Шокантна снимка од докторот на Марадона: Објави дека е мртов - Канал 5

Шокантна снимка од докторот на Марадона: Објави дека е мртов

Смртта на Диего Марадона останува една од главните теми во Аргентина, а неврохирургот Леополдо Луке и психијатарката Августина Косачов се под истрага.

Шокантна снимка од докторот на Марадона: Објави дека е мртов

Тие се товарат за начинот на кој се однесувале со Марадона во последните денови од неговиот живот, а истражителите се обидуваат да утврдат дали нивните постапки предизвикале смрт на фудбалската легенда.

Аргентинскиот Инфобае објави ексклузивна приказна за настаните во последните минути од животот на Марадона. Во тие моменти, обвинетите лекари разменувале пораки за тоа што се случувало.

"Не грижи се, јас сум на автопат, велиш дека изгледа мртов? Објавувај дека е мртов. Барио Сан Андрес, мора да го сториш ова, ја знаеш улицата што ја користиме ? Оди по неа во Италија и ќе стигнете до Санта Марија де Тигре. “, им порача Луке на колегите во видеото објавено од Инфобае.

Многумина биле изненадени од неговиот мирен глас додека разговарал со колегите во време кога умирала најголемата спортска легенда во аргентинската историја.

"Да, шупак, се чини дека има срцев удар и дебелиот оди во пеколот. Немаме идеја што по ѓаволите направил, јас сум на пат, доаѓам", вели Луке.

Во меѓувреме, Агустина Косачов му испратила на Луке текстуални и гласовни пораки за тоа како нацијата реагирала на смртта на Марадона и што се зборувало во медиумите.

"Во моментот тој е со тимот во собата за итни случаи, тие го оживуваат, но немаат големи шанси. Брзата помош доцнеше десет или петнаесет минути", напишала Косачов.

"Влеговме во собата и Диего беше ладен, многу ладен. Се обидовме да го оживееме и да му ја покачиме температурата, но не успеавме. Ја напуштив просторијата, не ми кажуваат ништо, па затоа заминав", вели Луке по напуштањето на куќата на Марадона, додавајќи:

"Тоа е тоа. Августин, тоа беше она што моравме да го направиме. Семејството беше свесно за сè, разговаравме. Некои пациенти се многу тешки. Само кажи ми каде ќе одат за да ги следам во случај ако преживее".

Снимањето тука е прекинато, а набргу после тоа, официјално било објавено дека Марадона починал.

Треба да се напомене дека снимката не е целосно јасна бидејќи во еден момент велат дека тој е мртов, а само неколку секунди подоцна тврдат дека е жив, но нејзината автентичност е потврдена од аргентинските медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Од денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.

Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства.

Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија - Посилни партнерства за нови можности за Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Н.Е. Кристоф Сомер, во духот на пријателството, меѓусебната почит и отвореноста за соработка.

Ѓорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија - Посилни партнерства за нови можности за Скопје

- Како градоначалник, мојата определба е да создаваме партнерства што ќе придонесат за развојот на Скопје и за поквалитетен живот на нашите сограѓани. Швајцарските искуства во локалното управување, заштитата на животната средина и унапредувањето на јавните услуги се значајна можност за размена на знаења и добри практики. Верувам дека преку отворен дијалог и заеднички иницијативи можеме да создадеме основа за соработка со конкретни придобивки за нашиот град. Скопје заслужува да се развива, да учи од најдобрите и да отвора нови можности за своите граѓани - рече на средбата градоначалникот Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски му изрази благодарност на амбасадорот Сомер за посетата и за срдечниот разговор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави поинаква Украина: „По војната, таа нема да биде иста како порано“

Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгледа „малку поинаку“ по завршувањето на војната со Русија.

Трамп најави поинаква Украина: „По војната, таа нема да биде иста како порано“

Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгледа „малку поинаку“ по завршувањето на војната со Русија, додавајќи дека верува оти Вашингтон е блиску до постигнување мировен договор.

Трамп го изјави ова во интервју за емисијата „60 минути“ на телевизијата CBS, во пресрет на трилатералните разговори меѓу претставници на Соединетите Држави, Украина и Русија, закажани за 10 и 11 ноември во Абу Даби.

„Мислам дека ќе го постигнеме тоа, мислам дека тоа ќе се случи, и на крајот ќе добијат Украина која ќе изгледа малку поинаку“, му рече Трамп на новинарот Рос Даутат, додека разговараа за изгледите за завршување на руската инвазија врз Украина.

Оваа изјава на американскиот претседател го отвора прашањето за можни територијални промени како дел од евентуален мировен договор.

Сепак, Трамп не појасни кои делови од украинската територија би можеле да бидат опфатени со таквите промени. Американскиот претседател повтори дека очекува војната наскоро да заврши, напоменувајќи дека се подготвува важна средба.

„Се одвива една многу важна средба. Верувам дека оваа војна ќе заврши, и тоа наскоро. А единствената причина поради која ќе заврши, сум јас“, рече Трамп.

Тој ја посочи нетрпеливоста меѓу претседателите на Украина и Русија – Володимир Зеленски и Владимир Путин – како најголема пречка за постигнување мировен договор.

Кога еден новинар забележа дека чувствата на Зеленски кон рускиот претседател се разбирливи, со оглед на тоа што Русија ја нападна Украина, Трамп не даде директен одговор.

„Кога Путин и Зеленски ја имаа својата прва средба, беше покажано големо непочитување кон Русија. Затоа нема да кажам ништо“, изјави американскиот претседател.

На прашањето кому му верува повеќе – на Путин или на Зеленски – Трамп избегна да заземе страна.

„Би претпочитал да не кажам, но добро се согласувам со двајцата“, рече тој, додавајќи дека не верува оти рускиот претседател намерно го доведува во заблуда за време на преговорите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер