајакнување на регионалната координација и усогласување на пристапите во политиките што се однесуваат на потребите и перспективите на младите. Посебното значење на овогодишниот состанок е и во тоа што се одбележуваат 10 години од основањето на RYCO, која во изминатата деценија се разви во значајна регионална платформа за младинска соработка, дијалог, размена и градење доверба. Во рамки на министерската програма се разговараше за приоритетите за регионална младинска соработка, со посебен фокус на тоа како младите да бидат поефективно вклучени во тековните реформски процеси – не само како корисници, туку како активни придонесувачи во креирањето, спроведувањето и следењето на политиките. Во овој контекст, теми на разговор беа младинското учество во донесувањето одлуки, регионалната мобилност и поврзаност, образованието, вработувањето, претприемништвото, волонтерството, младинските иницијативи, како и улогата на младите во пошироките реформски процеси поврзани со економскиот развој, миграцијата, безбедноста, социјалната кохезија и европската интеграција. Во таа насока, министерот Велковски информираше дека во државата се работи на концепт за единствен национален агрегатор за млади, преку кој на едно место ќе бидат достапни информации за програмите и можностите што ги нудат државните институции, општините, младинските организации и другите релевантни чинители во општеството. „Верувам дека ваквиот пристап во иднина може да добие и регионална димензија. Нашата амбиција треба да биде еден млад човек во Скопје, Подгорица, Сараево или Тирана лесно да може да ги види можностите што му се достапни не само во сопствената земја, туку и во регионот,“ истакна Велковски. Министерот во рамки на дискусиите потенцираше дека младите треба да имаат реална можност да учествуваат во идентификувањето на предизвиците, предлагањето решенија и следењето на резултатите, на локално, национално и регионално ниво. Посебен акцент беше ставен и на поврзувањето на националните младински политики со пошироките реформски процеси. Во тој контекст, Националната стратегија за млади 2023–2027 и Акцискиот план 2026–2027 се препознаваат како важни механизми за поврзување на младинските приоритети со реформите во областите кои директно влијаат врз младите. Една од темите на состанокот беше и RYCOncile – Фондот за млади на RYCO, како практичен механизам преку кој политичките заложби за младите треба да се претворат во конкретни можности и активности. Фокусот е на поддршка на младински иницијативи, регионална соработка, мобилност, учество, инклузија и социјална кохезија. Одржувањето на Министерскиот состанок има за цел да придонесе кон понатамошно јакнење на регионалната младинска соработка и да ги поврзе политичките определби со конкретни механизми за нивна реализација. Учеството на Македонија на овој висок политички форум е можност за размена на искуства и добри практики со земјите од регионот, за зајакнување на регионалната координација во младинските политики и за отворање простор за нови иницијативи и механизми што ќе придонесат кон поголемо учество и поврзаност на младите.Тагови: Велковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter