Шокантни обвинувања против Сталоне: Ја силувал полусестрата со години, а принудил и тинејџерка на секс во тројка - Канал 5

Шокантни обвинувања против Сталоне: Ја силувал полусестрата со години, а принудил и тинејџерка на секс во тројка

Актерот Силвестер Сталоне на полусестрата и исплатил 2 милиони долари отштета затоа што ја силувал со години, а обврзан е до крајот на животот да и плаќа по 16.000 долари месечно.

Шокантни обвинувања против Сталоне: Ја силувал полусестрата со години, а принудил и тинејџерка на секс во тројка
И ова не е динственото обвинение за силување против него, тинејџерка тврди дека ја присилил на секс со него и со телохранителот, во тројка.

Полицискиот извештај кој протече во јавноста содржи детали од обвинението на тогаш 16-годишната девојка која го запознала Силвестер Сталоне (71) во Лас Вегас.

Актерот тогаш го снимал филмот „На врвот“, а девојката го обвинила за вознемирување. Девојката со семејни пријатели била на одмор во хотелот во кој се снимале некои кадри на филмот.

Тинејџерката со Сталоне ја запознал актерот Дејвид Менденхел, кој во филмот го игра неговиот син. По неколку дена, девојката го сретнала славниот актер, кој тогаш имал 40 години, во ходникот и го замолила за автограм.

Сталоне неа и нејзините пријателки ги бакнал во образ. Наредниот ден, девојката пак се вратила на сетот и добила уште еден автограм, а таму ја дочекал телохранителот на актерот кој ја прашал дали би се противела на додворувањето на Сталоне. Одговорила дека тоа не би и пречело, а телохранителот и ги предал клучевите од хотелската соба на актерот. Кога пристигнала, актерот ја дочекал, ја однел во собата, и според нејзините зборови, имале секс.

– Ме праша дали сум имала секс со двајца мажи истовремено. Му реков – не, а тој го повика телохранителот кој се криеше во бањата да ни се придружи – раскажала девојката во полицијата.

Тинејџерката рекла дека Сталоне ја принудил на неговиот телохранител да му пружи орален секс, држејќи и ја главата. Потоа, тогаш 27-годишниот телохранител, рекла девојката, во неа пенетрирал. Кога се било готово, актерот и телохранителот и се заканиле на девојката.

– Ми рече дека двајцата се оженети мажи и дека, ако кажам некому што се случило, ќе ме претепаат – тврдела девојката.

Во полицискиот извештај стои дека девојката, раскажувајќи за деталите, цело време плачела и се тресела.

Таа веднаш не го пријавила злоставувањето, бидејќи била преплашена и понижена. Полицијата ја пронашла девојката откако нејзината пријателка случајот го пријавила на персоналот на хотелот. Девојката не сакала да покрене тужба против двајцата мажи.

Инцидентот се случил една година пред полусестрата на Сталоне, Тони Ен, да го обвини актерот за силување. Тврдела дека Сталоне сексуално ја злоупотребувал со години. Сталоне на полусестрата ѝ исплатил 2 милиони долари и се обврзал да ѝ уплаќа 16.000 долари месечно до крајот на нејзиниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Невреме проследено со обилни врнежи во Словенија

Невреме проследено со обилни врнежи го зафати југозападниот дел на Словенија, при што поројни поплави ги поплавија станбените, земјоделските, училишните и другите објекти, а излеаните водотеци ги поплавија патиштата.

Невреме проследено со обилни врнежи во Словенија

Невреме го зафати подрачјето меѓу регионот Крас и ридестиот предел Идрија-Церкно. Според извештајот на оперативниот центар за итни случаи, пожарникарите испумпувале вода од објекти, спасувале луѓе заглавени во возила, ги штителе загрозените локации со вреќи со песок и расчистувале наноси од одрони.

Патиштата во општините Комен и Ајдовшчина станале непроодни поради одрони од камења и свлечишта, пренесува Срна.

Најголем број инциденти – 38 – се регистрирани на подрачјето што го покрива Регионалниот оперативен центар во Нова Горица, а по него следи подрачјето на Регионалниот оперативен центар во Постојна, каде што се случиле 17 инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!

Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња волшебникот Лионел Меси, пред два дена се прости од аргентинската репрезентација на натпреварот против Бенин и со тоа заокружи една фантастична фудбалска приказна.

Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!

Сепак, Лионел Меси нема намера да застане кога станува збор за клупскиот фудбал, а пристигна и една многу интересна понуда.

Меси има освоено бројни натпреварувања во светскиот фудбал, но никогаш не настапил во Копа Либертадорес.

„Мислам дека му преостанува уште да заигра во Копа Либертадорес, па затоа го прашувам дали би го прифатил овој предизвик“, изјави претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), Алехандро Домингез.

Иако фудбалерот на Интер Мајами сè уште не размислувал за оваа одлука, навистина не би било чудно да го видиме во ова натпреварување.

Меси практично освои сè што можеше да се освои, а евентуалното освојување на уште еден трофеј во неговата богата кариера би претставувало вистинска круна на неговите достигнувања.

На 39-годишна возраст, Меси веќе зад себе има осум „Златни топки“, шест „Златни копачки“, четири титули во Лигата на шампионите, десет титули во Шпанија, две титули на Копа Америка, трофејот од Финалисима и Светското првенство во 2022 година, како и бројни други признанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Доделена е Нобеловата награда за мир 2026. (ВИДЕО)

Добитничка на Нобеловата награда за мир за 2026 година е Наванетен Пилај.

Доделена е Нобеловата награда за мир 2026. (ВИДЕО)

Пилај е јужноафриканска адвокатка и судијка, позната по својата долгогодишна работа во заштитата на човековите права и меѓународната правда.

Таа ја доби наградата за нејзините напори во промовирањето на мирот и меѓународното право.

Гледајте ја церемонијата на доделување на Нобеловата награда за мир во живо:

За потсетување, Норвешкиот Нобелов комитет доби номинации за 287 кандидати, од кои нешто повеќе од една четвртина се организации, објави претходно АП.

YouTube video

Како што објавува Тајм, 208 кандидати се поединци, а 79 се организации.

Овогодинешната церемонија на доделување на наградите ја одбележува 125-годишнината од Нобеловата награда за мир, која е доделена на 112 поединци и 28 организации од 1901 година.

Црвениот крст е награден три пати, а Агенцијата на ОН за бегалци двапати. Меѓу индивидуалните добитници беа 20 жени, од кои осум беа наградени во последните 15 години.

Минатогодишната добитничка беше лидерката на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, која беше наградена за нејзината борба за демократска транзиција во Венецуела. Подоцна таа му ја додели Нобеловата награда на Трамп, но Нобеловиот комитет рече дека самата награда не може да му се додели на друго лице.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер