Забраните се воведуваат на некои од најпопуларните туристички дестинации со цел да се стави крај на таканаречениот „пијан туризам“, пренесува Еуроњус.
Властите на островите, вклучително и Минорка и Мајорка, објавија денеска дека наметнуваат петгодишна забрана во градовите Аренал, Сант Антони де Портмани и Магалуф.
Покрај тоа што решија да ги забранат пијалоците со пониски цени, надлежните на Балеарите забранија и таканаречени пијани бродски забави, туристички тури што ги носат посетителите од бар до бар. Забрането е и скокање од балкони во хотелите.
Покрај тоа, на продавниците нема да им биде дозволено да продаваат алкохол по 21:30 часот. Баровите што нема да ги почитуваат овие забрани, ќе добијат казни до 60.000 евра и ќе бидат затворени до три години.
Балеарските острови се една од најпопуларните туристички дестинации во Шпанија. Во 2018 година ги посетиле 13,8 милиони туристи.