Шпионска афера во Србија- Уапсени две лица , кои шпионирале за Хрватска - Канал 5

Шпионска афера во Србија- Уапсени две лица , кои шпионирале за Хрватска

Српската агенција за безбедносни информации (БИА) денеска објави дека се покренати обвиненија против две лица во Србија за шпионажа по наредба на членови на хрватските безбедносни и политички структури.

Шпионска афера во Србија- Уапсени две лица , кои шпионирале за Хрватска

Поднесени се кривични пријави до Вишото јавно обвинителство во Сремска Митровица против Никола Кајкиќ и Дражен Летиќ, се вели во соопштението „со цел загрозување на националната безбедност на Србија, меѓународните политички и економски интереси на земјата“.

Врз основа на собраните информации, Летиќ е осомничен дека , како поранешен член на српскиот МУП, „бил ангажиран да собере информации поврзани со разузнавачки информации на територијата на Србија“, со материјална компензација и по наредба на членови на хрватските безбедносни и политички структури.

Според БИА, двајцата осомничени ги пренесувале информациите до хрватските разузнавачки кругови и презеле други активности за помош на работата на хрватските разузнавачки структури.

Според БИА, Летиќ е дел од мрежа составена од повеќе српски државјани, наводно формирана и користена од Никола Кајкиќ, роден 1973 година, хрватски државјанин, инспектор во Одделот за борба против тероризам и екстремно насилство на полицискиот оддел Вуковар-Срем.

Мрежата служи за собирање разузнавачки информации, регрутирање лица на територијата на Србија да соработуваат со хрватското судство и „да се добие документација што би била злоупотребена за надворешни цели за да се дискредитира Србија“, соопшти БИА, додавајќи дека Кајкиќ бил во најинтензивен период. Тој исто така работел како началник на тимот за истраги за воени злосторства.

Тимот бил формиран заеднички со хрватскиот МУП, хрватското правобранителство (ДОРХ) и хрватската разузнавачка агенција за да ги започнат истрагите за воени злосторства „извршени против лица со хрватско потекло за време на граѓанската војна во Хрватска, а особено во случаи што веќе се склучени со правно обврзувачки пресуди на Специјалното одделение за воени злосторства на белградскиот окружен суд “, се вели во соопштението на БИА.

Агенцијата забележа дека „Кајкиќ нелегално го извршувал ангажманот на територијата на Србија, спроведувајќи тајни, заговорни и разузнавачки активности, покрај постојните процедури и официјалните канали на комуникација и соработка што постојат меѓу полицијата и судската структура на двете држави“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад

СДС го изгуби компасот веќе не знаат каде тераат. Навреди, закани и ширење говор на омраза е нивното однесување кон јавноста, кон медиумите, кон ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ: Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад

РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА БОГДАНКА КУЗЕСКА

Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад

СДС го изгуби компасот веќе не знаат каде тераат. Навреди, закани и ширење говор на омраза е нивното однесување кон јавноста, кон медиумите, кон ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Нам ни е јасно дека СДС се спремни да ги искористат сите нечовечки механизми за да пробаат да го нарушат угледот и честа на претседателот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Но, ова веќе ја прели чашата.

Со кое лице Кузеска и СДС обвинуваат за некаков криминал, кога тие и нивниот врховен лидер Заев, аболициран криминалец со тапија, и неговиот другар Филипче, несуден криминалец затоа што го штитат судиите и обвинителите кои Заев со Ахмети ги бираше од нивните тефтери во Муртино и Зајас.

Со кое лице Кузеска и СДС говорат за српски свет кога тие со Заев и Филипче се основоположници на српскиот, рускиот и кинескиот свет во Македонија. Ги носеа бизнисмените како Онишченко, Марковски и Дака да им вршат криминални услуги и да ги крадат парите од државниот Буџет.

Лицемерие на највисоко ниво!

Фирмите со нелегална марихуана блиски до Зоран и Вице Заеви, нека кажат како поминаа тони дрога од државата? Зошто беа пронајдени над 40 тони дрога токму кај фирмите блиски до Заеви?

Нека кажат Филипче и Заев, како менуваа ДУП-ови во Дојран за нивните браќа да градат фотоволтаични централи?

Еден криминалец со тапија, другиот криминалец без тапија!

Менуваа кривичен законик за да не одговараат и да се ослободат од сите матни зделки што ги правеа.

Истото што го правеше Вучиќ го правеа и тие! Му се поклонуваа, му се извинуваа и го величаа додека беа на власт, а сега преку 1000 прес-конференции нема да можат да се исперат.

И додека слават победи на други партии во други држави, а нивните сестрински партии имаат незначителни резултати, СДС во Македонија е трета, четврта или петта партија.

Наместо да си го гледаат сопствениот двор, и да стават прст на чело зошто рејтингот им стагнира, тие се занимаваат со глупости.

П.С. Ќе победат ли и вечер на изборите во Израел?

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ГРК Охрид и Алкалоид ги дознаа противниците во 3. коло од ЕХФ купот

Бранителот на трофејот Охрид и победникот од пред две сезони Алкалоид  денеска ги дознаа противниците во 3. коло од ЕХФ европскиот куп.

ГРК Охрид и Алкалоид ги дознаа противниците во 3. коло од ЕХФ купот

Aктуелниот освојувач на ЕХФ европскиот куп Охрид за противник на денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ во Виена, ја доби литванска Клаипеда.

Победникот од пред две години, пак Алкалоид ќе има незгодна задача против словенечкиот Горење Велење.

Првите натпревари од оваа рунда се закажани за 21. и 22. ноември, додека реваншите ќе се одиграат една недела подоцна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пристигна „Одисеја“ генерирана од вештачка интелигенција: Погледнете ги првите 7 минути

„Grok“ ги објави првите седум минути од својата верзија на „Одисеја“, создадена со помош на вештачка интелигенција.

Пристигна „Одисеја“ генерирана од вештачка интелигенција: Погледнете ги првите 7 минути

Три месеци откако Илон Маск најави дека „Grok“ ќе објави долгометражна, „историски точна“ филмска верзија на „Одисеја“, компанијата претстави седум минути материјал – кој сега се опишува како „прва епизода“ од нивната серија „Одисеја“.

Маск претходно остро ја критикуваше верзијата на „Одисеја“ на Кристофер Нолан, приговарајќи за вклучувањето на актери кои не се белци, како и на трансродови актери. На многу начини, Нолан претставува совршена спротивност на Маск: Додека извршниот директор на „SpaceX“ и „Tesla“ креира голема врева околу податочни центри во вселената и постојано „исфрла“ содржини генерирани од вештачка интелигенција, Нолан се опишува себеси како „техно-скептик“, истакнувајќи дека, пред појавата на вештачката интелигенција, никогаш не наишол на технологија која е „толку целосно отфрлена од јавноста“.

Иако „Одисеја“ на Нолан секако користеше многу визуелни ефекти, таа пред сè беше триумф на практичното филмско создавање – со продукција што се одвиваше во шест земји и вклучуваше актерска екипа и филмска екипа што брои илјадници луѓе. По премиерата во јули, филмот постигна извонреден успех на кино-благајните, при што билетите за проекциите во „IMAX“ беа распродадени со месеци однапред, а филмот се наметна и како сериозен кандидат за претстојните награди „Оскар“.

Што се однесува до верзијата на „Одисеја“ од „Grok“ (создадена во соработка со „Wonder Studios“ и режисерот Дев Вокер), можете да ја погледнете овде:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер