Шолц противи брз влез на Украина во ЕУ

Германскиот канцелар Олаф Шолц вели дека не е склон да и дозволи на Украина да се приклучи на Европската унија „по скратена постапка“, бидејќи процесот на пристапување „не е прашање на неколку месеци или години“.

„Фактот дека нема кратенки за Украина на нејзиниот пат кон Европската унија е императив на правичност кон шесте земји од Западен Балкан кои со години сакаат да се приклучат на европскиот блок“, им рече канцеларот на пратениците во Бундестагот.

Тој потсети дека шест земји од Западен Балкан со години спроведуваат реформи и додаде дека „почитувањето на нашите обврски кон тие земји не е само прашање на кредибилитет“.

„Се работи за нашата сопствена безбедност што не може да се постигне без европски и стабилен Западен Балкан“, истакна тој.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба напиша на Твитер дека ги „навредува“ Украинците затоа што ги третираат како „граѓани од втор ред“.

„Стратешката нејасност кон европската перспектива на Украина, промовирана од некои европски престолнини во последниве години, не успеа и мора да заврши“, напиша тој.

Францускиот претседател Емануел Макрон, исто така, неодамна рече дека ќе бидат потребни „децении“ за кандидат како Украина да се приклучи на Европската унија и повика на поширок политички клуб надвор од европскиот блок на кој може да се приклучи и Британија.

Шолц верува дека Макрон е во право кога вели дека процесот на пристапување не е прашање на неколку месеци или години и смета дека најважно сега е „да се фокусираме на брза и прагматична поддршка за Украина“, пишува „Индекс.хр“.

Синот на Шерон Стоун стана актер

23 годишниот Роан Џозеф Стоун тргна по актерските стапки на својата славна мајка, холивудската ѕвезда Шерон Стоун.

Сексапилната актерка не го криеше задоволството што нејзиниот наследник стана актер, пишува Daily Mail.

Шерон Стоун воодушевене од новиот ангажман на синот на интернет објави фотографија од Роан.

"Роан Џозеф Стоун. Прв ден на снимање. Добре дојдовте во семејниот бизнис, дете. Забавувајте се", напиша гордата мама.

Честитки дојдоа од сите страни. Обожавателите напишаа дека е убав и едвај чекаат да го видат на големите или малите екрани.

Да потсетиме дека Шерон го посвои Роан со нејзиниот поранешен сопруг Фил Бронстин во 2000 година.

Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори

Демократски сојуз на сите полицајци и припадници на службите за безбедност, им го честита 7 Мај, ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА и им посакува успешно извршување на сложените безбедносни задачи.

Празникот се совпаѓа и со изборите за претседател на државата и за пратеници, каде за жал, улогата на полицијата е клучна за обезбедување стабилност и услови за мирни и фер избори.

Овие денови се клучни за да спречите нерегуларности, притисоци, купување на гласови, организирање на „Бугарски воз“ или нарушување на изборниот процес на кој било начин (насилство итн).

Инаку полицијата и службите за безбедност извршуваат тешки, одговорни и сложени безбедносни задачи, но последните години се со ниски примања. Така, главен оперативец задолжен за спречување и откривање на тешки кривични дела прима плата од околу 45 илјади денари, а јавен обвинител околу 130 илјади денари.

Затоа предлагаме двојно зголемување на платите и нивно усогласување со платите на обвинителите и судиите.

Честит празник!

Екипата од Туминец повторно најуспешна на велигденскиот фудбалски турнир на Општина Пустец

Фудбалската екипа од село Туминец е победник на годинaшниот турнир одржан во Долна Горица, општина Пустец. Младите фудбалери од Туминец беа подобри во финалето против екипата на Горна Горица.

Фудбалскиот турнир организиран од Општина Пустец, традиционално се одржува по повод големиот празник Христовото воскресение - Велигден, кога Македонците, кои живеат и работат во други земји, главно во соседните, се враќаат во родните села.

На турнирот, што годинава беше посветен на Васил Јанкула, кој почина на трети минатиот месец, учествуваa екипи од сите села на општината.

Градоначалникот Пали Колефски ѝ го врачи пехарот на фудбалската екипа на Туминец, предводена од капитенот Драган Вурмо, која повеќе години по ред е победник на велигденскиот фудбалски турнир.

- Најпрво ви го честитам големиот празник, Христовото Воскресение - Велигден, со желби за здравје и благосостојба. Честитки за победата, а и на сите учесници за фер однесувањето на натпреварите. Моја порака и голема желба, е, да продолжиме со оваа убава традиција, посака Колефски.

Сите екипи, учесници, како и досега, соодветно беа наградени од општината.

притисни ентер