Во сабота, владата ќе им овозможи на жителите да излезат еден час за да можат индивидуално да спортуваат или да се шетаат.
„Ќе ја воведеме оваа мерка со распоред на часови кога не сите ќе може да излезат одеднаш за да избегне експлозивен излез“, рече министерот за транспорт, Хозе Луис Áбалос.
Министерот за здравство Салвадор Ила треба да го претстави планот што ќе им овозможи на жителите да излезат еден час во сабота. Се очекува да се утврди според возраста колку може некој да биде на улица.
Во земајат инфицирани се 213.435 лица, така што Шпанија сè уште има најголем број пациенти во Европа.
Денеска починаа 268 лица, најмалку во последниот месец. Шпанија со вкупно 24.543 смртни случаи има најголем број жртви на светот по САД, Италија и Велика Британија.
Лекарите и медицинските сестри излекувале 112.050 жители, повеќе од половина од заболените.
Околу 47 милиони луѓе се во своите домови од 14 март, одејќи само во продавници за храна, аптеки, болници, киосци, банки, бензински пумпи и на кратка прошетка на кучето. Децата се затворени 42 дена, а од неделата излегуваат по еден час во придружба на нивните родители.