Шон Пен е загрижен за неговата безбедност по документарниот филм

Адвокатите на Шон Пен ја предупредиле компанијата “Нетфликс” дека нејзиниот нов документарец за мексиканскиот нарко дилер Ел Чапо ја става во опасност холивудската ѕвезда.

Актерот се сретна со криминалецот, чие вистинско име е Хоакин Гузман, во октомври 2015 година .

Според писмото на адвокатот Тиодор Бутрус Џуниор до раководителите на “Нетфлик”, цитирано од весникот. “Њујорк тајмс”, на нивните раце “ќе има крв , ако овој филм предизвикува телесни повреди “на Пен.

Според актерот филмот наречен “The Day I Met El Chapo”, навестува дека тој помогнал за фаќање на Гузман од американските власти и може да стане повод за напади врз него од се уште верните луѓе на Ел Чапо.

Филмот ја обработува средбата на Ел Чапо со Шон Пен и мексиканската актерка Кејт дел Кастиљо, кој во тоа време беше еден од најбараните луѓе во светот.

По неа, Пен напишал статија за списанието Ролинг Стоун објавена на денот кога бил уапсен Ел Чапо.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер