Шпанскиот готвач откри што имало на менито на Обама, Спрингстин и Спилберг: Се пиеше (ФОТО) - Канал 5

Шпанскиот готвач откри што имало на менито на Обама, Спрингстин и Спилберг: Се пиеше (ФОТО)

Поранешниот американски претседател Барак Обама е фотографиран на вечера во Барселона заедно со режисерот Стивен Спилберг и пејачот Брус Спрингстин.

Шпанскиот готвач откри што имало на менито на Обама, Спрингстин и Спилберг: Се пиеше (ФОТО)

Британски Гардијан пишува дека групата тајно резервирала места во елитниот ресторан Амар во хотелот Палас во четвртокот навечер, само неколку часа пред да пристигнат на вечера, што наводно им го препорачал шпанско-американскиот готвач Хозе Андрес.

Вработените во ресторанот до последен момент не знаеле кои се специјалните гости, а кога дошле и вечерале Обама, Спилберг и Спрингстин, се сликале со вработените во ресторанот.

„Задоволствата што ви ги носи оваа работа“, напишал еден од вработените Пол Перело и ја објавил заедничката слика.

Што се однесува до вечерата, готвачот на хотелот Амар, Рафа Зафра, за шпанската Кадена СЕР изјави дека Обама и неговото друштво дошле доста уморни, но дека биле расположени да пробаат сѐ.

„Ми се јави готвачот Хозе Андрес и ми рече дека тоа е многу важна маса и никому ништо да не кажуваме. Секако, почнав да истражувам и видов дека Обама доаѓа во Барселона и дека Спрингстин има концерт. “, изјавил готвачот и нагласил дека гостите биле расположени и дека сакале да пробаат сè, вклучително и школки, остриги, кавијар, а тврди дека испиле премногу.

„Оној што мораше да работи, најмалку пиеше“, рече Зафра, алудирајќи на Спрингстин и неговиот петочен концерт. Тој ја коментираше и заедничката фотографија.

„Луѓето од обезбедувањето ни рекоа да не ги бараме за фотографирање, но токму пред заминување, Обама влезе во кујната и ни кажа дека ова е еден од нивните најдобри оброци и дали може да се фотографира со целата екипа“, рече Зафра.

Вчера семејството на Обама било видено во разгледувањето на градот, а што се однесува до концертот на Спрингстин, кој се одржа вечерта, на него настапи и Мишел Обама, која пееше придружни вокали на песната Glory Days, а снимката е објавена на Твитер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Патнички воз во Есекс, источна Англија, излета од шините денес, помалку од 24 часа откако во сличен инцидент во воз на релација Лондон-Истборн беа повредени 20 лица.

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичана греда кога застанал, објавува Телеграф.

Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако лидерите во индустријата инсистирале дека железниците се безбедни за употреба во топло време.

Инцидентот се случил на најжешкиот ден во годината, кога температурите достигнале 38 степени Целзиусови.

Сликите од местото на несреќата покажуваат дека возот тргнувал од Саутенд Викторија кон Лондон Ливерпул Стрит во 13:51 часот.

Засега нема информации дали има повредени во инцидентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прекини на електричната енергија во четири азиски земји

Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан денес известија за прекини на електричната енергија, кои се случија „поради ненадејна промена во протокот на енергија“ од централноазиската мрежа, објави Министерството за енергетика на Казахстан.

Прекини на електричната енергија во четири азиски земји

Министерствата за енергија на сите четири земји, чии мрежи се меѓусебно поврзани, потврдија прекини на електричната енергија. Тие изјавија дека се работи на враќање на снабдувањето со електрична енергија.

Репортерите на Ројтерс во Алмати, најголемиот град во Казахстан, и Бишкек, главниот град на Киргистан, известија за прекини на електричната енергија. Локалните медиуми во Таџикистан известија за прекини во главниот град Душанбе и вториот по големина град Хуџанд.

Прекините на електричната енергија се чести во Централна Азија

Узбекистанските власти известија за прекини на електричната енергија во некои јужни делови од земјата, главно во близина на границата со Таџикистан.

Недостатокот на електрична енергија е честа појава во Централна Азија, каде што традиционалното потпирање на хидроенергија предизвикува проблеми бидејќи климатските промени ги прават хидроцентралите ранливи на недостиг на вода.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грција во пламен: Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот

Денес во регионите Варда и Илија во западен Пелопонез, Грција, избувна пожар, кој зафати ниска вегетација.

Грција во пламен: Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот

Според првичните информации, 20 пожарникари, седум возила и три авиони се вклучени во гаснењето на пожарот, објавува „Катимерини“.

Локалните самоуправи исто така даваат помош во гаснењето на пожарот, а на лице место се наоѓаат цистерни за вода и градежна механизација.

Западен Пелопонез моментално е под висока пожарна тревога.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер