ВМРО-ДПМНЕ: Нема потреба некој да ги посочи, СДС сами се препознаа дека е талог кој, како сидро, го влече народот во нихилизам и убивање на надежта
2ВМРО-ДПМНЕ: Нема потреба некој да ги посочи, СДС сами се препознаа дека е талог кој, како сидро, го влече народот во нихилизам и убивање на надежта
СветШокирани минувачи затекнале жена како гори на улица пред четирите деца- ужас во Германија Ужасен злостор се случил во Гослар, Германија - маж (50) наводно ја полеал својата сопруга (40) со бензин и ја запалил.Жената паднала низ прозорецот во пламен и починала во болница од тешките повреди. Незамисливото злосторство се случило во понеделникот наутро во населбата Гослар Окер, објави „Билд“. Според информациите од „Билд“, случајни минувачи пронашле жена како гори на улицата Ам Милеркамп во градот Гослар (Долна Саксонија во Германија). Четириесетгодишната жена очигледно паднала низ прозорецот од својот стан и веднаш била однесена во болница. Таму таа набрзо им подлегнала на тешките повреди. Маж ја запалил сопругата „Осомничен маж на возраст од 50 години е пронајден во станот и уапсен“, соопшти полицијата. Наводно, станува збор за сопругот на починатата. Според истражителите, осомничениот ја полеал сопругата со бензин и ја запалил. Сè уште не е јасно дали жената починала од тешки изгореници или од падот. Исто така, се истражува дали осомничениот ја фрлил низ прозорецот или таа скокнала во паника. Жената наводно била мајка на четири деца Според НДР, двојката има четири малолетни деца, кои исто така наводно биле во станот и сега се под старателство на Центарот за социјална работа. Полицијата го истражува убиството, а осомничениот треба да се појави пред суд. Властите засега не дадоа дополнителни информации.Тагови: Германија минувачи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалФИФА го кочи трансферот на Реал вреден 120 милиони евраОфицијалната објава за преминот на Јан Диоманде во Реал Мадрид е одложена поради спор меѓу двете агенции што го застапуваат играчот. Во конфликт се „Максидел менаџмент“ (Maxidel Management), во сопственост на Макс Градел, и „Рок Нејшн“ (Roc Nation), мултинационалната компанија на раперот Џеј-Зи. „Максидел“, агенцијата што посредуваше во трансферот на Диоманде од Леганес во Лајпциг минатата година, поднесе жалба до ФИФА. Тие тврдат дека Реал Мадрид преговарал со „Рок Нејшн“ – агенцијата што моментално го застапува играчот – и дека притоа бил прекршен нивниот претходен договор, пишува „АС“ (AS). Поради овој судир на агенциите дури и познатиот експерт за трансфери Фабрицио Романо минатата недела објави дека Диоманде договорил трансфер во Реал Мадрид за сума „поголема од 100 милиони“, а подоцна ESPN извести дека станува збор за трансфер вреден 122 милиони евра, плус дополнителни десет милиони во бонуси. Поради лошата објава на Романо се огласи и германскиот Лајпциг. Директорот на РБ Лајпциг, Филип Хинце, остро реагираше кон новинарот Фабрицио Романо, кој објави дека трансферот на Јан Диоманде во Реал Мадрид е веќе договорен: „Некои таканаречени експерти пред неколку дена напишаа дека трансферот е завршен и извикаа ’here we go‘ [препознатливата фраза на Романо – заб. на уред.]. Но, тоа не е точно; сè уште не сме стигнале до таа фаза“, изјави Хинце. Спорот не е само внатрешно прашање меѓу двете компании, бидејќи директно влијае на трансферот меѓу германскиот клуб и Реал Мадрид. Според прописите на ФИФА, оваа ситуација би можела да ја искомплицира регистрацијата на играчот. Реал Мадрид тврди дека не биле запознаени со спорот и сметаат дека тој не се однесува на клубот. Тие очекуваат конечната одлука да биде во нивна корист, иако трансферот моментално е во мирување. Едно од предложените решенија е издавање привремена дозвола за Диоманде додека не се решат правните аспекти на договорот, со оглед на тоа што сите други услови се веќе договорени. Износите и распоредот на плаќањата кон Лајпциг се утврдени, документацијата е подготвена, а договорот на играчот е изготвен. Сепак, конечната одлука зависи од ФИФА, која ја има примено жалбата и моментално ја разгледува. Меѓународното фудбалско тело строго ги регулира активностите на агентите и има овластување да го одложи, па дури и да го одбие внесувањето на трансферот во системот доколку постои спор во врска со правата за застапување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканФото: Драма во Србија, спасено момче заглавено на карпа висока 15 метриПогледнете ја акцијата за спасување на момче заглавено на карпа висока 15 метриДрамата во манастирот „Преображение“ во Овчар Бања заврши со успешна акција на пожарникарите-спасувачи, кои безбедно ги спуштија од стрмната карпа висока 15 метри заробеното момче и двајцата монаси, кои први пристигнале на помош. Вистинската драма се одвиваше синоќа во близина на манастирот „Преображение“ во Овчар Бања, кога момчето се искачи на непристапна карпа висока околу 15 метри, од која не можеше безбедно да слезе. Момчето дошло во манастирот со своите родители по повод празникот Преображение, кога во манастирскиот двор имало голем број верници и деца. Во еден момент, тоа се оддалечило и се искачило на стрмна карпа, а ситуацијата станувала сè поопасна. Кога виделе дека детето е во неволја, двајца монаси тргнале кон него за да се обидат да му помогнат, но и тие се нашле на непристапен терен. Набрзо на местото на настанот пристигнале припадници на Противпожарната и спасувачка единица и ја започнале сложената операција за извлекување. Со брза, смирена и професионална интервенција, пожарникарите-спасувачи успеале безбедно да ги спуштат момчето и двајцата монаси. Операцијата завршила без повреди, а детето било вратено кај родителите. Првите фотографии од местото на настанот сведочат за тешкиот терен на кој се одвивало спасувањето, но и за присебноста и храброста на припадниците на Противпожарната и спасувачка единица. Во знак на благодарност за успешното спасување, еден од монасите им подари икона на пожарникарите. Уште една интервенција беше успешно спроведена – без повреди и со безбедно враќање на детето во прегратките на родителите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотМЗ: Светска недела на доењетоДоење за одржлив почеток во животот – да го зајакнеме тоа што функционира!По повод Светската недела на доење, што годинава се одбележува под мотото „Доење за одржлив почеток во животот – да го зајакнеме тоа што функционира“, Министерството за здравство потсетува дека доењето е најприродниот и најбезбедниот начин на исхрана на новороденчињата и доенчињата. Мајчиното млеко ги обезбедува сите неопходни хранливи материи за правилен раст и развој, го зајакнува имунитетот, го намалува ризикот од бројни заболувања и придонесува за подобро здравје и на мајката и на детето. Согласно препораките на Комитетот за доење, УНИЦЕФ и СЗО, се препорачува исклучиво доење во првите шест месеци од животот, а потоа продолжување со доење, заедно со соодветна дополнителна исхрана, до две години или подолго, во согласност со потребите на детето и желбата на мајката. Министерството за здравство останува посветено на унапредување на здравствените политики што обезбедуваат поддршка за доењето, преку јакнење на капацитетите на здравствените установи, едукација на здравствените работници и континуирана поддршка на бремените жени, мајките и нивните семејства. По повод Светската недела на доењето, Министерството повикува на заедничка одговорност и поддршка од здравствените работници, институциите, работодавачите, семејствата и целата заедница, бидејќи создавањето услови за успешно доење е инвестиција во здравјето на сегашните и идните генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter