19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска
219 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска
АвтомобилизамШкода го откажува еден од најпопуларните модели?Очигледно, Фолксваген Поло нема да биде единствениот модел на германската групација кој плаќа данок на воведувањето на нормата Еуро 7.Сегашната генерација на Шкода Фабиа е на сцената од 2021 година, но овој пат понудата не е проширена на попрактична караван верзија, ниту пак ќе се случи. Според сегашните информации, приказната би можела да оди во сосема поинаква насока кога станува збор за самата Фабиа. Кога станува збор за тоа мрачно сценарио, тоа е веќе видено во случајот на Фолксваген, кој е се поблиску до прекин на моделот Поло. Шефот на Шкода, Клаус Селмер, во неодамнешното интервју за Аутокар изјави дека приспособувањето на стандардите Еуро 7 ќе ја направи Фабиа прескапа и луѓето повеќе нема да ја купуваат. Затоа, доколку помине регулативата Еуро 7, нема да може да се одржи присуство во Б сегментот, барем не во однос на компактите со пристапни цени, вели Целмер. Потсетуваме, истата приказна неодамна пристигна и од Фолксваген, во врска со моделот Поло. Тогаш се зборуваше дека воведувањето построги стандарди автоматски ќе значи и поскапување на овој автомобил за 5.000 евра. Сепак, пресметките на Европската комисија велат дека се работи за многу помало поскапување од околу 300 евра. Некој очигледно не ја кажува вистината. Ако се земе предвид дека Ауди веќе одлучи да го откаже моделот А1, излегува дека единствениот од германската групација кој би можел да остане во тој сегмент е Сеат Ибица. Но и овде веројатно се работи за „одржување во живот“ уште неколку месеци. Наскоро, најевтиниот модел во гамата на Фолксваген би можел да биде електричниот „ID.2“ и неговите сродни близнаци од други марки. Во тој случај станува збор за почетна цена од 25.000 евра. Фабиа моментално стартува во Германија по цена од околу 18.000 евра, Ибица од околу 16.500 евра, а Поло од 19.500 евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаШто се случувало во Ново Село пред два дена при посетата на премиерот Мицкоски? Што се случувало во Ново Село пред два дена при посетата на премиерот Мицкоски? Од СДСМ и денеска бараат одговори од институциите со тврдење дека нивни млади активисти биле нападнати, наводно со цел да се замолчат бидејќи носеле транспарент дека нема одговорност за случувањата во Гостивар. Велат дека напаѓачите биле поврзани со владејачката партија, а меѓу нив бил и возач на градоначалник. -Бараме од Министерството за внатрешни работи и од Обвинителството - веднаш. Не утре. Не за една недела. Веднаш да ги идентификуваат сите учесници во нападот и да ги приведат. Да се утврди и кој го дал налогот за нападот врз младите. Затоа што ова не беше спонтано. Ова беше организирано,- Трајче Стојчевски – претседател на СДММ. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека СДСМ таму пратила осудени насилници за да создадат инциденти додека се одржува настанот. На прес конференција прикажаа видеа и документи од кривични пријави од претходни настани кадешто, според нив, учествувале токму лицата кои вчера стоеа до Филипче на прес конфенрецијата во Ново Село. „Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за кривично дело поседување на дрога и наркотични средства по член 215 од Кривичниот законик. Вистината е дека Венко Филипче со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги сакаше да предизвика инцидент во Ново Село, за да настрадаат недолжни луѓе и граѓани. Исто како што пушташе насилници и провокатори во Ташмаруништа. Валентин Манасиевски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Од МВР за Канал 5 велат дека за овој настан до нив воопшто нема пристигнато пријава ниту од партијата, ниту од засегнатите. Освен за Ново Село, партиите претходно се обвинуваа и за случај во Ташмаруништа за време на чествувањето на Илинден кога возрасен маж ја навредувал делегацијата предводена од премиерот.. За тамошниот настан имаше институционална разврска- поднесена е кривична пријава против 52 годишно лице од Струга за кривично дело насилство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
ЗдравјеВкупно 16 лица во моментов се хоспитализирани на Инфективната клиника со симптоми на западен нилНајголем број од пациентите кои со воспаление на мозокот беа примени на Инфективната клиника во текот на минатата недела сега и официјално се потврдени на „западен нил“,.Најголем број од пациентите кои со воспаление на мозокот беа примени на Инфективната клиника во текот на минатата недела сега и официјално се потврдени на „западен нил“, што значи дека вирусот го добиле по убод од комарец и развиле тешка форма на болеста. Директорот на Клиниката, инфектологот д-р Фадил Цана, вели дека во моментот се хоспитализирани вкупно 16 пациенти кои клинички имаат невроинвазивна форма на инфекцијата „западен нил“, сите се над 60 годишна возраст со живеалиште во Скопје и имаат и други хронични состојби. Д-р Цана потврдува дека за жал нема подобрување кај тројцата пациенти кои беа ставени на респиратор. Поради локалното присуство на вирусот, алармирани се и матичните лекари кои апелираат - при појава на симптоми како што се висока температура, треска, зашеметеност и конфузност веднаш да се јават на лекар. Иако само мал процент може да имаат тешка форма на болеста, не се исклучува можноста таа да се јави и кај деца, па затоа педијатрите советуваат, дека најмалите треба највеќе да бидат заштитени. Вирусот Западен Нил не го пренесува само тигрестиот комарец, а во Македонија главен преносител е обичниот домашен комарец, кој се заразува од инфицирани диви птици, а потоа со убод може да го пренесе вирусот на човек. Затоа препораките се освен сите да користат спрејеви или лосиони за заштита од убоди, да не се чува застоена вода во дворовите, а да се носи облека на долги ракави и мрежи за заштита во количните за најмалите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска19 годишник на мотоцикл загинал претпладнето на улица Радишанска во Скопје, при судир со автомобил алфа ромео со италијански регистраски таблички. Возачот на мотоциклот починал на лице местоо. Повеќе детали за оваа несреќа има Мирјана Мирчевска Јовановиќ. Мими кога точно се случила сообрачајката и има ли повеќе детали како дошло до неа? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04