Шкода Октавија има нова изведба, продажбата почнува наесен (ФОТО) - Канал 5

Шкода Октавија има нова изведба, продажбата почнува наесен (ФОТО)

Има се повеќе и повеќе кросовери што го засноваат својот авантуристички дух само врз дизајнот. И Октавија оди во таа насока.

Шкода Октавија има нова изведба, продажбата почнува наесен (ФОТО)

Шкода ја претстави новата верзија на Октавија. Станува збор за познатото име Scout, кое до сега најмногу го сакаа оние со авантуристички дух со честа потреба да се симнат од асфалтот. Сега ќе треба да бидат внимателни затоа што Scout повеќе не е синоним за изведба на 4х4, но Октавија останува на т.н. погон на предните тркала со опција за погон на сите тркала во помоќните верзии.

Во пакетот е вклучен и Tough Road, што вклучува заштита на подот. Исто така, добро е што погонот на сите тркала останува опција, како и тоа што опсегот на моторот ја вклучува 2.0 TDI Evo генерацијата, сега со 200 КС и 400 Nm. Послабата изведба со дизел дава 150 КС, а понудата ја заокружува 2.0 TSI со 190 КС и стандарден AWD погон.

Ако погонот на предните тркала е доволен, клиентите можат да изберат 1,5 TSI бензинец со 150 КС, како и 2.0 TDI со 115 КС. Во овој случај, има шестстепен мануелен менувач, додека во помоќните верзии DSG , менувачот со седум брзини е императив.

Октавија Scout добива поцврст изглед со стандардните 18-инчни тркала и LED светла за магла, како и детали на каросеријата во сребрена завршница. Се разбира, вклучена е и пластична заштита. Внатрешниот дизајн нуди некои посебни карактеристики, но не отстапува значително од стандардниот дизајн.

Повеќе информации за нмовиот модел на Škoda ќе бидат објавени во јули, додека продажбата и првите испораки ќе започнат наесен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски во Белград: Соработка со референтните институции во Србија и зајакнување на капацитетите дома

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска, беше во работна посета на Белград. Таму оствари средба со министерот за здравство на Република Србија, д-р Златибор Лончар и го посети Универзитетскиот клинички центар на Србија (УКЦС).

Клековски во Белград: Соработка со референтните институции во Србија и зајакнување на капацитетите дома

На почеток на средбата со министерот Лончар, Клековски се заблагодари за помошта што Србија ја пружи од првите часови по трагедијата во Кочани. Двајцата министри разговараа за натамошното лекување на повредените од Кочани во српските здравствени установи, според претходната иницијатива.

Во фокусот на средбата беше соработката со референтните институции во Србија за високоспецијализирана здравствена заштита и зајакнувањето на капацитетите во Македонија, преку:

упатување на лекување и високоспецијализирана помош за сложени состојби;

второ мислење и стручни консултации со заеднички стручни тимови за сложени случаи;

партнерства меѓу референтните центри во Србија и клиниките во Македонија — практична обука, стручни престои и менторство на клиничките тимови.

Министрите разговараа и за дигитализацијата и интероперабилноста на здравствените информациски системи, со интеграција на податоците од јавниот и приватниот сектор. Србија го користи и системот „Мој термин“, кој е развиен во Македонија.

Во Универзитетскиот клинички центар на Србија, најголемата здравствена установа во Србија, министерот Клековски се сретна со в.д. директорката, проф. д-р Јелена Друловиќ.

На средбата стана збор за можностите за соработка меѓу УКЦС и универзитетските клиники во Скопје, за упатување на пациенти со сложени состојби, заеднички стручни консултации и стручни престои за македонските клинички тимови. Разговараа и за организациски прашања, а потоа ја посетија Клиниката за неврологија, со фокус на згрижување на лицата со мозочни удари и Центарот за мултипла склероза.

„Целта не е нашите пациенти да патуваат подалеку, туку знаењето да дојде поблиску. Тоа што денес за сложените случаи го бараме надвор, со заеднички тимови, обуки и менторство утре треба да го имаме дома“, изјави министерот Клековски.

Министерот Клековски во текот на посетата беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Србија, Никола Тупанчевски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски сенатори од двете партии побараа од Трамп да се откаже од незаконскиот договор за увоз на руски дизел

„Конгресот експлицитно го забрани увозот на руски енергенси во 2022 година за да спречи американските долари да ја финансираат бруталната војна на Путин против Украина“, се вели во соопштението на седумтемина сенатори, од кои четворица републиканци.

Американски сенатори од двете партии побараа од Трамп да се откаже од незаконскиот договор за увоз на руски дизел

Објавата на Трамп доаѓа само два дена откако најави дека се договори со Путин за увоз на руски дизел, но на ова се спротивуваат и републикански и демократски сенатори кои да се откаже од договорот, наведувајќи дека тој е спротивен на американскиот закон со кој се забранува увоз на енергенси од Русија сè додека не ја прекине агресијата врз Украина.

„Конгресот експлицитно го забрани увозот на руски енергенси во 2022 година за да спречи американските долари да ја финансираат бруталната војна на Путин против Украина“, се вели во соопштението на седумтемина сенатори, од кои четворица републиканци.

Тие посочија дека владата не се консултирала со Конгресот и не доставила објаснување за својата одлука, обврска што исто така е предвидена со закон.

Трамп во петокот објави дека русија се согласила да испорачува дизел на светските пазари, а неговата администрација привремено ги укина американските санкции за руското гориво. Цените на дизелот се блиску до рекордно високи нивоа, што би можело да им наштети на републиканците на меѓуизборите во САД следниот месец.

Според Трамп, Путин се согласил веднаш да ослободи 300.000 тони дизел за американскиот и глобалниот пазар, по што би следела испорака на 500.000 тони во ноември и уште еден милион тони потоа. Володимир Зеленски остро го критикуваше договорот и го опиша како подарок за путин и инвестиција во неговата војна против украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјите членки на ЕУ неделава ќе го разгледуваат предлогот на Европската комисија за реформи на процесот на проширување

Во четврток и петок во Европскиот совет ќе се дебатира за предлогот за воведување квалификувано мнозинство наместо едногласност при одлучувањето во текот на пристапните преговори за земјите кандидатки. 

Земјите членки на ЕУ неделава ќе го разгледуваат предлогот на Европската комисија за реформи на процесот на проширување

Во пресрет на систанокот еврокомесарката за поршпирување Марта Кос порача дека проширувањето ќе биде можно само за земјите кои ја имаат усогалсено безбедносната политика со Унијата.

„Безбедноста станува се поважна за ЕУ и станува се поважна за процесот на проширување. Не можеме да си дозволиме да примиме нови земји членки кои нема да ја зголемат нашата безбедност, затоа стратешкиот правец станува се поважен. Минатата недела кога ги представивме резултатите од предпристапниот извештај, јасно кажавме дека само кандидатите коишто се во стратешка линија со нас, ќе можат да ни се приклучат“– Марта Кос, еврокомесарка за проширување.

Иако идеја за промена во начинот на одлучување од консенсус во квалификувно мнозинство потекнува од Унијата, дел од аналитичарите не се оптимисти дека предлог ќе помине.

Додека се чека конечната одлука на Европскиот совет за замена на едночасноста со квалификувано мнозинство, за пристапувањето на Западен балкан кон Унијата ќе се разговара и на Самитот ЕУ-Западен балкан кој ќе се одржи кон крајот на ноември во Брисел, на кој ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски кој претходно ќе оствари средба и со еврокомесакраката за порширување Марта Кос. Дали дотогаш ќе има уште една средба со бугарската страна, Мицкоски не прецизираше, но порача дека надминување на блокадата е можно само преку дијалог и прилижување на ставовите меѓу двете земји. Според аналитичарите добор е што дијалогот ќе продолжи, но се скептични дека само преку разговори може да се дојде до решение.

Идната недела премеирот Мицкоски ќе биде дел и од Берлинскиот процес кој ќе се одржи во Црна Гора, која пак денеска затвора три преговарачки поглавја со Европската Унија, наместо претходно најавените две. Според тамошните власти ова дополнително ја приближува Црна Гора до целта да стане членка на Унијата до 2028 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер