Шок во ПСЖ: Нејмар нема да игра до крајот на сезоната, оди на операција - Канал 5

Шок во ПСЖ: Нејмар нема да игра до крајот на сезоната, оди на операција

Шок за тимот од Паркот на Принцовите. Поради тешка повреда, сезоната е завршена за бразилската ѕвезда Нејмар.

Шок во ПСЖ: Нејмар нема да игра до крајот на сезоната, оди на операција

Нејмар го повреди скочниот зглоб пред две недели на дербито од француското првенство против Лил, па го напушти теренот на носилки и оттогаш клубот е загрижен дали Бразилецот ќе се опорави за реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Баерн. . Особено затоа што шампионот на Франција го загуби првиот натпревар на домашен терен (0:1) од шампионот на Германија.

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, немаше добри вести на денешната прес-конференција. Запрашан дали Нејмар ќе биде подготвен за реваншот во Минхен во среда, тој одговори: „Не, мислам дека нема да биде таму“. На крајот се покажа дека Нејмар ќе го нема до крајот на сезоната. По дополнителните тестови, ПСЖ и Нејмар одлучија дека е најдобро тој да оди на операција, а опоравувањето ќе трае три до четири месеци, што значи дека оваа сезона за Нејмар е завршена.

„Во неколку наврати во последните години, десниот зглоб на Нејмар се покажа како нестабилен. По последното истегнување на 20 февруари, медицинскиот персонал на ПСЖ препорача операција за поправка на лигаментите и спречување на поголем ризик од повторна повреда. Сите прашани експерти го потврдија тоа. Операцијата ќе биде извршена во наредните денови во Доха, а се очекува одмор од три до четири месеци пред неговото враќање на тренинзите“, велат од ПСЖ. Нејмар постигна 18 и намести 17 гола на 29 натпревари за ПСЖ оваа сезона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Денеска продолжува рочиштето  за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали.

Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра.

Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра.

На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката.

Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер