Шолц во Киев вети уште 650 милиони евра помош за Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска пристигна во ненадејна посета на Украина за прв пат по повеќе од две и пол години .

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска пристигна во ненадејна посета на Украина за прв пат по повеќе од две и пол години и веднаш по неговото пристигнување најави дека ќе го информира претседателот на Украина Володимир Зеленски за пакетот воена помош во износ од 650 милиони евра.

Во исто време, портпаролот на германското Министерство за одбрана, Митко Милер, на брифинг во Берлин изјави дека воената помош од 650 милиони евра што Шолц ја најави по пристигнувањето во Киев е дел од голем пакет вреден 1,4 милијарди евра, ветен уште во октомври, пренесе Укринформ.

„Зборуваме за акции објавени уште во октомври оваа година како дел од пакетот од 1,4 милијарди евра“, рече Милер.

Тој наведе дека пакетот помош ќе вклучува опрема за противвоздушна одбрана, на пример, преносни системи MANPADS, IRIS-T SLS и SLM, оклопни возила, како тенкови Леопард 1, БМП, извидувачки дронови, зимска опрема, топлински генератори и други.

Милер потсети дека се развиени вкупно околу 50 проекти за воена помош на Украина, кои треба да бидат реализирани до крајот на годинава. Според него, испораките се одвиваат брзо овие месеци. Посетата на Шолц на Украина дојде само неколку недели откако Зеленски го критикуваше за неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, пренесе АП.

Разговорот се одвиваше во услови на раширени шпекулации за тоа што новата администрација на новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе значи за Украина, откако идниот претседател вети дека ќе стави крај на конфликтот, наведува американската агенција.

Зеленски во петокот ненадејно сигнализираше дека кандидатурата за членство во НАТО за територија контролирана од Киев може да стави крај на „жешката фаза од војната“ во Украина. Шолц ја посети Украина пред предвремените германски избори кои се очекуваат во февруари, објави АП.

На почетокот на кампањата, Шолц укажа на статусот на Германија како втор најголем снабдувач на оружје за Украина, а исто така ја нагласи неговата „претпазливост“ во работата за спречување на ескалација на војната и одбивањето да испорача крстаречки ракети со долг дострел Таурус.

Шолц беше внимателен во врска со разговорите за забрзано членство на Украина во НАТО, наведува американската агенција. Во последните месеци тој ја истакна важноста да се најде пат кон мирот, нагласувајќи дека не смее да биде избран на сметка на Украина.

„Повеќе од 1.000 дена Украина херојски се бранеше од безмилосната руска агресивна војна. Со оваа посета сакам да изразам солидарност и јасно да кажам дека Германија ќе остане најсилниот поддржувач на Украина во Европа“, рече Шолц. пристигнување во Украина.

Ова е втора посета на германскипот канцелар на Украина од почетокот на војната во таа земја.

Дневен хороскоп за 17. јануари 2025 година

Дневен хороскоп за петок, 17. јануари 2025 година. 

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе се прашувате колку вреди вашата врска или односот. Очекувавте нешто повеќе , а до тоа треба уште да поработите.

Кариера

Минливи издатоци што не биле планирани , малку ќе ве загрижат. Сепак , набргу ќе најдете начинза тоа да го надоместите.

Здравје и совет

Планирајте ги работите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Во попладневните часови вашата сакана личност ќе престане да ги повторува своите барања и ќе се симне на земја.

Кариера

Ќе бидете кооперативни , иако нема во се да се согласите со соработниците. Но , овој зрел пристап подоцна ќе донесе резултати.

Здравје и совет

Проверете си ја крвната слика.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашата љубезност и шарм ќе ви донесе уште некое познанство или дополнителни поени во веќе постоечката врска.

Кариера

Треба да се потпрете на конкретните резултати , што можат да се измерат. Само така ќе може да продолжите кон успесите.

Здравје и совет

Бидете умерени.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Доколку се фокусирате на својата смиосла за хумор, ќе успеете да победите и да ги оттргнете своите љубовни грижи.

Кариера

Иако изгледа како еден наизглед неважен проблем да е решен , но вие сте личноста која треба да се потруди за се да биде како што треба.

Здравје и совет

Бидете сериозни.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашиот љубовен план би можел да ве изневери. Не е ниту паметен , ниту морален. Подобро да ги послушате пријателите.

Кариера

Денеска нема да бидете реални во проценките на работата. Потребно е што повеќе да се поврзете со другите и да ги следите.

Здравје и совет

Претерувате со консумација на слатки.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Поголем дел од денот ќе го минете во разгледување на вашите приоритети во љубовниот живот. Ќе има тука големи дилеми.

Кариера

Нема да бидете целосно задоволни од со финансиската состојба , а во исто време ќе бидете склони кон трошење.

Здравје и совет

Најдете златна средина.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе биде потребна дипломатија зџа вие и саканата личност да ги усогласите ставовите на кој начин ќе уживате.

Кариера

Пазете се од илузии и заблуди . Денеска нема да бидете објективни во проценките.

Здравје и совет

Не претерувајте со алкохолот.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Пред вас се нови предизвици , што ќе ве инспирираат за поголема активност во љубовта. Ќе најдете рамнотежа.

Кариера

малите финансиски издатоци ќе го направат овој ден малку нестабилен , но тоа е минливо.

Здравје и совет

Можна е кашлица.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Некои ќе бидат доста слаткоречиви и брзи во делењето комплименти. Не забаровајте да бидете убедливи.

Кариера

Ќе знаете да се прилагодите кон секоја нова ситуација , зашто вашиот шарм и способност за дипломатија ќе бидат на завидно ниво.

Здравје и совет

Останете свои.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашиот живот ќе биде уреден ; а вие ќе бидете оптворени за секој предлог на партнерот. Ќе ја користите и интуицијата во љубовта.

Кариера

Се наоѓате во фаза на истраѓување на малите нешта , што би можеле да придонесат кон поголем успех во работењето.

Здравје и совет

Доаѓате до нови решенија.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Денеска ќе добиете можност заедно да се тргнете од вообичаените места на движење било преку излет или патување.

Кариера

Веројатно уште подобро ќе се поврзете со колегите , кои не се од местото каде што работите. Тоа ќе биде конструктивна соработка.

Здравје и совет

Проверете го автомобилот.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денеска ќе блескате и ќе се обидете да ја привлечете личноста што ви е симпатична. Ќе настојувбате што побргу да преминете од зборови на дела.

Кариера

Без оглед што можете да сметате на поддршката од колегите , вие и натаму ќе имате потреба да се докажувате. Тоа е професионализам.

Здравје и совет

Смирете ги страстите.

Од понеделник 20 Јануари, почнуваат Само Вистина и Само Интервју

Секој работен ден не пропуштајте ја вашата и наша Само Вистина, четврток традиционално е резервиран за Само Интервју, каде ако не, на Канал 5 Телевизија, по вестите во 18 часот!

Од понеделник 20 Јануари, повторно сме со вас, со оригиналната, единствена и најгледана политичка емисија Само Вистина.

Продолжуваме со уникатниот и динамичен концепт, во емисијата во која се случуваат политички дуели кои долго ќе се паметат.

Секој четврток, не пропуштајте Само Интервју со Гоце Михајлоски, затоа што на сите прашања граѓаните имаат право да добијат одговор.

Од понеделник 20 Јануари, секој работен ден не пропуштајте ја вашата и наша Само Вистина, четврток традиционално е резервиран за Само Интервју, каде ако не, на Канал 5 Телевизија, по вестите во 18 часот!

Колку пати е нормално да станувате во текот на ноќта за мокрење?

 Ако се случува ова, здравјето ви е загрозено!

Одењето по мала нужда зависи од возраста, но луѓето треба да знаат кога нештата се невообичаени.

Ако сте меѓу оние кои често стануваат ноќе за да одат во тоалет, можеби не сте ни свесни дека во многу случаи тоа е сосема нормално. Болничките лекари објаснуваат дека повремената потреба за мокрење во текот на ноќта е сосема очекувана, особено ако сте помлади од 60 години.

Феноменот познат како ноктурија, или често мокрење во текот на ноќта, може да биде предизвикан од различни фактори. Според медицинската сестра Давина Ричардсон од британската организација „Бешика и црева- Обединето Кралство“, причината за оваа состојба може да биде пиење на повеќе течност пред спиење или прекумерно внесување на кофеин во текот на денот. Меѓутоа, ако се разбудите повеќе од еднаш во текот на ноќта, тоа може да биде сигнал дека нешто не е во ред со вашето здравје.

Имено, честото одење во тоалет во текот на ноќта може да биде показател за голем број здравствени проблеми - од релативно бенигни, како што се инфекции на уринарниот тракт до посериозни состојби како што се дијабетес, висок крвен притисок, рак на простата (кај мажите), па дури и срцеви заболувања.

Меѓутоа, како што минуваат годините, се менува „нормалниот“ праг за ноќно мокрење.

Како е кај луѓето постари од 70 години?

За луѓето на возраст над 70 години, според Националната здравствена служба на Обединетото Кралство (NHS) будењето двапати во текот на ноќта за одење во тоалет се смета за нормално. Во подоцнежните години, особено во деветтата деценија, оваа бројка може да се зголеми на четири пати во текот на ноќта. Ова е резултат на природното стареење, кога телото произведува помалку антидиуретичен хормон (ADH), кој го регулира задржувањето на водата и помага да се спречи дехидрирањето.

Меѓутоа, ако ноќното мокрење станува почесто и е придружено со дополнителни симптоми, како што се зголемена жед, нагло губење на тежината и заматен вид, тоа може да биде знак за дијабетес. Високото ниво на шеќер во крвта предизвикува зголемена жед, што резултира со почесто мокрење во текот на ноќта. Исто така, високиот шеќер во крвта го иритира мочниот меур, што дополнително може да ја зголеми потребата за мокрење.

Ако честото мокрење е придружено со болка во градите, оток на глуждовите или потење, тогаш може да укажува на проблеми со срцето. Лошата циркулација поради срцеви заболувања може да предизвика оток, а вишокот на течност што се апсорбира во крвотокот потоа ја зголемува потребата за често мокрење, објаснуваат од Британскиот здравствен сервис (NHS).

Честото мокрење може да биде знак на инфекција

Исто така, зголемената фреквенција на мокрење може да биде сигнал за инфекција на уринарниот тракт, која обично е придружена со чувство на печење при мокрење и промена на мирисот или бојата на урината. Други можни причини вклучуваат камења во бубрезите, хиперактивен мочен меур, одредени лекови, нарушувања на спиењето и прекумерно внесување течности.

„Ноктуријата може сериозно да влијае на квалитетот на сонот и секојдневното функционирање, што доведува до намален квалитет на животот и на целокупното здравје“, вели Ричардсон.

Иако во некои случаи тоа може да биде симптом на сериозни болести, често може да се подобри ако се промени животниот стил.

Совети за ублажување на симптомите на ноктурија вклучуваат намалено внесување на кофеин, газирани пијалоци и алкохол, избегнување на големи количини на течности пред спиење и намалено внесување на протеини навечер. Британскиот здравствен сервис препорачува последната чаша вода во денот да ја испиете околу 20 часот, наместо подоцна навечер, за да ја намалите потребата за мокрење во текот на ноќта. Исто така, важно е да се одржува добар хигиенски режим на спиење, бидејќи ноктуријата понекогаш може да биде поврзана со слаб квалитет на сон, што значи дека кога сте будни или имате лесен сон, ќе забележите нагони за почесто мокрење.

Сепак, од Британскиот здравствен сервис советуваат луѓето кои забележуваат чести ноќни посети на тоалетот да се консултираат со својот матичен лекар, за да може да се утврди вистинската причина и да се преземат соодветни чекори за лекување.

притисни ентер