Шокантни тврдења: Диди во пијалоците на жртвите ставал средство за смирување на коњи?! - Канал 5

Шокантни тврдења: Диди во пијалоците на жртвите ставал средство за смирување на коњи?!

Тони Базби, адвокатот  кои што ги застапува новите обвиненија од 120 точки со кои се соочува уапсениот рапер, контроверзниот  Шон Диди Комбс, ја шокираше јавноста.

Шокантни тврдења: Диди во пијалоците на жртвите ставал средство за смирување на коњи?!

Адвокатот на прес конференција изјави дека раперот на своите „жртви“ во пијалоците им истурал средство за смирување на коњи, по што ги злоставувал. Станува збор за ксилазин, кој бил „виден“ откако биле тестирани одреден број наводни жртви.

Оваа информација го шокирала и самиот адвокат.

- Неколку луѓе (кои јас ги претставувам) беа тестирани и лекот беше пронајден во нивните организми. За многу од откриените супстанци можеби никогаш не сте ни слушнале. Еден таков е, на пример, ксилазин. Според нашите (тимски) истражувања, се користи за смирување на коњите - коментира тој. Потоа адвокатот на прес конференцијата посебно се задржал на случајот со жена, тогаш дваесетгодишна, која била поканета на одредена хотелска забава на еден рапер.

- Таа се израдувала на повикот и заминала на забавата.Каде го добила својот пијалок и откако го испила веќе не се сеќавала на ништо. Состојбата и била толку лоша што завршила во болница. Во нејзиниот организам е пронајден кокаин, како и ксилазин - објасни адвокатот пренесуваат локалните медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајфун и свлечиште направија хаос во Кина- има загинати и повредени, спасувачите во трка со времето (ВИДЕО)

Жителите на градот Гаопинг во кинеската покраина Џијангси се разбудија во хаос. 

Тајфун и свлечиште направија хаос во Кина- има загинати и повредени, спасувачите во трка со времето (ВИДЕО)

Во лизгање на земјиште предизвикано од обилните дождови загина најмалку едно лице, а 11 се водат како исчезнати, соопштија локалните власти.

Во раните утрински часови, лизгањето на земјиштето затрупа неколку згради и оштети 12 куќи, додека спасувачките екипи се бореа да пронајдат преживеани, објави кинескиот државен радиодифузер CCTV.

Трагичните сцени се резултат на тајфунот Саудел и студениот фронт што донесе обилни дождови и поплави во покраината Сечуан. Жителите беа заробени, патиштата беа оштетени, а клучните јавни услуги беа сериозно нарушени.

Гаопинг е погоден од екстремните временски услови што ја погодија Кина во последните месеци, особено во планинските области.

Тајфунот Саудел, 18-ти што ја погоди Кина оваа година, дополнително ја влоши ситуацијата кога во четвртокот по трет пат стигна до копното во округот Џијангпу, предизвикувајќи евакуација на десетици илјади луѓе поради предупредувања за силни ветрови и обилни дождови. Во соседната покраина Џијангси, тајфунот погоди 128.500 жители во 53 окрузи, принудувајќи речиси 8.700 луѓе да се евакуираат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар во хотел во Истанбул, евакуирани се голем број луѓе

Денеска во хотел во истанбулската населба Бакиркој избувна пожар, а пожарникарите евакуираа голем број луѓе кои биле во зградата.

Пожар во хотел во Истанбул, евакуирани се голем број луѓе

Пожарникарите реагираа на местото на пожарот, а операцијата за гаснење е во тек, објави Хуриет.

Засега нема информации за повредени.

Бакиркој е општина на европската страна од Истанбул, на брегот на Мраморното Море.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дрога е пронајдена кај кампери во Галичник, уапсени се петмина

Лишени од слобода пет лица во Галичник, при претрес во шаторите каде престојувале пронајдена марихуана, кокаин, таблети, следува пријава.

Дрога е пронајдена кај кампери во Галичник, уапсени се петмина

На 04.09.2026 во периодот од 19:20 до 20:45 часот, во с. Галичник на местото викано „Стопанче“, полициски службеници од ОВР Гостивар и ПО Маврово, во рамки на оперативна акција, лишија од слобода пет лица, А.Ј. (32), М.М. (38), К.С. (45) и В.В. (44) од Скопје, како и Р.Т. (38) од Куманово.

При претрес во шаторите каде престојувале лицата, пронајдени и одземени се повеќе пакувања со марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја, халуциногени печурки и таблети.

Лицата се задржани во ПС Гостивар за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер