Владата е загрижена бидејќи бројот на новозаболени и на хоспитализирани расте од крајот на минатата година.
Според универзитетската болница „Џонс Хопкинс“Словачка има 222.752 заразени и 3.417 починати од ковид-19.
Вчера во болниците во Словачка имало 3.055 пациенти со ковид-19, што е забавено откако владата воведе делумно затворање, според Ројтерс.
„Сакаме да ги тестираме луѓето, да ги изолираме оние кои го шират вирусот, нивните контакти и со тоа да ја намалиме инфекцијата за 50 проценти“, изјави Крајчи.
Доколку тестот биде успешен, Словачка може да олесни некои епидемиолошки мерки на почетокот на февруари, рече Крајчи.
Системот за предупредување covid-19 во Словачка има шест нивоа обележани во боја и сега е во сила црната боја, што укажува на највисоко ниво на предупредување.
Словачка тестира 3,6 од вкупно 5,5 милиони Словаци во првиот круг на масовно тестирање на 31 октомври и 1 ноември, а вториот круг, закажан за почетокот на декември, беше одложен поради отпор и логистички тешкотии.
Учеството во масовното тестирање беше доброволно, но секој што не можел да даде негативен резултат од тестот, не смеел две недели да оди на работа.