Николоски: Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начини
2Николоски: Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начини
3Сиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува Русо
2Најбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра
ФудбалШмајхел најави можен крај на кариерата поради тешка повредаГолманот на Селтик и дански репрезентативец Каспер Шмајхел, најави денеска дека постои можност да ја заврши кариерата поради тешката повреда на рамото за која ќе бидат потребни две операции и долго закрепнување.Триесетидеветгодишниот дански голман објави дека ја добил дијагнозата по денешниот специјалистички преглед, откако минатиот месец ја обнови долгогодишната повреда на левото рамо на дуелот против Штутгарт во Лига на Европа. „Ова е тежок удар. Ги скинав бицепсот, ротаторната манжетна, го изместив рамото, го оштетив лабрумот, практично сè е оштетено. Закрепнувањето ќе трае помеѓу 10 и 12 месеци“, изјави Шмајхел за CBS Sport. Тој додаде дека му е тешко да ја прифати можноста дека веќе го одиграл последниот натпревар во својата кариера. „Фудбалер сум откако знам за себе и помислата дека ова може да биде крајот е разорна. Многу ми е тешко да го разберам тоа сега“, рече искусниот голман. Шмајхел, кој нема да биде во составот на Данска за претстојниот плејоф натпревар против Македонија, на 26 март во Копенхаген за пласман на Светското првенство, објави дека операцијата ќе биде извршена в петок, најавувајќи оти нема да се откаже од враќање на теренот.Тагови: Шмајхел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
СветСи отстапи од протоколот поради Трамп – лично го пречека на аеродромот (ВИДЕО)Кинескиот претседател Си Џинпинг лично го пречека американскиот претседател Доналд Трамп на аеродромот во Шенжен, по повод неговото пристигнување на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC).Со овој гест, Си отстапи од вообичаената практика. Откако стана шеф на државата, Си никогаш претходно нема пречекано американски претседател на аеродром. Во Кина, каде што протоколот се сфаќа исклучително сериозно, појавувањето на Си на пистата претставува јасен сигнал за важноста што Пекинг им ја придава на односите со Соединетите Држави. Trump arrives in China, where he is personally welcomed by Xi Jinping. https://t.co/bTt8haeSMl — Clash Report (@clashreport) November 18, 2026 Според кинескиот дипломатски протокол во последните години, шефот на државата вообичаено не ги пречекува гостите при нивното пристигнување на аеродромот. За споредба, рускиот претседател Владимир Путин, кој пристигна во Шенжен претходно денес, беше пречекан од Цаи Ќи, шефот на кабинетот на Си – што, само по себе, се сметаше за невообичаено високо ниво на почест. Xi Jinping once again holds a welcoming ceremony for Trump as he arrives in China. https://t.co/yntHotnlWv — Clash Report (@clashreport) November 18, 2026 Овој потег уследи по настанот од претходно оваа година, кога Трамп лично го пречека Си при неговото пристигнување во воената база „Џоинт бејс Ендрјус“ во Соединетите Држави.Тагови: Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
ТенисРафаел Надал предлага револуционерни промени во тенисотРафаел Надал предлага револуционерни промени во тенисот, не можев да го кажам тоа кога играв, но сега можам. .Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал смета дека е време за темелна реформа на системот на АТП-бодови – промена која би им овозможила на играчите повеќе време за одмор и за закрепнување од повреди. Во интервју за „Асошиејтед прес“, освојувачот на 22 гренд слем титули зборуваше за сè понапорниот тениски календар, физичкиот товар врз играчите и проблемите што произлегуваат од сегашниот систем на рангирање. Неговиот предлог е прилично радикален: наместо бодовите да се пресметуваат врз основа на резултатите постигнати во претходните 12 месеци – како што е случајот сега – АТП-рангирањето би требало да ги опфаќа резултатите од последните две години. Според Надал, сегашниот систем создава дополнителен притисок врз тенисерите, бидејќи тие се обврзани да ги бранат поените освоени во текот на претходната сезона. Како резултат на тоа, играчите често се враќаат на теренот пред целосно да заздрават, плашејќи се од значителен пад на ранг-листата. „Систем за рангирање заснован на резултатите од последните две години, наместо само од една, би им дал на играчите поголема слобода за носење подобри одлуки. Исто така, доколку дојде до повреда, би имале повеќе време за закрепнување, без притоа нивната позиција на ранг-листата толку нагло да опаѓа“, објасни Надал. Шпанецот смета дека една таква промена би им помогнала на тенисерите подобро да ги планираат своите сезони и да избираат турнири, без постојано да чувствуваат обврска да настапуваат само за да ги заштитат своите поени. Поранешниот светски број еден, исто така, ја критикуваше одлуката повеќето турнири од серијата „Мастерс 1000“ да се продолжат на речиси две недели. Седум од деветте турнири во оваа категорија сега траат 12 дена, додека Монте Карло и Париз го задржаа својот традиционален еднонеделен формат. „Мислам дека продолжувањето на речиси сите турнири од серијата ’Мастерс 1000‘ на две недели беше грешка“, заклучи Надал. Неговите предлози повторно ја разгореа дебатата за тоа како да се најде рамнотежа помеѓу комерцијалниот развој на тенисот, сè понапорниот календар и здравјето на тенисерите. Сепак, засега, ова остануваат само предлози на Надал, а не најавени промени во правилата на АТП.Тагови: Рафаел Надал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
МакедонијаНиколоски: Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начиниСе размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши со современи технолошки начини, ова утринава го соопшти министерот за транспорт Александар Николоски.Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши со современи технолошки начини, ова утринава го соопшти министерот за транспорт Александар Николоски кој рече дека вчера се сретнал со новиот претседател на европската транспортна заедница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook