Шокантна вест: Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос, стигнале лоши резултати од магнента резонанца - Канал 5

Шокантна вест: Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос, стигнале лоши резултати од магнента резонанца

Новак Ѓоковиќ ги дозна резултатите од магнетната резонанца на коленото, кое го повреди на мечот со Франциско Серундола во осминафиналето на Ролан Гарос.

Шокантна вест: Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос, стигнале лоши резултати од магнента резонанца

Новак утре во четвртфиналето ќе требаше да игра против Каспер Руд, што всушност е реприза на минатогодишното финале на Ролан Гарос, кога Новак славеше и стигна до својот трет Ролан Гарос, објави Телеграф.

Информацијата ја објави Ролан Гарос...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ферен Торес на пат за Париз!?

Шпанскиот шампион Барселона го продава херојот од Светското првенство.

Ферен Торес на пат за Париз!?

Шпанскиот фудбалски репрезенативец,асот на Барселона Феран Торес е сè поблиску до редовите на европскиот првак ПСЖ.

Феран Торес ги договорил личните услови со Пари Сен Жермен и сака да ја продолжи кариерата кај францускиот шампион.

„Л'Екип“ пренесува дека шпанскиот репрезентативец постигнал договор со ПСЖ за петгодишен договор, додека преговорите со Барселона сè уште се во тек.

„Марка“ наведува дека клубовите се блиску до конечен договор и дека се очекува Барселона да добие околу 50 милиони евра.

Во моментов се финализираат износот на трансферот и бонусите. Инаку, извонредниот Торес беше херој на последното Светско првенство, постигнувајќи гол во финалето со кој Шпанија стигна до светската круна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првите два месеци од летото во западна Европа најжешки досега

Првите два месеци од летото во западна Европа беа најжешките досега, соопшти Климатскиот мониторинг на Европската унија,  континентот се бори со катастрофални пожари и се подготвува за уште еден топлотен бран.

Првите два месеци од летото во западна Европа најжешки досега

Просечната температура за јуни и јули беше 21,62 степени целзиусови, околу 2,79 степени над просекот и го надмина претходниот рекорд за топлина поставен во 2022 година, соопшти службата за климатски промени „Коперник“.

Јули беше исто така најжешкиот месец некогаш регистриран за океаните со рекордно високи температури по должината на Атлантикот и западниот Медитеран, ставајќи го во опасност морскиот живот и крајбрежните заедници. Условите беа делумно поттикнати од таканаречениот „супер“ временски модел Ел Нињо што се развиваше во Пацификот.

Континентот е погоден од низа смртоносни топлотни бранови, а за оваа недела се прогнозираат уште повисоки температури. Топлината уби повеќе од 25.000 луѓе низ Европа оваа година, според податоците од Блумберг..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Погрешено македонското знаме – нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски

На официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме.

СДСМ: Погрешено македонското знаме – нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски

Срамно и понижувачки.

Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба.

Тендер патриотите го покажаа своето лице. Повторно.

Го погрешија македонското знаме.

Тие знаат само за тендери, проценти, провизии, кога е државноста во прашањето, македонските национални симболи, тогаш појма немаат.

За тендери и провизии од милионски бизниси – тие се експерти.

За македонско знаме – аматери.

Неспособни се македонското државно знаме да го направат како треба.

Владата сега да излезе пред граѓаните и да каже:

Која компанија била ангажирана?

Кој бил задолжен за сценографијата и визуелниот идентитет?

Колку пари се потрошени?

Кој ќе понесе одговорност за ваквото понижување на македонскиот државен симбол?

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер