Шокантни сцени и натаму ја тресат Индија, крематориумите преполни

Жетон за да се кремира телото на ближниот во семејството во Индија, ова правило е воведено по илјадниците дневно починати  во оваа земја од Ковид -19. 

Ситуацијата е ужасна и сведоци сме на целосен колапс на системот – вели за Канал 5 индискиот новинар Даниш Раза. За прв пат како што вели тој од независноста на Индија земјата е преплавена со мртви тела, а илјадници ги губат животите поради недостиг на кислород. Крематориумите се преполни, па за таа цел се користат и градските паркови, а стравувам дека најлошото допрва доаѓа – вели Раза.

-Ужасна е ситуацијата, крематориумите, гробиштата во Индија во моментов се преплавени со мртви тела. За прв пат во историјата на независна Индија, граѓаните добиваат жетони и им е кажано кој е нивниот број за чекање за да го кремираат мртвото тело. Замислете, таква е гужвата во крематориумите. Во последната недела за прв пат видовме дека најдобрите болници во Индија испратија СОС повици дека имаат залихи на кислород за неколку часови.-Даниш Раза – Новинар од Индија.

Вината за ваквата ситуација ја наоѓа во државните органи за кои вели дека целосно потфрлиле во справувањето со пандемијата. Според него, се работи за целосен системски неуспех, а високите бројки на новозаболени и починати се должат на изборите во неколку индиски сојузни држави, но и на големиот број на предизборни митинзи.

-Причината за ова е во целосната неподготвеност на индиската Влада. Владата имаше повеќе од 6 месеци да се подготви за ова катастрофа и имаше бројни извештаи и истражувања кои покажуваа дека ќе има втор бран, и треба да бидеме подготвени, но ништо не беше направено. И токму во овој втор бран ние имавме избори во двете најголеми држави во Индија, што исто така значеше масовни изборни митинзи, илјадници луѓе на улиците. И Владата сметаше дека не е пристојно да се спречат тие собири.-Даниш Раза – Новинар од Индија.

Индија изминатиот период забележува нови црни рекорди. Вчера повторно имаше над 300 илјади новозаболени, со што бројот на заразени во оваа држава достигна речиси 18 милиони и над 200 илјади починати. Пред неколку недели земјата го престигна и Бразил на неславната листа жаришта во светот, а единствена држава која има поголем број заразени е САД. Индискиот сој на вирусот кој излезе од потконтинентот се смета и за позаразен од останатите, а неговата варијанта е откриена во 17 земји ширум светот.

Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм

Шведската полиција приведе неколку лица и блокира голема област во Стокхолм откако патролата слушнала сомнителни истрели.

Полицијата ја блокира областа помеѓу мостот Диргарден во главниот град, Нобеловиот парк и црквата Оскар. Во оваа област е лоцирана Амбасадата на Израел.

Започната е истрага под сомнение за сериозни прекршоци со оружје.

Без струја дел од скопските општини Илинден и Кисела Вод

 Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Илинден и Кисела Вода, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 08:30 до 09:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „34“ во населбата Илинден, а од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Востаничка“ во општина Кисела Вода.

Во Скопје санкционирани 108 возачи

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 108 мерки за прекршоци во областа на сообраќајот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. 

Од нив, девет мерки се за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас...

притисни ентер