Штајнмаер од Минхен: Администрацијата на Трамп не ги следи воспоставените правила - Канал 5

Штајнмаер од Минхен: Администрацијата на Трамп не ги следи воспоставените правила

-Новата американска администрација има многу поинаква визија за светот од нас, која не ги зема предвид воспоставените правила, партнерства и изградената меѓусебна доверба.

Штајнмаер од Минхен: Администрацијата на Трамп не ги следи воспоставените правила

Американската администрација „не ги почитува воспоставените правила“ и Европа ќе мора да може „да се справи со ова“, изјави денеска германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер за време на отворањето на Минхенската безбедносна конференција.

Тој нагласи дека „недостигот на правила не треба да стане модел за нов начин на организирање на светот“.

-Новата американска администрација има многу поинаква визија за светот од нас, која не ги зема предвид воспоставените правила, партнерства и изградената меѓусебна доверба. Не можеме да го промениме ова, но мора да го прифатиме и да се справиме со тоа, истакна Штајнмаер.

„Не е во интерес на меѓународната заедница овој светоглед да стане доминантна парадигма“, нагласи шефот на германската држава.

Претседателот на водечката европска економија го критикуваше Вашингтон и за концентрацијата на политичката и економската моќ во рацете на Доналд Трамп.

-Верувам дека во моментов во Соединетите Држави се формира историски невидена концентрација на технолошка, финансиска и политичка моќ, предупреди Штајнмаер. „Како демократ, многу ми пречи кога малата деловна елита има моќ, средства и волја да ги редефинира повеќето правила на играта на либералните демократии“, истакна тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Притвор за жената што нелегално наплаќаше влез во локалитетот „Камени Кукли“

Случајот со нелегалното наплаќање влезници се актуелизираше по сведоштва на посетители објавени на социјалните мрежи, на чии видеа се гледа дека биле спречувани да влезат доколку не платат.

Притвор за жената што нелегално наплаќаше влез во локалитетот „Камени Кукли“

Кратовчанката која наплаќаше влез во Камени Куклици заврши во притвор. 41-годишната Стојна Димитровска, според обвинителството, подолг период бесправно го узурпирала заштитениот локалитет „Куклица“, без правен основ им наплаќала влезници на посетителите, влегувала во расправии и им упатувала закани. И покрај претходно изречената забрана да го посетува локалитетот, таа продолжила со истото однесување, а при последниот инцидент физички нападнала и полициски службеници кои се обиделе да ја легитимираат и приведат, а заедно со нејзиниот сопруг и претходно биле инволвирани и во спречување пазарни инспектори при вршење службени дејствија.

-При последниот инцидент осомничената презела и дејствија на кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие, односно физички ги нападнала и ги спречила полициските службеници кои се обиделе да ја легитимираат и приведат. Од тие причини кои укажуваат на опасност од бегство, но и на јасна тенденција осомничената да продолжи да врши кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот на јавниот обвинител е прифатен и судот со решение ја определи притворската мерка. – соопштија од Обвинителството

Случајот со нелегалното наплаќање влезници се актуелизираше по сведоштва на посетители објавени на социјалните мрежи, на чии видеа се гледа дека биле спречувани да влезат доколку не платат. Според нив, на дел од туристите им биле наплаќани по 10 евра од лице, а при претходни посети и до 20 евра, со објаснување дека локалитетот „Камени кукли“ е приватна сопственост.

Проблемот со узурпацијата на заштитеното природно подрачје, според надлежните, се провлекувал долг временски период. Од Општина Кратово посочија дека за случајот алармирале уште во 2015 година, а во 2024 година биле поднесени и кривични пријави

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Гостивар и денеска тема на политички обвинувања

Не запираат меѓупартиските обвинувања за тоа кој е виновен за загадената вода во Гостивар и колку често проблемите се повторувале во минатото.

Водата во Гостивар и денеска тема на политички обвинувања

Од СДСМ ја лоцираат одговорноста кај премиерот и министерот за здравство, и повторно го повикаа обвинителството да отвори истрага. Велат дека тие имаат различни препораки до граѓаните за употреба на водата, иако се утврдило дека таа содржи опасна бактерија и треба да е целосно забранета.

-Сега и официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот. Ова е страшна информација. Обвинителството мора веднаш да отвори истрага, мора да има кривична одговорност за: Христијан Мицкоски, Сашо Клековски, Сите одговорни лица во институциите кои молчеа и не презедоа мерки додека беше загрозено здравјето на илјадници граѓани. - Елена Радеска - СДСМ

СДСМ се обидува политички да профитира од состојбата во Гостивар, а кога беа на власт не ги решавале ваквите проблеми – велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партиската говорница повторно покажаа документи со кои тврдат дека во 2022, 2023 и 2024 година имало неколку случаи со потврдена небезбедна вода за пиење токму во Гостивар, а воопшто немало забрана за употреба на истата.

-Документите кои ги проследуваме секојдневно до јавноста, покажуваат дека во периодот кога СДС беше на власт, а институциите беа под нивна надлежност, имало бројни случаи на небезбедна вода за пиење, но тие не наишле на решавање од страна на тогашната власт. Наместо денес да држат лекции, СДС и Венко Филипче треба да одговорат зошто со години не презеле мерки за решавање на проблемите со водоснабдувањето, но и со безбедноста на водата за пиење во Гостивар, но и во сите други населени места. - Валентин Манасиевски - портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

За епидемијата во Гостивар која е прогласена официјално од 19 јули, градоначалникот кој доаѓа од партијата на Таравари Валбон Лимани кажа дека не чувствува лична одговорност. Засега во 30 дневен притвор се Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, раководителите од Јавното претпријатие „Комуналец“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седница на главниот штаб за кризи посветена на состојбата со водата во Гостивар

Додека трае топлотниот бран, во Гостивар се уште нема питка вода. 

Седница на главниот штаб за кризи посветена на состојбата со водата во Гостивар

Во Центарот за управување со кризи во моментов во тек е седница на главниот штаб посветена на состојбата со водата, таму е Маја Стојановска.

Дали наскоро гостиварци ќе добијат чиста вода за пиење?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер