МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
2МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
3ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче и Заев се главните кодоши и предавници, нивниот најдобар Коте од Руља е Жерновски, талог каков што нема да се повтори
Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
1Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
ФудбалПСЖ ќе му понуди нов договор на ДонарумаПари Сен-Жермен има намера да го продолжи договорот со голманот Џанлуиџи Донарума, пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио.Според изворот, парижаните ќе преговараат со 25-годишниот Италијанец по завршувањето на сезоната 2023/24. Управата на клубот сака да го направи голманот капитен на тимот. Донарума игра за ПСЖ од јули 2021 година. Во сезоната 2023/24 Донарума учествуваше на 40 натпревари во сите натпреварувања, прими 36 гола и ја зачува мрежата чиста 16 пати. Актуелниот договор на голманот со францускиот клуб е со важност до крајот на јуни 2026 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураКонцертот на Иван Наумовски и Елена Атанасовска – Ивановска насловен „Ideale“ на Бит ФестКонцертот носи внимателно одбран репертоар кој ги спојува големите имиња на руската, германската, италијанската и француската музичка традиција со македонското музичко наследство.На 15 август, со почеток во 20:00 часот во Офицерскиот дом, како дел од програмата на битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“ публиката ќе има можност да го проследи концертот „IDEALE“, на кој ќе настапат македонскиот бас - баритон и доцент по соло пеење Иван Наумовски и пијанистката Елена Атанасовска – Ивановска, вонреден професор на катедрата по клавишни инструменти при Факултетот за музичка уметност – Скопје. Концертот носи внимателно одбран репертоар кој ги спојува големите имиња на руската, германската, италијанската и француската музичка традиција со македонското музичко наследство. Публиката ќе има можност да слушне дела на Рубинштајн, Чајковски, Даргомижски, Штолц, Штраус, Шуберт, Тости и Ибер, меѓу кои и култната „Ideale“ од Тости, по која концертот го добива своето име. Особено место во програмата зазема и циклусот „Шансоните на Дон Кихот“ од Ибер, како и интерпретациите на македонските народни песни „Кога падна на Пирина“ и „Сношти минав покрај вази“, во обработка на Горан Начевски и Дарија Андовска. Иван Наумовски е еден од најафирмираните македонски вокални уметници од својата генерација. Бас-баритонот, кој е доцент по соло пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје, своето образование го надградува на престижните универзитети за музика и изведувачки уметности во Грац и Виена. Неговата професионална кариера опфаќа настапи на значајни оперски и концертни сцени во Европа и САД, како и учества на реномирани фестивали. Оперското деби го остварува во Опера Грац, а настапувал и во Македонската опера и балет, со репертоар кој вклучува повеќе значајни улоги. Особено важен момент во неговата кариера е дебито во 2025 година во Златната сала на Музикферајн во Виена, една од најпрестижните концертни сали во светот. Партнер на сцената ќе му биде Елена Атанасовска – Ивановска, вонреден професор на Катедрата по клавишни инструменти при Факултетот за музичка уметност – Скопје. Таа е препознатлива по префинетиот звук, елегантниот музички израз и богатото концертно искуство. Како солист и камерен музичар настапувала во повеќе европски земји, како и во САД, а соработувала со бројни истакнати домашни и странски уметници. Со својата богата програма, концертот „IDEALE“ ветува музичка вечер во која виртуозноста, емоцијата и раскошот на вокалната интерпретација ќе се сретнат со суптилноста и моќта на пијаното. БИТ ФЕСТ – 15 август, 20:00 часот, Офицерски дом – Битола. Вечер посветена на музиката, големите автори и врвните македонски уметници.Тагови: Бит Фест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоциЛажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен сообраќаен прекршок.Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен сообраќаен прекршок. Апелираме до граѓаните да бидат внимателни при користењето на интернет, да не се отвораат сомнителни линкови и пораки, никогаш да не споделуваат лични податоци, како што се броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори преку неовластени канали, да ја проверат адресата на испраќачот - официјалните институции и компании користат службени домени, да користат двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна заштита на нивните сметки и да пријават сомнителни пораки кај надлежните институции или во надлежната банка. СМС известувањата за направен прекршок треба да бидат од испраќач "MVR-SC". Во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото кое направило прекршок, и линк од следниот формат "https://safecountry.mvr.gov.mk..." Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи продолжува со активни истраги и преземање мерки за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче и Заев се главните кодоши и предавници, нивниот најдобар Коте од Руља е Жерновски, талог каков што нема да се повториСДС и актуелното раководство продолжуваат со лагите и хистеријата во јавноста.Денеска ова на прес-конференција го правеше нивниот Андреј Жерновски кој на јавноста и е познат по менување партии, неуспешна политичка кариера. Во суштина тоа се тие ликови на актуелното раководство на СДС кои реално се талогот на Македонија. Тоа се тие на кои им пречи се, им пречи Македонија, им пречат резултатите кои ги има оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, резултати кои граѓаните ги чувствуваат секојдневно. Им пречи стандардот на граѓаните кој од ден на ден се подобрува, им пречи што оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ достоинствено се грижи за идентитетот, им пречи што достоинствено и како никогаш до сега реализира достоинствено одбележување на 35 години независност на Македонија. Да му објасниме во оваа прилика на Жерновски. Ако Зоран Заев, Венко Филипче се главните кодоши и предавници, нивниот најдобар Коте од Руља е токму тој самиот Андреј Жерновски. Граѓаните на Македонија одлучија дека сакаат државата да оди напред, тие да одат напред и тоа се да се прави достоинствено како и што е сега. Андреј Жерновски едноставно е талог на Македонија кој тешко дека ќе се повтори.Тагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook