Шокантно, првата сопруга на Тито имала само 14 години - Канал 5

Шокантно, првата сопруга на Тито имала само 14 години

Првата сопруга на  доживотниот претседател на СФР Југославија Јосип Броз Тито имала само 14 годни, тие се венчале кога таа  била во поодмината бременост!!

Шокантно, првата сопруга на Тито имала само 14 години

Тито бил во Русија во заробеништво на царската руска војска за врема на Првата светска војна. Како војник на Австроунгарија Тито во 1915 година бил тешко ранет на источниот фронт. Заздравувањето му траело околу една година во тој период во Омск ја запознал младата Пелагија.

Првата сопруга на Тито била исклучителен убава жена. Тоа е Русинката Пелагија Денисова Белоусова – Полка со која Јосип Броз стапил во брак во Сибир.

Она што во денешно време би било во најмала рака чудно е фактот што убавата Пелагија кога го кажала судбинското „ДА„ имала само 14 години.

Полка или Пелагија која е родена во 1904 година во селско семејство кога се вљубила во Тито имала само 13 години, и била 11 години помлада од Јосип Броз.

Наклонетоста кон млади жени Тито ја задржал во текот на целиот живот.

Во 1918 година Полска станала официјална сопруга на Јоспип Броз и по неколку години тие двајца се преселиле во Југославија.

-Тоа биле тешки времиња за младата фамилија. Мајката на Јосип , Марија починала од шпански грип, а неговиот татко Фрањо почнал на пие, .Од петте деца која Полка му ги родила на Тито жив останал само синот Жарко роден во 1924 година, раскажал Миро Симчиќ, авторот на книгата „Тито без маска“.

Во средината на дваесеттите години на минатиот век Полка и Жарко се преселиле во Загреб. Убавата Русинка била домаќинка а подоцна се вработила како продавачка . Тие живееле во голема сиромаштија.

Во 1926 година Полка и пристапила на Комунистичката партија на Југославија, една година подоцна се запознала со пријателот на Тито Мирослав Крлежа. Таа учествувала и на повеќе демонстрации, по кој била и уапсена.

Јосип потоа станал професионален револуционер и се повеќе се занимавал со политика поради што во 1928 година и бил уапсен и осуден на затвор во траење од 6 години.

Полка кога сфатила дека сопругот Јосип ќе заврши во долгогодишен затвор одлучила да се врати во Советскиот Сојуз во што многу и помогнал пријателот на Тито , познатиот писател Мирослав Крлежа.

По враќањето дома Полка побарала и развод од Јосип, Тие двајца официјално се развеле по излегувањето на Тито од затвор и неговото доаѓање во Русија во 1936 година.

Првата сопруга на Јосип Броз Тито , Пелагија починала во Москва во 1967 година каде била и погребана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица со шунка

Во вторник (27.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Павлина Горгиева.

„Гответе со Дракче“ - Пица со шунка

Состојки за денешниот рецепт:

1 готово тесто за пица

100 гр. доматен сос

150 гр. шунка

150 гр. кашкавал

150 гр. печурки

50 гр. маслинки без семка

малку оригано и др. зачини по избор.

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на европската унија 2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на Европската унија 2026, во организација на Euronews, на кој ќе присуствуваат високи европски и регионални политички претставници.

Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на европската унија 2026

Во фокусот на самитот ќе бидат процесот на проширување на ЕУ, европската интеграција на земјите кандидати, регионалната соработка и предизвиците со кои се соочува унијата во однос на приемот на нови членки.

Сиљановска-Давкова ќе оствари средби со генералниот секретар на НАТО Марк Руте и со врховниот командант за Европа генералот Алексус Грегори Гринкевич во врховниот штаб на Сојузничките сили во Европа во Монс, а предвидени се средби и со претставници на европските институции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка

Народната банка го презеде управувањето со „Алта банка“тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори во „Алта банка“ Битола.

Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка

Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска ги преземаат надлежностите на досегашните органи на управување.Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките во периодот на администрацијата.

Администраторите ги преземаат овластувањата на Управниот и Надзорниот одбор, како и на Собранието на акционери.Тие имаат рок од 21 ден да ја утврдат состојбата во банката и да достават извештај.

Администрацијата е воведена за период од три месеци поради ризик за солвентноста на банката. Мерката следува откако на матичната „Алта банка“ во Белград ѝ беше одземена дозволата за работа.

Сопственикот од белград е известен да ги стави акциите на продажба.Доколку тоа не се случи, Народната банка ќе ги понуди на аукција, бидејќи има заинтересирани купувачи. Вчера гувернерот Трајко Славески во телевизиско гостување рече дека народната банка направила проверки пред давањето согласност за влез на Алта банка во Стопанска банка Битола.за таа цел, писмено се обратиле до европската централна банка и други регулаторни институции.

Според Славески, добиените одговори не покажале пречки за одобрување на трансакцијата.тој појасни дека согласноста била дадена на Алта Банка Белград, а не на физичко лице.во врска со сопственичката структура поврзана со Давор Мацура,кој е уапсен од властите во Белград рече дека не може да знае дали некој стои зад него .Одлуката за банката била донесена врз основа на предлогот на супервизијата и супервизискиот комитет.славески смирува дека наскоро ќе има поволен исход.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер