Шпанците открија што му шепна Ѓоковиќ на Модриќ - Канал 5

Шпанците открија што му шепна Ѓоковиќ на Модриќ

Новак Ѓоковиќ му гостуваше на Реал Мадрид на натпреварот против Атлетико кој се одигра во рамките на 32. коло во шпанското првенство.

Шпанците открија што му шепна Ѓоковиќ на Модриќ

Натпреварот го реши брилијантниот гол на Феде Валверде во третата минута од судиското надополнување, а победата од 1-0 го задржа Реал во трката за титулата во Ла Лига. По натпреварот, Ѓоковиќ накратко се дружеше со играчите и раководството на клубот.

Мадридскиот гигант му подари на Ѓоковиќ дрес со неговото презиме и број 1, што го потврди и фотографијата на која српскиот тенисер е во друштво на претседателот на клубот Флорентино Перез. Реал објави и видео од Ѓоковиќ како ги поздравува играчите.

Воодушевен од голот на Валверде

Некои шпански медиуми открија што му рекол на Лука Модриќ откако се поздравил со капитенот на клубот. Пишуваат дека со пцовка на Модриќ му шепнал на уво: „Не ми се верува како постигна гол“.

Дел од шпанските медиуми потсетуваат дека ова не е прв пат Ѓоковиќ да го следи натпреварот на Реал во живо и дека негува некои пријателства во тимот на мадридскиот гигант. „Лука Модриќ е мој пријател, често разговараме“, изјави Ѓоковиќ.

Видео: Дензел Вашингтон ги загуби нервите на црвениот тепих во Кан

Холивудската ѕвезда, актерот Дензел Вашингтон ги загуби нервите на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Кан, и започна вербална расправија со еден од многубројните фотографи. Оскаровецот Дензел Вашингтон се најде во центарот на вниманието пора

Видео: Дензел Вашингтон ги загуби нервите на црвениот тепих во Кан

Дензел дојде на фестивалот за премиерата на неговиот нов филм „Highest 2 Lowest“. 70-годишната Дензел разговараше со колешката А$АП Роки додека многубројните фотографи ги повикаа.

Според очевидци, фотографот сакал да го привлече вниманието на Дензел и го фатил за рака. Ова многу го налутило славниот актер.

Дензен се свртел кон фотографот и го предупредил да престане. Фотографот, како што се гледа на видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, се насмевна и повторно посегна по раката на актерот, но Дензел нагло ја повлече неговата рака и повтори: „Престани“. Тој беше видно вознемирен.

Малата вербална расправија на црвениот тепих не го спречи Дензел Вашингтон да слави на филмскиот фестивал.

Дензел, режисерот Спајк Ли и А$АП Роки добија овации за нивната работа на филмот, кој е прва соработка на Дензел и Спајк по речиси 20 години.

Девојка на фудбалска ѕвезда: „Бев ѕвезда на филмови за возрасни, сега станав домаќинка“

Атрактивната Тијана е во врска со познат фудбалер, а сега со едно видео го запали интернетот!

Девојка на фудбалска ѕвезда: „Бев ѕвезда на филмови за возрасни, сега станав домаќинка“

Тијана Трамп, која е позната актерка во филмовите за возрасни, со објава на социјалните мрежи ги изненади следбениците на социјалните мрежи.

Атрактивната Тијана која е во долгогодишна врска со познатиот фудбалер и поранешен ас на Арсенал, Николас Пепе, сега се чини сака да му стави крај на контроверзниот живот, актерката изгледа решила да ја прекине успешната кариера и да му се посвети на семејството??!

Тијана сега повторно привлече големо внимание откако преку социјалната мрежа Snapchat сподели видео на кое пере алишта со краток коментар:

- Неверојатно е колку брзо ја променив кариерата. Бев порно ѕвезда, а сега сум домаќинка!

Таа потврди дека односот меѓу неа и фудбалерот оди во добар правец и дека е задоволна. Тие двајца во ноември минатата година официјално признаа дека се во емотивна врска и дека сега уживаат.

Пепе моментално го носи дресот на Виљареал за кој сезонава одигра 27 натпревари и постигна три гола и шест асистенции, како и важна асистенција против Барселона. Се чини дека најде конечен мир и на теренот и во приватниот живот.

Кумановци собраа 247.218 парчиња отпад преку повратните вендинг машини на „Пакомак”

Над седум илјади килограми отпад  се собрани и одложени во општина Куманово, а граѓаните собраа и одложија скоро 250.000 пластични шишиња и лименки, соопштија денеска надлежните од општината.

Кумановци собраа 247.218 парчиња отпад преку повратните вендинг машини на „Пакомак”

Жителите на Општина Куманово покажаа грижа за животната средина со тоа што во изминатите две години се собрани и правилно одложени дури 7.172 килограми отпад. Според податоците што ги обезбеди „Пакомак“, во локалната самоуправа се собрани и одложени 247.218 шишиња и лименки преку ПВМ, Куманово се наоѓа меѓу десетте општини со најголем број собрани парчиња отпад во државава. Куманово ја доби својата прва повратна вендинг машина (ПВМ) за одложување на отпад во 2023 година и оттогаш граѓаните ја користат, што придонесува за поставување на уште неколку вакви машини на повеќе локации во општината. Поставувањето на повратни вендинг машини е поддржано од Швајцарската амбасада заедно со „Пакомак“ инвестираат во подобрување на отпадната инфраструктура и во зајакнувањето на еколошките практики во земјава.

„Зелените поени“ на „Пакомак“ се добиваат за секое одложено шише или лименка, а потоа преку различни опции на апликацијата ЕкоМак, корисниците можат да одберат на што ќе ги потрошат: плаќање сметки, комунални трошоци, донации и слично. Локалната самоуправа дава голем поттик за граѓаните, со тоа што ги финансира „зелените поени“, на тој начин зголемувајќи ја нивната вредност. Ова придонесува за поголем интерес на граѓаните и значително зголемување на бројот на корисници во однос на општините, кои не ги финансираат поените. Моментално на територија на општина Куманово регистрирани се 1.193 корисници, чија бројка се зголемува.

-Вложувањето напор, време и средства за подобрување на отпадната инфраструктура во Општина Куманово навистина вродува со плод. Тоа се забележува не само во почистата околина, туку и во нивото на свеста за еколошките теми, кое постојано расте. Благодарност до „Пакомак“, но и до граѓаните, кои покажуваат дека се подготвени и имаат волја да направат нешто добро за својата општина, изјави градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Општина Куманово апелира до сите граѓани да внимаваат каде го одложуваат отпадот и да бидат сигурни дека ќе заврши на вистинско место.

притисни ентер